Хип хоп културата во Македонија

Не знам дали има некој личен биф, ама ептен е на место версов на Паки, бидејќи ја претераа. Одлични беа Фолц и Зи Бомб во времето кога првиот имаше трака Геноцид, вториве правеа сајфер со Метафорс екипата. И после тоа кога правеа тралалајки песни ко Лаганини, врска си немаше со рап тоа, ама ок беа, никому не сметаа, бидејќи и така немавме никаква нова музика, па добри беа како освежување. Ама се после тоа со мотање, дилање, ризли е претерување со лошиот филм, песна по песна цело време иста погрешна прича, дури и таков албум извадија, досадни станаа на сите, а и на сами себе, настрана што филмот е катастрофален. Или што би рекол Блажеј “Ти совршено го глумиш Карлито, грешно сфатен филмот, ќе завршиш исто како твојот идол“. А и овој Јоцифер, тежок промашај од артист, прави некој трап неслушлив за уво. Памтам еднаш имаш еден фристајл во Паблик рум, Лд и Чаки беа судии, можда и Марче Свп не сум сигурен за него. Овој догура до финале и бетлаше со едно момче со наочари, сите рунди му збореше дека е ќор и правеше фори и исмевања околу тоа, на крај момчево кога му врати, го утепа во поим и заврши со нешто во стилот “толку си јак, а изгуби од слепец“, делириум тременс беше атмосферата, 5 минути не можевме да се смириме, судииве за глава се држеа, дури и на крај му рекоа “си го бараше, си го доби“. Така да, не ги жалам, Паки само гази мајсторе, плус човеков е тешко потценет, си гази лирички, флоу, игра на зборови, путер...
 
Што е позадината да не знаеш, зашто вака личи како да им враќа на дис?
Искрено, немам поим. Инаку, и мене така ми личи како да враќа на дис, само не ја знам позадината.
 
Добри песни троубекс пушташ по темиве, само напред, во онаа темава со битовите ја имаше поставено од Исток Запад “Во денот и во ноќта“, предобра песна, а ултра заборавена и песна и група. Браво!
 
Back
На врв Bottom