Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека @Sussaro ќе се насмевне „под мустаќ“ додека го чита ова, ама нека оди една од мене, јас частам!

Еден лик ѝ доаѓа на една пријателка секој втор ден со цвеќе. Седи пред работа како обезбедување на доби чека да ѝ заврши смената за да ја носи дома.
А симпатичен дечко...

Ја прашувам зошто не го сака, и почна:
„Глуп е, наивен е, бившата го дере за децата, овој работи на црно и си ќути, нема амбиција, нема просперитет, нема ова, нема она...“
И тамам мислам дека заврши, на крај ми вика:
„И мал му е.“
Сѐ ми беше јасно.

Пред некој ден гледам ставила слика со него на стори:
„Брат мој, среќен роденден.“
Ѝ пишав:
„Братот умира по малку секој пат кога ќе го прочита ова.“

Минута молк за братот.
 
Машкиот еквивалент на кеширање коj го употребив баш скоро, е кога некои динамики сакаат да преминат во нешто друго, па само кажуваш: "абе гледам сингл си некое време, имам другар за местење, ако сакаш може да излеземе заедно некогаш". Инстант оладување, цел месец ја немаше откако кажа ќе размислела. А и да прифатат, полесно се излегува од таква ситуација, споредено со некои други. Ако пријателката на Агда која имa куче што ја чека пред врата на работа за да ја испрати до дома сејфли го проба тоа, ќе дознае дека ликот е сепак на крајот на денот само куче и ќе се согласи да го стави малиот во другарка ѝ. Ја следи оти ја пробал, се додека не проба друга. Kуче лесно се тренира.

Cheers to all my dogs. :ајнапиво:
 
Драа

Цела Македонија вика кујна, само прилепчани кујња.

Значи зашто?
Зашто, браќа мои првопушкарски, зашто!?!?!?
 
Добро бе, ќе отидеш на пијачка ќе оставиш деца на баба дедо да дојдат да ги чуваат на 3 саата. Абе корне на кромид цел стан. Кога побрзо бе? И зашто? Како у 10 вечер ти се јаде кромид!?!? Абе не е хумано очи печат. Стариот не со паста, со варикина нека си ја пере устата вечер. Ви останал од ручек и да не се фрли… Не не, таман работа, изеди го ко јабука и заспиј на кауч со подотворена уста таман да попримат ѕидовите и да угинеме ние после.
 
Нема поголем пролив од така наречените рокери кои серат на помладите генерации дека не слушале рок (квалитетна музика демек). Ок бумер, те бара 80та назад.

Најтрагично од се е што истиве комплекси ги пренесуваат на помлади, па имаме и 25 годишни бумери со истиот став, што не слушнале никаква музика од нивно време. Па така да изгубив надеж дека ваквите фекалии ќе ги снема со тек на генерации.

Можда е анегдотално, но мислам дека нема поголема напуваност и претенциозност ниедна подкултура во просек како таа на рокот. А сум се движел и со љубители на електронска музика, рап, српско и ретко сум го приметувал овој феномен кај нив.

За разлика од другите уметности, за да уживаш во музика, не треба многу да ја разбираш или цениш како уметност, па следствено најголем дел од популацијата слуша музика за забава и не ја интересира уметничкиот дел во неа и слични детали, што е ОК. Не се сите ентузијасти за литература, гејминг, автомобили, whatever. Остајте ги луѓето да си уживаат во тоа што сакаат.
 
Случајно налетав на
топ страна за промоција на туризмот низ најголемите и главните градови низ светот. Буквално има перспективи каде што некој локалец возел кола, велосипед и како пешак, снимал со некаква најверојатно 360 камера, видеата се земани од Јутјуб канали на локалци . Меѓу друго има и од Скопје. Главно репетитивни секвенци од најурбаните делови на Центар и слично.
Е сега забалежав многу језив easter egg. Само што уклучив пешак mode, како што поминува по должина на Кузман Јосифовски Питу, кон Железничка, пред куќата која што беше седиште на Десна, може да се забележи како Палчо го командува неговиот измеќар Кешишев да растовара нешто од кола. Точно 22-ра минута во видеото:


Видеото е од 1-ви октомври 2023, така да околку два месеци пред грабнувањето. :(

Многу језив детаљ, можам само да замислам што се може да се фати случајно на камера вака во Скопје.
 
Циган не е циган ако не те украде на 25 кила песок - 100 денари. Колку може да украде денес, 50 кила 200 денари во џеб, а двајца се на мерење и истовар. И уште ми вика бате не се мачи јас ќе го ставам цементот во кола- што е негова работа мислеше ќе го почастам, глеаш како работиме нас никој не не жали. Како баш мене ме погоди, не што не ве жалам туку го жалам воздухот кој го дишете. Среќа па се снајдов со песок во сред недела неработен ден.
 
Последно уредено:
Драга,

Решив со децата од малово кај што живеам да играм фудбал. Од што сум фудбалски "талент" во еден момент упатив една шпицерајка и во глава погодив еден сосед кој седеше на страна. Се срамам повеќе да го погледнам човекот во очи, мислам дека ке има три дена мозочен удар. Инаку последен пат своите фудбалски неспособности на сличен начин ги искажав во трета средно, кога наместо топката да ја исфрлам во гол-аут од паника ја рогнав во мадињата на мојот соиграч, а таа влезе во нашиот гол.

Не знам кој ме тера да играм фудбал, кога едноставно треба да продолжам да вртам педали.
 
Поглупи реклами од Тему на социјалниве мрежи немало одамна.
 
Back
На врв Bottom