Увек ми било занимливо, меѓу другото, и анализирањето на односот на новинарите кон Милан и се што се дешава околу тимот.
Да се разбереме од старт, во ниеден случај не го поддржувам оној говнарски потег да свикаш интимен брифинг со новинари, во ситуација кога цела фан база чека и бара одговори, после една ваква сезона и посебно после една ваква чистка каква што се деси. Ама овие написи коишто излегуваат отпосле, во стил дека Кардинале одел контра традицијата на Милан и не сакал да чуе за таљани во раководството, од спортски сектор до тренер или дека немало кој да ги потпише документите за претплата во Серие А за следна сезона ми се на ниво на шарлатанското новинарство кај нас. Таљаниве се ултра осетливи на овие теми, кога некој им се меша и им го буричка системот внатре, што им е више јако воспоставен, а тоа го напраи Кардинале во моментов (сакајќи или не) и тоа е опасен меч со две острици. Ова може да испадне или многу исправно (што све додека главен за све е Ибрахимович - нема да е случај) или тотално фијаско (засега многу поверојатно). Муабетот ми е дека ова понашање на Кардинале целосно им оди во прилог и на новинарите коишто и онака од старт се осетливи на странски газди во Италија и целосно им го пореметува и оној синџир на влијание којшто со години го граделе. Ордине и Пелегати на пример се клубски легенди, коментатори и новинари коишто низ годиниве створиле итоа какви врски и со спортски директори и со управа и со навивачи и со агенти и сега се на скроз нов и непознат терен, па оттука ми е јасно и зошто се црните сценарија коишто ги предвидуваат.
Најопасна работа која му виси на Кардинале како сабја над глава е Ибрахимович и неговата некадерност за ништо друго освен за играње топка. Иначе, овој разорен отклон да се насочи кон професионалци од надвор од Италија за реструктуирање на Милан не мора да значи дека е лош потег. Дотолку појше што таљаните и те како покажаа дека се изразито назад и ептен заостануваат зад другите во моментов во секој поглед: и по став кон фудбал, и по градење академии и ваѓање млади играчи, па најверојатно и тренерски и како систем на водење тим и секако. Репрезентацијата и состојбата во којашто се наоѓа таљанскиот фудбал е очајна и све околу го докажува тоа. Носењето странци од надвор да го водат Милан целосно е тежок удар врз традицијата на тимот, традицијата на државата и све што функционирало околу тоа. Во средини као Италија тоа е во 90% од случаите погрешно и осудено на пропаст, затоа што освен бес на навивачи, навлекуваш и бес на новинари, стари кртови коишто живеат во минатото, бес на раководни структури во лигата, газди на другите тимови, спортски професионалци и све останато. Јес да и Комо напраи нешто слично, Рома до некаде, кај Интер е малку маскирано заради тоа што Марота е тука и заради спортските успеси, ама Милан е ипак голем италијански бренд и ова што го праи Кардинале е целосен удар врз системот којшто постоел со години.
Многу е важно какви луѓе и стручњаци ќе одбере Кардинале сега за ова реструктуирање на Милан, ама искрено, мене воопшто не ми е важно дали се таљани и дали се било како поврзани со таљанска традиција и структури. По она за каков човек важи Рагник, ако тој дојде во Милан, нека биде спремен на фактот дека ќе биде распнат со самото стапнување во Милано. Таков лик и силен карактер, а да не е таљан не бил на толку висока позиција во толку голем клуб и тоа ќе биде заебано од старт. Ќе мора да напраи рез од контакти со директори, агенти и слично и тоа кај новинарите ќе биде тежок хаос и сигурно дочекано на нож. Додуша исти курац ќе биде и со било кое решение за спортски/технички директор и тренер после вакви резови на Кардинале.
Све на све, Милан и цела ситуација околу Милан апсолутно ги исполнува условите за следната сезона да бидат тешко фијаско. Све ќе биде насочено натаму, од бес на навивачи до бес на све околу што е поврзано со фудбал. Кој и да дојде ќе има изузетно тешка задача да плива во една таква ситуација и да се бори и со традиција и со новинари и со све можно околу. Од таа перспектива, појше сум тоа да биде некој силен карактер како Рагник што не трза многу на таков пресинг и нормално да биде целосно поддржан од управа и газди (како и да изгледа тоа) затоа што ако стаат луѓе коишто нема да се снајдат со страшниот пресинг којшто ги чека почнувајќи од моментот кога ќе слетаат во Милано и ако мораат да мењаат на сред сезона, ќе не снајде Тотенхем и нема бегање од тоа.
П.С. Иначе таљаните што паѓаат во несвест дека све странци ќе дошле во Милан ти се истиве што го дробеа Алегри за стилот на игра, па сега пишуваат за шампионски Наполи со него. Оваа Серие А е една таква секта каде што нема ни внатре ни надвор. Истите 10 тренери се вртат во круг кај 18 различни тимови, истите спортски директори праат рокади наваму-натаму, истите агенти и истите новинари доминираат со пазарот во последниве 200 години. Истите газди од коишто некои се и сенатори, медиумски сопственици, политичари и истите управници носат одлуки за све, имаат триста корени од федерални управи, претседател, судиски тела, здруженија на играчи и сл. И баш затоа ваков рез као што праи Милан е дочекан исклучиво на нож, ама и скоро па сигурно осуден на пропаст затоа што ќе мора да се бори со више одамна воспоставен систем - аждаја што контролира све буквално. Ама па ако успее, има шанси да ги отвори вратите за страшни реформи во италијанскиот фудбал што и те како се потребни.
Ќе бев далеку пооптимистичен ако Ибра не беше во центарот на све. Вака, глеам позитивни моменти и можности за Милан во целава ситуација, ама потенцијалното црнило некако ми го затемнува оптимизмот па дури и со хашиш на крилјата од змејот јебешга.