СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

За кои репрезентации навивате на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, 2026?

  • Алжир

  • Аргентина

  • Австралија

  • Австрија

  • Белгија

  • Босна и Херцеговина

  • Бразил

  • Канада

  • Зелено'ртски острови (Cabo Verde)

  • Колумбија

  • Хрватска

  • Курасао

  • Чешка

  • ДР Конго

  • Еквадор

  • Египет

  • Англија

  • Франција

  • Германија

  • Гана

  • Хаити

  • Иран

  • Ирак

  • Брег на слонова коска

  • Јапонија

  • Јордан

  • Мексико

  • Мароко

  • Холандија

  • Нов Зеланд

  • Норвешка

  • Панама

  • Парагвај

  • Португалија

  • Катар

  • Саудиска Арабија

  • Шкотска

  • Сенегал

  • Јужна Африка

  • Јужна Кореја

  • Шпанија

  • Шведска

  • Швајцарија

  • Тунис

  • Турција

  • САД

  • Уругвај

  • Узбекистан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Можеби повеќето го знаат ова ама јас не знаев - си мислев вчера за време на натпреварот кога последен пат репрезентација со странец тренер освоила светско.

Се вратив назад до 1998 иако не го гледав тоа првенство, почнав од финалето 2002, и не ми текнуваше на ниту една. Прогуглав и испадна дека ниту една репрезентација нема освоено светско со странец тренер. Тешко дека Португалија, Бразил или Англија ќе бидат први на кои ќе им успее тоа.
Значи Шпанија, Аргентина, Германија и Франција ?


Португалија има прејак играчки кадар и талент. Само имаат слаб тренер на клупа. Вечниот талент Мартинез кој со "златната" генерација буквално нула успех направи. Плус Роналдо кој знае доста да ги усере последно време. Се надевам конечно ќе демантира Мартинез.

Англија со Тухел е интересна. За Бразил дон Карло е докажан и мислам дека ќе имаат доста посупешен настап од оној претходниот во Катар.

Шпанија по којзнае кој пат има одлична репка. Минатиот пат отпаднаа од Марко во 1/16 во Катар. Се рехалибитира со освојување на Европското. Очекувам доста позрели овој пат и типувам полуфинале.

Германија има слаба репка овој пат. Мислам дури и послаб од оној на минтатот Европско, каде на доста сомнителен начин беа елиминирани од Шпанија. За овие 1/4 ќе биде успех.

Аргентина има исто така добра талентирана репка. Барко очекувам да дрма со Фернандез во средината. Напред Мартинез, Алварез и секако Меси.

За Франција сум скептик поради тоа што фудбалски не баш ме воодушевуваат. Зависи фирерор Мбабпе дали ќе реши да игра за репка или за себе, на репрезентативен план доста поинаку се однесува и дава максимум.
Имаат доста талент и огромно искуство. Ништо не би ме изненадило да играат финале. Иако не ми се кејф.

Според мене Франција, Аргентина и Шпанија се фаворитите за титула. Англија и Бразил се едно скалило подолу. Португалија и Германија не ги сметам на исто ниво иако во квалификациите солидно играа.


Ме интересира кои од послабите репки ќе изигра фантастично за да се навива за нив. Корејците вчера добро играа. И мислам дека дури можат и Мексико да го тепаат и да завршат први.

Вечер типувам Босна да ја тепа на Канада. Иако Канада ја имаат најсилната репка во својата историја со Дејвис и Џонатан Давид. Сметам дека Босна доста потимски игра, Барбарез одлична работа има завршено иако имаат послаба репка за разлика од минатите циклуси. А и балканското си ги прави да се симпатични за вечер да се навива за нив. Секако Канада игра дома и очекувам да судат малце во нивна корист судиите.
 
Не сум го анализирал многу ждребот, но вака според некое чуство, мислам дека Бразил ќе стигне подалеку од Аргентина.

Барем една од Колумбија и Еквадор ќе стигнат далеку, некаде 1/4 финале.

Од европските репрезентации, од тие што се во втор план, многу малку се зборува за Швајцарија, отколку за Норвешка (секако дека оправдано предизвикуваат внимание), но мене ми делува дека Швајцарците може да бидат таа европска репрезентација, кој од втор план ќе стигне далеку.


Јапонија ми беше една од најинтересни репрезентации и фаворит за изненадување, можеби и најмногу им се радував за гледање, штета што не се комплетни поради повреди.
 
Последно уредено:
Не сум го анализирал многу ждребот, но вака според некое чувство, мислам дека Бразил ќе стигне подалеку од Аргентина.

Барем една од Колумбија и Еквадор ќе стигнат далеку, некаде 1/4 финале.

Од европските репрезентации, од тие што се во втор план, многу малку се зборува за Швајцарија, отколку за Норвешка (секако дека оправдано предизвикуваат внимание), но мене ми делува дека Швајцарците може да бидат таа европска репрезентација, кој од втор план ќе стигне далеку.


Јапонија ми беше една од најинтересни репрезентации и фаворит за изненадување, можеби и најмногу им се радував за гледање, штета што не се комплетни поради повреди.
Бразил со Пинициус и Нејмар плачкото не стига далеку па на гла се наместиле!
Автоматски споено мислење:

Мое мислење е дека Шпанија ќе изненади на Светското, иако се млада екипа! Франција исто така има премоќен напад, но средина и одбрана шкрипат, а знаеме колку значи цврстата одбрана! Dark Horse ми се Португалциве, можи да изненадат само и само ако Роналдо не им прави проблеми при играта! Ќе видиме, ќе биди интересно
 
Јас мислам дека Франција ќе биде разочарување и дека од премногу звезди ќе им крахира системот. Предност давам на Шпанија, Португалија и Англија па и Аргентина има добра концепција со млади играчи као Алварез, Ензо Фернандес, Нико Паз и слични и со авторитет како Меси.
 
И јас мислам дека Франција ќе крахира во рана фаза. Шпанија, Аргентина, Португалија и Англија ми се некако за завршница на турнирот, некој од нив ќе освои.

Респект за братот шо ја скоцкал анкетата по азбучен ред.(y)
 
Бразил со Пинициус и Нејмар плачкото не стига далеку па на гла се наместиле!
Автоматски споено мислење:

Мое мислење е дека Шпанија ќе изненади на Светското, иако се млада екипа! Франција исто така има премоќен напад, но средина и одбрана шкрипат, а знаеме колку значи цврстата одбрана! Dark Horse ми се Португалциве, можи да изненадат само и само ако Роналдо не им прави проблеми при играта! Ќе видиме, ќе биди интересно

Како Шпанија изненадување? Шпанија е фаворит со Франција по сите обложувалници, освојувачи на последно ЕП и по индивидуален квалитет сигурно во топ 4 на СП, а како тим и повеќе.

Португалија е 4 фаворит, по индивидуален квалитет само Франција е убедливо пред нив, со Англија и Шпанија не се толку назад. Дарк хорс е некој што не е меѓу главните фаворити и играчки толку силен на многу позиции.
 
Последно уредено:
Фаворит од сенка за мене се Норвежаните и мислам дека ќе истуркаат далеку.
А бе ти знаеш ли што значи фаворит од сенка? :pos:
Мајко мила, кој се се најде да коментира за фудбал. :facepalm:
 
Се знае кое првенства беа топ. Од навивчка поента. Она во Германија во 2006 на пример. 98 во Франција или 2014 во лулката на фудбалот. Бразил.
Ова е истиот тој Бразил што банкнотираше и 2 револуции му се десија затоа што економски се исцеди со светското и олимпијадата во разлика од 2 години ?
 
Ова е истиот тој Бразил што банкнотираше и 2 револуции му се десија затоа што економски се исцеди со светското и олимпијадата во разлика од 2 години ?
Говорам фудбалски. Болсонаро му ја еба матер економски и политички на Бразил. Не за попусто го ставија да свири зад решетки.


 
И ОВДЕ ЌЕ МЕ НЕРВИРАШ??????
Остај го чичото бе. Помалце досаден е од докторкана што тресе зелени или трола за неправди на домашни терени на светско првенство.
 
Малку оф топик:
Околу Арените М1,М2,М3, останатите премиум од 1 до 3 (сврпските) за стално ги тргнаја ?
Како шо видов во најавите кај нашите, не кажаја во најавата за шпанската лига, АБА лига кошарка, АТП тенис турнири и др работи.
Ако е тогаш така ова е голем удар за нас, би било ок да го даваат во ист момент тоа шо оди на тие арени, вака ем со Југо костовски и неговото ха-ха сред пренос иронично, не добиваме ништо, само сме скратени на спортски план.....
 
Back
На врв Bottom