Можда едно од најголемите изненадувања во модерната историја на тенисот се деси денес, ако се земе во предвид формата на Синер, фактот што е број 1 на АТП, срушен рекордот на Новак во последователни победи, прелесен ждреб до финалето, и што околу 30 години не се случило во втора рунда да испадне број 1, последен пат тоа му се десило на Агаси, и секако, фактот што имаше 2-0 во сетови и 5-0 во трет. Надреално е ова што се случи денес, требаше и од инвалидска количка да земе барем еден гејм во 3ти.
Се претпоставуваше дека е сонцето ама според него условите за игра не биле толку лоши, а проблеми осетил уште сабајлето пред мечот, а ескалација истите имале во трет сет. Многу чудно, многу, не ми се веруваше што гледам кога проверуев резултати на флеш, сменив после 3-0 у трет сет немаше резон да се глеа тоа кога стекот го гледам хркља нешто на месенџер за него и што да видам.
Гледам многумина сега се надеваат дека Новак ќе дојде до 25ка, апсолутно претешко, него ништо не му е отворено у ждребот, Синер тек во финале му беше проектиран, за несреќа негова сите јаки земјаши се паднаа на негова половина, моментално кладилниците најмногу шанси му даваат на Саша, па после него е Новак. Утре потенцијално многу јак меч меѓу Фонсека и Новак, сега сите намирисаа крв, од 40 преостанати тенисери на слемов, 39 немаат освоено слем титула. Ќе биде ова многу интересно за гледање, буквално све е можно.
Синер се исфорсира, отиде all in после АО како стока, до некаде и историјата се повтори, и Новак до РГ кога го сруши рекордот на последователни победи газеше, ама секако не се споредува ова од денес со тоа тогаш, тогаш Новак падна во полуфинале и изгуби од Федерер, и ако добро памтам прилично лесно тоа се деси што не беше типично со оглед на подлогата, али Феџо е Феџо, ова денес ко што реков, едно од најголемите изненадувања во модерната ера на тенисот ако се земе све во предвид.
Голема штета за него реален да бидам, не гледав како може да изгуби на турниров и тоа пред да го видам ждребот, после истиот фаворит беше ко да е Надал, тоа и кладилниците го велеа, се очекуваше бек ту бек да ги заокрижи сите мастерси, и сите слемови, и му се деси ваков пех иако пак ќе речам, 2-0 и 5-0 у трети, лудило кое тешко пак да го просведочиме у животот, го измувлав пред почетокот на РГ кога напишав најголем противник му е неговото тело у моментов што на крај се испостави баш така али 0 fucks given, епилогот ќе е или 25ка, или деби титула на некој од останатите, што секако е одлично за тенисов во моментов.