UEFA Champions League - Season 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата ComfortablyNumb
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?


  • Вкупно гласачи
    207
  • Гласањето е завршено на .
ПСЖ го спасија фудбалот денеска. Историски најмал посед на топка на екипа во финале. Рушат рекорди со вахабистичкиот фудбал ебате гнасните од тренер до играчи.
 
Им го скрати корнерот затоа што на аутот што го изведоа претходно од кој го добија корнерот, 1 минута потрошија. Прво отиде Москера, па му ја фрли на друг играч, па овој му ја даде на Рајс. Откако им свирна корнер, пак почна минутата местење на Арсенал. Затоа и им го скрати корнерот.

На почетокот на второ, веднаш го тури Москера на онаа ствар со жолт картон за задржување на игра, затоа што мислеа дека ке можат како во ПЛ да сецкаат игра, и да изведуваат аути по минута две. Ги прегоре судијава, секое паѓање на Хаверц, со обид да изнуди фаул не му го санкционираше. Судијава го гледал Арсенал, очигледно, и не им даде да ја упропастат утакмицата со нивни методи. Секоја чест.
Се ова го имав во предвив кога го пишав коментарот. Моја лична преференца е дека е подобро да се даде жолт картон на тој што одзима време на прекин, па макар и на сите 3 играчи што одземаа во таа ситуација што ја спомна, отколку да не се даде корнер да се изведе во последен напад. Многу поголема е шансата да им дојде памет на играчите да не трошат време ако си им дал жолти картони отколку да им го скратиш корнерот, ако е целта нели да не се троши време повеќе. Компензацијава беше интересна и заслужена, но нека остане само сега, ако се практикува и понатаму воопшто не ми се допаѓа, што би било следно, свирење крај пред да се изведе слободен удар пред гол...
 
Сакав да изгубат чамугите од Париз, ме нервираат иако играат добар фудбал, нешто што дудуците од Арсенал не го прават, а треба, бидејќи имаат играчи што можат да пружат добар фудбал. Наместо тоа они одбираат да се радуваат на корни во 45та мин како мали деца на играчка. Многу наивно од страна на Артета што мислеше дека може да се брани 90 мин во финале против актуелниот Европски шампион, со минимум 6-7 играчи од светска класа.

Искрено ми е криво за искрените навивачи на Арсенал како ганерот, бојан, филип, факе, кои и покрај тоа што освоија ПЛ како што освоија, беа против ваквиот фудбал на Артета. Сакав да освои Арсенал бидејќи заслужува како голем клуб да има и еден ваков трофеј, ама тоа е. Се надевам наредна година ќе го сменат пристапот, ќе почнат да играат фудбал и ќе стигнат пак до финале.

И за крај, Артета цркни.
 
Освен нивните фанови на форумот изгледа само јас навивав за Арсенал. :pos:
Не си единствен на форумов, имаше уште еден дечко хк_пу или како и да му беше никот, долгогодишен уживач и почитувач на ликот и делото на Микел Артета.
 
Знаеш дека другата екипа е навистина haramball кога си земал да навиваш за екипата што те испаднала во полуфинале ЛШ, и тоа на неправеден начин.

Ужас, тежоч очобол.
Да не се повтори.
 
Чиј двоен/троен/четворен акаунт е глупердава умрена?
 
Иначе ова денес е 5ти последователен пораз во европски финалиња за Арсенал. Бајги лоша низа. Останатите се од Сарагоса, Галатасарај, Барселона и Челси.
 
Иначе ова денес е 5ти последователен пораз во европски финалиња за Арсенал. Бајги лоша низа. Останатите се од Сарагоса, Галатасарај, Барселона и Челси.
Полека им се приближувате на Јуве со 7 порази само во ЛШ.
 
Време е да им дојде ум на Арсенал.
Освојиа ПЛ, од огромна предност дојдоа до дереџе да се тресат на крај.
ЛШ не освојија само ради своја кривица, ПСЖ вчера не беше ни близу до нивото од претходните утакмици во ЛШ.
Па мајку му, да имаш едвај 25% посед со играчи како Рајс, Одегард, Езе...греота е.
Крилата цело време му играа дупли бекови. Нема да го набркаат Артета, а штета е да продолжат со Стоук модот. Бати Мурињовската филозофија, а учител му е Пеп.
Утката на говедото на крај ти е космичка правда, за сите боречки зафати во петерец годинава.
 
Арсенал немаше многу шанси, но сите креирани шанси им беа гол-шанса. Во неколку прилики недостасуваше клучен завршен пас, ама имаа одлучност да играат зад топка, со тоа финалето ми беше досадно, ко она Јунајтед-Спурс.

Никогаш, до Артета, сум немал аверзија кон Арсенал, дури и ги почитував, кога и да скоцкаа тим, истиот експресно се распродаваше, па дури и кога системот на игра се вртеше околу Цеск. Сега имаат лигуш за тренер, кој не го сакам поради однесувањето, а не поради корнер канцер системот на игра која наликува многу на Дајш, кој пак, немаше многу напаѓачки опции ни во Барнли, ни во Евертон, во однос на Артета.

Одбраната им е коска, на теренот владее одлична дисциплина, која им донесе титула во ПЛ после повеќе од 2 децении. Така, помалку плачење за недосуден ебан корнер, фаул или аут. Финалето го доби тимот кој имаше поголема желба за игра, иако најголем дел од времето бркаа резултат. И кога сѐ беше израмнето, ПСЖ беше екипата која играше за гол плус, но не дојде затоа што Арсенал навистина имаат одлична организација, покриеност на целиот терен и удвоеност на играчот кој е со топка.

Сити пак го собра медот, а Арсенал собира отпадоци, како Кепа, Хаверц и Мадуеке. Треба да имаат подобар ростер ако сакаат да играат на повеќе фронтови, а дефинитивно имаат квалитет, потенцијал, па и кеш за тоа. Така, повеќе храброст и среќа наредна сезона!
 
Back
На врв Bottom