Отишле да се повозат со новата кола, само што ја земале, па бидејќи другарчињата биле собрани кај детето, ги земале и нив да ја видат сите. Денот бил исполнет со радости, нова кола, сите собрани на дружба, доаѓа лето, затоплува, но уште еднаш животот покажува дека се може за миг да исчезне и од најубави мигови, во најцрни. Родителите на другите дечиња не ни знаеле дека се отидени да се повозат до обиколницата, ниту пак дека може да се учесници во сообраќајка. Животе туго, до кога ќе не снемува, до кога во црнила фамилии ќе гледаме, до кога ќе ни е исполнето секојдневието во трагедии, ќе огрее ли некогаш сонце во оваа наша земја или сонцето само за на знаме го чуваме...
А до сите ние што остануваме тука, нека ова биде поука дека денес сме тука, утрешниот ден не ни е загерентиран. Да не го трошиме времето на овој земјен свет во правење зло, штета, сопки некому, нека не оставаме ниедна добрина да чека за утре, нека ја направиме сега, веднаш. Ако е стигнато времето да се одјавиме, нека се одјавиме со чиста совест дека сме го потрошиле секој ден на земјата правејќи добро, нека е светот трка на кој повеќе добро ќе направи. Прегрнете ги најблиските, поминете време со нив, разговарајте, покажете интерес за нив, ислушајте ги, не е “добро“ поим кој е непознат и тежок, најубавите работи се најдостапни, наједонставни... Од нас зависи.