Имаат имооти тука каде одликите на владата може и нив да ги афектирa.
А што ако имаат имоти па толку? Јакиот данок што плаќаме за тоа. Што ги држат тогаш празни за 10 дена во годината а квадратот станал ете недостижен за младите во Македонија да си почнат фамилии. Каков бенефит има државата од тоа што странците имале имоти? Даноци како аргумент имаат смисла ако примањата во другата држава ги даночи нашата матична, Македонија. Кога ќе ми зема 5-60% од заработката она, наместо сегашната, тогаш може да збориме за важноста на мојот глас и правото на тоа.
Иста логика и за тоа што пуштале странците пари, како да државата ги тера на тоа. Некои стари навики како да не умираат, што, си купуваме гласови? Ако пушташ пари за твоите, за трошење, за сметки, за инвестиции еве ќе ти дадеме право да гласаш бидејќи си фер лик? Нешто за пиење да не треба дечки? Зошто парите цело време се мафтаат преку очи, како да би престанале да се вливат ако му забранеме некому да гласа кој што бил тотал 20 денови од последни 5 години во Македонија и има траен престој и пасош од друга земја, башка има странски акцент кога збори Македонски.

Они 20 евра за влез во земјата на претходните теми не се согласуваа да даваат, пак само јас гласав за тоа... а еве и за темава гласам да се забрани да гласаме, а сепак
@мкд владе мене ми вика педер, а во негови редови го дупат позади... грб и му гласат обратно. Не знам што да направи човек да му стане омилен странец од форумот, китот да ми јаде веќе аман.
Ајде еве за тебе ќе направиме параметри колку треба еден глас да тежи и нивниот ќе носи помалку тежина по овие параметри, а по некои параметри и повеќе. Ќе измислиме ново политичко уредување.
Е ај ако не на тие што имаат роднини во странство ќе им направиме параметри, по тежина ќе има нивниот глас 10 гласа бидејќи имаат втора генерација две цели фамилии во странство кои треба по дефулт да гласаат за потенцијално лоши политики и кандидати само оти нивните се вработени партиски и треба да го задржат работното местото кај што ги тераат да носат гласови. А тие без братучеди во Чикаго нека си гласат за Левица. Воведниот аргумент на Агда е благо ретардиран, имале странците роднини и пријатели во Македонија и тоа било причина зошто треба ние да го задржиме правото на глас, како да самите не знаат да си гласат што им е битно и правилно, мора ние да им го амплифицираме гласот бидејќи сите наши роднини во Македонија знаат како треба да се гласа. Без исклучок.
Искрено ме иритира и на Кано Тоше трипот, сѐ нека му земат само црешата да ја најде жива хаха, па фатил ги обвинува дека му продале името, јазикот, уставот, идентитетот тие што се во Македонија, божем намерно за инает. Ако отворам муабет за протести за името и останатите работи
@Darling пак ќе ме кара дека не чинело фалење кога сме правеле правилни работи. Странците со нивниот глас кој и до сега го имаа, ќе ја средиле работата без да го мирисат ѓубрето по пат со нивен нос, аха во ред е. Како да ќе имаше некоја разлика неговото гласање да беше и во Македонија, и сите ние останати со него, последните 20 години. Како да постоеше точен избор кон посветла иднина во некој паралелен универзум, одошто по тој што одиме сега.
Кога мораше да оди им рече
Сѐ што имам и куќа и нива
Нека земе што му треба секој
Но црешата...
Јас не гласам и тоа е мој став долго пред темата, не се осеќам убаво да некому избирам како ќе живее. Што сум можел дур сум бил дома сум правел или требало да правам. И не прочитав некој аргумент да тоа ми го промени, не гледам право на тоа освен што некој закон таму тоа го дозволувал. Имаше
@Anyma претходно некое убаво носталгично мислење за единство и зошто некои мостови не треба да се изгорат. Но тоа се ретки ноушнс што би рекол еден странец, засега расположението е сеуште поделба, од кутрите со бугарски, до црвено/плавите и секоја една возможна варијанта на ваши и наши помеѓу. И тоа е во ред. Тоа значи дека ножот не е до коска. Вистински проблеми сплотуваат народ.
