Фан клуб: Милан

Дали Кардинале треба да го продаде клубот?


  • Вкупно гласачи
    13


dj khaled GIF by Worldstar Hip Hop
 
Нека му е со среќа, последнава текма одкога влезе само преку него Милан направи неколку шанси.

Најзаслужен за скудетото од пред некоја година.

Ако успее да се спреми физички и прифати да игра и одбрана може да биде играч у ранг на Дембеле, се надевам ќе отиде некаде кај што ќе може тоа да го постигне.
 
На Way 45 му посакувам многу успешни и хит траки, нека неговите текстови продолжат да бидат инспирација за младите.
Се надевам дека и неговата лејбл продукција BGANG ќе помогне на многу млади кои имаат сон да се занимаваат со музика да добијат шанса на сцената.
Screenshot_20260531-101308.Chrome.png

#Way45
 
Што ти значи контекст во кој се случуваат работите.

Веќе неколку години е најнапаѓан од навивачите, дури и често исвиркан на Сан Сиро, а сега поради расулото во Милан и оправданиот гнев кон тоа што остана во и околу клубот, жалат како по Кака на времето, притоа имаат и разбирање што вака се однесува.


Нормално, како што исвиркувањето беше идиотско, така сега е претерано и ова забегување кога најави дека ќе си оди (повторно погрешен начин на однесување и од негова страна).
 
1. Нека се губи
2. Ќе го бараме
Сеа за сеа е нека се губи, а ќе го барамо кога ќе донесат некој ка Салемакерс па ќе викамо да беше Леао сеа еден на еден ќе го летнеше...

Како и да е имавмо најдобар бек и крило у еден момент, средина, голман и ништо не се искористи... не веруем и наредни године да се деси некој преокрет.
 

Ако ова е точно :pos:

Нема шанси да не е точно. Новинарите што присуствувале на интимната прес конференција излегле шлогирани од тоа што го чуле од Кардинале и Ибра.
Подтекстот од разговорот бил дека тек ќе има црнила и дека Ибрахимович бил тотално гомно со сите.
Во основа, клубов во моментов го водат човек што нема никаква мпоима што е фудбал и човек што би требало да знае, а не знае.
Цело тоа глумење, празни афирмации и мотивациски говори и цитати, се се удирија од глава во недостаток на способност и разбирање.
Правењето на сила некаква клубска легенда од Ибра и вештачкото дигање негово на ниво на коешто у никој случај не е, требаше да упали аларми.
 
Последно уредено:
Увек ми било занимливо, меѓу другото, и анализирањето на односот на новинарите кон Милан и се што се дешава околу тимот.
Да се разбереме од старт, во ниеден случај не го поддржувам оној говнарски потег да свикаш интимен брифинг со новинари, во ситуација кога цела фан база чека и бара одговори, после една ваква сезона и посебно после една ваква чистка каква што се деси. Ама овие написи коишто излегуваат отпосле, во стил дека Кардинале одел контра традицијата на Милан и не сакал да чуе за таљани во раководството, од спортски сектор до тренер или дека немало кој да ги потпише документите за претплата во Серие А за следна сезона ми се на ниво на шарлатанското новинарство кај нас. Таљаниве се ултра осетливи на овие теми, кога некој им се меша и им го буричка системот внатре, што им е више јако воспоставен, а тоа го напраи Кардинале во моментов (сакајќи или не) и тоа е опасен меч со две острици. Ова може да испадне или многу исправно (што све додека главен за све е Ибрахимович - нема да е случај) или тотално фијаско (засега многу поверојатно). Муабетот ми е дека ова понашање на Кардинале целосно им оди во прилог и на новинарите коишто и онака од старт се осетливи на странски газди во Италија и целосно им го пореметува и оној синџир на влијание којшто со години го граделе. Ордине и Пелегати на пример се клубски легенди, коментатори и новинари коишто низ годиниве створиле итоа какви врски и со спортски директори и со управа и со навивачи и со агенти и сега се на скроз нов и непознат терен, па оттука ми е јасно и зошто се црните сценарија коишто ги предвидуваат.

Најопасна работа која му виси на Кардинале како сабја над глава е Ибрахимович и неговата некадерност за ништо друго освен за играње топка. Иначе, овој разорен отклон да се насочи кон професионалци од надвор од Италија за реструктуирање на Милан не мора да значи дека е лош потег. Дотолку појше што таљаните и те како покажаа дека се изразито назад и ептен заостануваат зад другите во моментов во секој поглед: и по став кон фудбал, и по градење академии и ваѓање млади играчи, па најверојатно и тренерски и како систем на водење тим и секако. Репрезентацијата и состојбата во којашто се наоѓа таљанскиот фудбал е очајна и све околу го докажува тоа. Носењето странци од надвор да го водат Милан целосно е тежок удар врз традицијата на тимот, традицијата на државата и све што функционирало околу тоа. Во средини као Италија тоа е во 90% од случаите погрешно и осудено на пропаст, затоа што освен бес на навивачи, навлекуваш и бес на новинари, стари кртови коишто живеат во минатото, бес на раководни структури во лигата, газди на другите тимови, спортски професионалци и све останато. Јес да и Комо напраи нешто слично, Рома до некаде, кај Интер е малку маскирано заради тоа што Марота е тука и заради спортските успеси, ама Милан е ипак голем италијански бренд и ова што го праи Кардинале е целосен удар врз системот којшто постоел со години.

Многу е важно какви луѓе и стручњаци ќе одбере Кардинале сега за ова реструктуирање на Милан, ама искрено, мене воопшто не ми е важно дали се таљани и дали се било како поврзани со таљанска традиција и структури. По она за каков човек важи Рагник, ако тој дојде во Милан, нека биде спремен на фактот дека ќе биде распнат со самото стапнување во Милано. Таков лик и силен карактер, а да не е таљан не бил на толку висока позиција во толку голем клуб и тоа ќе биде заебано од старт. Ќе мора да напраи рез од контакти со директори, агенти и слично и тоа кај новинарите ќе биде тежок хаос и сигурно дочекано на нож. Додуша исти курац ќе биде и со било кое решение за спортски/технички директор и тренер после вакви резови на Кардинале.

Све на све, Милан и цела ситуација околу Милан апсолутно ги исполнува условите за следната сезона да бидат тешко фијаско. Све ќе биде насочено натаму, од бес на навивачи до бес на све околу што е поврзано со фудбал. Кој и да дојде ќе има изузетно тешка задача да плива во една таква ситуација и да се бори и со традиција и со новинари и со све можно околу. Од таа перспектива, појше сум тоа да биде некој силен карактер како Рагник што не трза многу на таков пресинг и нормално да биде целосно поддржан од управа и газди (како и да изгледа тоа) затоа што ако стаат луѓе коишто нема да се снајдат со страшниот пресинг којшто ги чека почнувајќи од моментот кога ќе слетаат во Милано и ако мораат да мењаат на сред сезона, ќе не снајде Тотенхем и нема бегање од тоа.

П.С. Иначе таљаните што паѓаат во несвест дека све странци ќе дошле во Милан ти се истиве што го дробеа Алегри за стилот на игра, па сега пишуваат за шампионски Наполи со него. Оваа Серие А е една таква секта каде што нема ни внатре ни надвор. Истите 10 тренери се вртат во круг кај 18 различни тимови, истите спортски директори праат рокади наваму-натаму, истите агенти и истите новинари доминираат со пазарот во последниве 200 години. Истите газди од коишто некои се и сенатори, медиумски сопственици, политичари и истите управници носат одлуки за све, имаат триста корени од федерални управи, претседател, судиски тела, здруженија на играчи и сл. И баш затоа ваков рез као што праи Милан е дочекан исклучиво на нож, ама и скоро па сигурно осуден на пропаст затоа што ќе мора да се бори со више одамна воспоставен систем - аждаја што контролира све буквално. Ама па ако успее, има шанси да ги отвори вратите за страшни реформи во италијанскиот фудбал што и те како се потребни.

Ќе бев далеку пооптимистичен ако Ибра не беше во центарот на све. Вака, глеам позитивни моменти и можности за Милан во целава ситуација, ама потенцијалното црнило некако ми го затемнува оптимизмот па дури и со хашиш на крилјата од змејот јебешга.
 
Мислам дека што повеќе го напаѓаат Ибрахимовиќ, се повеќе ќе сака да докаже дека грешат и дека ќе ја оправи работата. Па нели е самопрогласен бог. Што значи дека ќе се труди да помине неговото сценарио и да има поголемо влијание.


Не му оди во корист тоа што многу го одбија, не најде бргу решение.


А овој Кардинале, кога три години го пушти клубот да се движи по инерција, само уфрли еден лик плус да биде уште полошо, тогаш нека остави и сега да работат други, само поспособни.


Не е најголем проблем кој сака да си оди (на многу требаше порано да им биде покажан патот), туку што ќе биде тешко да привлечеш некого. Без разлика дали попознато име или некој талент.

Затоа и покрај тоа што има и лоши страни (а која опција па нема?), сакам да дојде Рангник, а колку и да пишуваат новинарите, не сум многу сигурен во такво сценарио.

Секој менаџер, секој млад фудбалер ќе е заинтересиран да дојде и да работи со него, како што беше во РБ. Знаат што добиваат.


И друга многу важна работа. Кој друг освен него, во брз рок може да го реорганизира целиот спортски сектор? А на нас ни требаат луѓе на сите позиции од скаутска служба до спортски директор. Кој друг има таква мрежа од луѓе, знаење тоа да го направи, но и способност да пронајде и погоди со нови луѓе?


Само уште 2-3 имиња ми паѓаат на памет што би можеле ова да го направат, но прашање е дали има и минимални шанси тие да завршат во Милан.

И трета варијанта, да препознаат некој нов талент, но за тоа постојат уште помали шанси.
 
Знаете дека ФИГЦ до 16 јули рекле дека сите клубови треба да им достават податоци за раководни лица на сите позции и доколку не се деси тоа клубот иде у Серија Ц ?
Знам дека знаете.
 
Ибрахимович и како фудбалер беше најголем проблем во Милан додека некои го правеа дека бил најскапиот мотивациски говорник а истото се случува и сега кога е во управата.

Повеќе сум да се донесат странски менаџмент и тренер бидејќи италијанциве се заглавени во времето и просторот и само името Милан нека остане италијанско.

Леао слободно нека крши глава никој нема и не треба да го бара, Милан мора да создаде нов идентитет и нови фудбалери, го имаме Alphadjo Cisse кој може да биде новиот Леао но ќе треба време и трпение за новиот Милан бидејќи чуда не се случуваат преку ноќ тие ќе треба да се градат и развиваат трпеливо и полека.

#ForzaMilan
 
Мудрик уште колку има суспензија? па и Гарначо...
 
Знаете дека ФИГЦ до 16 јули рекле дека сите клубови треба да им достават податоци за раководни лица

Е ова е баш резултат на тоа шарлатанско новинарство и на системот во Италија којшто е изузетно отпорен на промени и вакви скокови во непознато каков што прави Милан моментално, па со сите сили се бори да предвиди вакви црни сценарија.

До 16 јуни тимот треба да поднесе документи потребни за “претплата“, финансиски гаранции и чуда за да ја игра следната сезона во Серие А. Чачкав малце и истражував и ако добро разбрав за ова е потребно да имаш овластен потписник којшто ќе ги поднесе документите и нема многу врска со тоа дали имаш спортски директор (Милан пред Таре реално имаше најмалку една сезона или две без спортски директор) и тренер (миљон тимови во миљон ситуации немале поставен тренер на 16ти јуни).

Фурлани беше отпуштен со мејлот на Кардинале, ама Фурлани е се уште официјално СЕО и овластен потписник се додека бордот на директори не назначи нов. Практично Фурлани (ако нема ново назначување до 30 јуни) мора да ја потпише и одлуката за завршниот финансиски извештај (или како и да се вика тој документ јебемлига) којшто секоја година се поднесува на 30 јуни за претходната година. Милан има борд на директори, а тоа е главно и официјално управно тело кај сите тимови. Така што, бордот или ќе назначи нов СЕО од свои редови или последно назначениот - Фурлани е овластен да потпишува се што треба да се потпишува во меѓувреме.

Ваквите муабети на новинарските кртови ќе имаа смисла ако во Милан не постоеше борд на директори. Се сеќавам дека кога Кардинале го презеде Милан од Елиот се вртеа истиве муабети, ама тоа беше затоа што тогаш се менуваше цела управувачка структура заедно со бордот. Сега се фејк њуз и паничен обид на цел апарат во Италија да ја прикаже ситуацијава во Милан како општ пропаст. Што, пак ќе речам, има сериозни шанси да се деси, ама се уште не е.


Еве и денешниве написи се поделени. Имаш медиуми коишто викаат готово Кардинале и Калвели се одлучија за Рагник и неговите услови сега само тој треба да прифати, а имаш други коишто викаат дека Ибра одлучува да оди со Слот као тренер и Планес као спортски директор. Најлошото е што и после ваков рез, пак има две струи во Милан, очигледно секоја од струите си има и свои медиуми перјаници. Се надевам дека која и струја да победи нема да биде минирана од другата затоа што ваљда им е јасно и на кловнот и на Кардинале дека си играат со оган и дека све, од тим, до лични амбиции и кариера им е на коцка овојпат. Ако сега се изглупираат, штетата и за Милан како бренд (што ваљда не им одговара во ниедна смисла), ама со тоа и за нив лично ќе биде скоро па неповратна.
 
Back
На врв Bottom