Ова работава со брзиве кредити е толку загрижувачка, а толку наивно се провлекува кај сите со изговор “па кој ги терало да земаат, кога земале требало да читаат“, воопшто не разбирам како станавме нација со 0% емпатија и со толкава рамнодушност за нештата. Без ни малку преовеличување, одговорно тврдам, дека брзиве кредити се еден од факторите луѓето да ја напуштат државата засекогаш и никогаш да не се вратат тука и уште пострашно да посегнат по својот живот. Ајде за првово и не мора да е лошо кога ќе се земе во предвид каде живееме, ама второво е толку загрижувачки што Тат ќе е мало бебе за ова. Политичариве ни се такви што сите се вмешани во овој профитабилен бизнис преку соработници и никогаш нема да ги затворат, повеќе им се исплати луѓе масовно да се самоубиваат, отколку да ги забранат, допрва ќе гледаме луѓе кои спасот го наоѓаат во самоубиството. Што е најтрагично не се ни заглавени само коцкари, заглавени се и луѓе што за здравје на најмилите ги зеле парите, а цел живот нема шанси со чесна работа да ги вратат тие пари кои од старт се х2 од позајмените, а после одредено време х5 итн. Нека ви текне на муабетот пред избори кога ќе се појавуваат со гнасните фаци на тв/билборди и ќе ви кажат што треба да заокружите.