На плажа со едногодишно детенце

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.908
Поени од реакции
1.781
Ќерка ми ќе биде 13 месеци кога ќе одиме на одмор, па сакав да се спремам психички и физички околу тоа што ме очекува. Кога беше 4 месечно бебе ја штитевме од сонце и си седеше во скут кај нас. Сега веќе кога е една година работите се малку по различни па се надевав некој да сподели искуство. Плажата ќе е песочна, долга и широка. Малата сеуште не е проодена, но можно е и тоа да се случи во секој момент.

Ова ми се врти во глава:

1. Облека: од оние купаќите што го покриваат телото и имаат UV заштита. Обувки за заштита од жежок песок. Шеширчиња.

2. Ќе биде мачкана со фактор за UV заштита.

3. Ќе и купам некаква гума за да си се шлапа во плиткото

4. Мало базенче за да се шлапа до нас под чадор

5. Играчки за во базенчето

6. Лопатки и слични играчки за играње во песок

Препорака за нешто друго? Сакам да поминам со што е можно помалку стресови, иако очекувам да има турбуленции :)
Со мајка и сеуште не и даваме да гледа во телефони (и екрани воопшто), па ќе треба некаква занимација за да биде колку толку мирна.

Благодарам однапред!
 
So moeto koga bese 11 meseci mislam bevme odma na odmor, zapce i izleze prvo tamy :) , faktor 50, krema so podobar kvalitet, cador za po bazentceto, ke zemes podebela podloga za pod bazenceto zosto gazeto, racete , laktata i meseto lom ke go napravi od pesokot i oci otvaranje vo bazentot braty zosto se moze da se desi. Oblekata pretezno bela, se drugo privlekuva i apsobira uv zraci i na poslabo sonce... Izbegnuvaj direktno izlozuvanje na sonce , i jas sekogas go polnev bazenceto so voda od moreto poso e pozdravo za nejze/nego. Mnogy voda pienje, i ovosje za da ima dobra hidracija i priroden seker za da bide razigrano...
Jas zemav golem krevet za da spieme trujcata zosto ona megy nas mozes da i osekas kolku i e toplo teloto i da ne dehidrira i nokje. Se drugo e extra precaution so bi rekle anglicanive, otvarajte oci i so pozitivni misli, so sreka i znam deka ke vi bide najubav odmor sto ste go imale.
 
Најубав период за одмор! Ем не може да ти избега некаде па затоа не мора да ја пазиш цело време, ем ќе ужива и она и вие. Се тоа што си напишал е ОК, само помалце секирации, ќе видиш дека ќе помине се во најдобар ред. Кога јас на таа возраст ги носев моите, они не сакаа многу многу да си играат во водата, ама затоа со песокот - уживаа! Затоа лопатки за песок, кофички, гребленца, сита и некакви други калапчиња за правење фигури од песок, и ќе уживате сите!
 
И да прооди верувај дека по песок нема да иде а богами и дете што проодува не би му облекувал такви а и прашање е дали воопшто има број
Не знам до која фаза на хранење ке бидете ама ако идете во хотел не е лошо да си понесете некои оброци од дома приготвени и замрзнати во тегличка да си ги понесете
За останато си знаеш се
 
И јас сум идел со дете на одмор, ама сега кога би требало да одам, би размислил. Син ми прооде на плажата во Десарет.
Децата до 3 години немаат развиена терморегулација, тоа особено е изразено до 12 месеци, не дека после меѓу 12 и 36 се нешто подобри.
Значи може да се прегрее или прелади многу лесно. Не се ориентирајте на вашата перцепција, добра е сенката или топла е водата.
Затоа отварање очи и заштита максимално.
Сенка, чадор, натстрешница, не значи дека е заштитено.
Влегување во вода исто, не е баш препорачливо.
Делете го времето на плажа на пократки периоди.
 
Нешто од медицински аспект.

1. Сир. Парацетамол или Ибупрофен, зависи што користите за температура.
2. Пробиотик.
3. Електролити.
4. Антихистаминик за алергија (сир. Лоратидин или некој друг антихистаминик)
5. Гел за ублажување на убод од комарци.
6. СПФ +50 минимум.

Никако изложување на сонце во периодот од 12 - 17ч.
 
Де бре и за ова ли тема....
 
Не се важи вака, требаше да го напишеш со свој ракопис, вака не се фаќа лекот ;)
Автоматски споено мислење:

Де бре и за ова ли тема....
Паа подобро за ова, отколку" јас го сакам он ме нејќе"
 
Ќерка ми ќе биде 13 месеци кога ќе одиме на одмор, па сакав да се спремам психички и физички околу тоа што ме очекува. Кога беше 4 месечно бебе ја штитевме од сонце и си седеше во скут кај нас. Сега веќе кога е една година работите се малку по различни па се надевав некој да сподели искуство. Плажата ќе е песочна, долга и широка. Малата сеуште не е проодена, но можно е и тоа да се случи во секој момент.

Ова ми се врти во глава:

1. Облека: од оние купаќите што го покриваат телото и имаат UV заштита. Обувки за заштита од жежок песок. Шеширчиња.

2. Ќе биде мачкана со фактор за UV заштита.

3. Ќе и купам некаква гума за да си се шлапа во плиткото

4. Мало базенче за да се шлапа до нас под чадор

5. Играчки за во базенчето

6. Лопатки и слични играчки за играње во песок

Препорака за нешто друго? Сакам да поминам со што е можно помалку стресови, иако очекувам да има турбуленции :)
Со мајка и сеуште не и даваме да гледа во телефони (и екрани воопшто), па ќе треба некаква занимација за да биде колку толку мирна.

Благодарам однапред!
За ова првото јас лани пола Скопје го свртев и нигде не најдов такви исцело.

Сирупи парацетамол ибупрофен обавезно, на прв одмор на иста возраст не покоси сите температура, среќа еден ден по човек траеше али пола одмор отиде.
 
Не се важи вака, требаше да го напишеш со свој ракопис, вака не се фаќа лекот ;)
Автоматски споено мислење:

Паа подобро за ова, отколку" јас го сакам он ме нејќе"
Верувам и ти вака на времето отвараше теми за твоите деца.
3 години има малиот, 3 одмори се истеравме ама не се спремавме ни психички ни па паѓавме во несвест како и што ќе биде. Мислам дај нека олабават со вакви баналности, божем у рат ќе идат а не на одмор. Ситуацијата сама ќе си наложи што и како треба, не треба толку тресење и паѓање во трансови. Искрено вакви притресени родители на крај ќе одгледаат свилено дете кое ќе не знае газ само да избрише до 12 години.
Ете @cholismo летала со дете помало од 2 месеци па не го замараше форумот со глупости. Некогаш се остава животот да тече сам, не се планира секоја ситница оти на крај ништо нема да излезе од планираното.
 
Јас важам за најголема паничарка општо, сега откако станав мајка можи да замислите ... Амааа еве за чудо за вакви работи не се притресвам многу.
Нормално секој совет ми значи и секогаш сум ултра информирана кога правам нешто со бебе.

Откако е роден е по сокаци израснат, на сонце, на минус 20 на ветрови на што уште не, го облакам соодветно, и шибам.

На два месеци летнавме Германија, пред еден месец пак исто летавме Германија, вчера Гармиш Партенкирхен бевме, се изнаспа пустото на езеро, и тоа раслечен по куси, намачкан беше со фактор оти горе сонцето е појако, и во најжешкото бевме инаку не го мачкам. Избегнувам да го шетам кога е јако сонцето, тоа и на одмор ќе го практикувам.
Ќе одиме оваа година и до Шпанија оти сметам дека пред годината е најлесно, си седи во количка ужива, не мора да трчам по него.

Кога ќе му здосади му давам смоки една две од оние бебешки да гризи, без сол без шеќер, и зафатен е 20 мин, се преродив со нив.

Не си ја стегај душата, уживај си најубави моменти се овие, јас едвај чекам на плажа да му ги оптегнам батаците.

Ќе букирам во прв ред на плажа па ќе се прават комбинации во текот на денот за капење и спиење.

Никаква облека нема да му ставам за заштита. Ќе гледам природна сенка да фатам, нема да го изложувам на јако сонце така да витамин д ќе конзумираме природно :)

Не ги правете децата свилени, сигурно и татко ми мене ми ставал облека за ув заштита, аха, ме турна в базен олимписки и така се научив да пливам :ROFLMAO: на одмор кога одевме Охрид, во ладата натоварени до трт, шатори матори, ние со брат ми назад легнати, пекол внатре, па еве не, не умревме :)
По зимувања по летувања скроз либерте сме растеле, ќе гледам да пренесам колку што можам исто на син ми.

Јас за на утакмица го спремам наредна сезона, параглајдер за на плажа уплашен е :LOL:
 
Тоа е тоа што истото го применуваме и тоа е одговорот што го очекував и единствен нормален начин, а секое додатно притресување кон детето не е здраво нит за него нит за околината.
 
Да не бидам разберен погрешно.

Ќерка ми спиеше надвор скоро цело зимо, кога беше бар 7 степени. Блага зима, а и се допаѓаше надвор, така да баш убаво испадна. Ветерот ќе и ја однесеше количката во една пригода, но продолжи да спие. Јас чај си пиев.

Ми се чудеа, посебно постарите, али тоа е сосем нормална работа во Скандинавските земји.

Раце сум ја измил нула пати. Ја бањаме за бањање.

Ја оставам да гриза и лиже што сака, освен синтетичка нечистотија и хемија.

Чистам дома на двете недели.

Надвор поминува голем дел од денот и и е најубаво.

Два пати била болна до сега, да не е за подрек.

Не е малата стаклена, ниту пак сме ние параноични. Собираме информации од патилци и добри луѓе што сакаат да споделат искуство.

Тоа е тоа.
 
Епа штом сте Скандинавија остави ја нека се посунча малце :) Сигурно нема на јако сонце на плажа да ја држиш. Колку поблиску до плажа тоа подобро, да не мора со количка да се товариш а и кога ќе има дремки да ти е блиску, тоа најбитно е со мало бебе јас мислам.
Внук ми кога го однесоа на плажа на една година не сакаше ич во вода три дена плачел без престан, не сакал да спие во собата, не сакал вода, дури на крај пред бегање се вклопил некако.

Индивидуално е секое детенце ама во глобала тоа, на плажа кога не е јако сонце, носете си и храна оти децата се пимпирлии за јадење, можи нема да ви ја јади таа храна таму, сега претпоставувам се дека јадете на таа возраст.
Носете од лекови за температура некој сируп и електролити, еве пишала ацесо.
За комарци бебешка крема

За занимација би требало да немате проблем на плажа, скоро сите деца уживаат да се прпелкаат во песокта, така да лопатчиња со кофе и ќе се занимава.
Јас би нешто вакво, со добра ув заштита еве да не е цело време директ на сонце оти знам дека склет ќе го фати
download.webp
 
Ќерка ми ќе биде 13 месеци кога ќе одиме на одмор, па сакав да се спремам психички и физички околу тоа што ме очекува. Кога беше 4 месечно бебе ја штитевме од сонце и си седеше во скут кај нас. Сега веќе кога е една година работите се малку по различни па се надевав некој да сподели искуство. Плажата ќе е песочна, долга и широка. Малата сеуште не е проодена, но можно е и тоа да се случи во секој момент.

Ова ми се врти во глава:

1. Облека: од оние купаќите што го покриваат телото и имаат UV заштита. Обувки за заштита од жежок песок. Шеширчиња.

2. Ќе биде мачкана со фактор за UV заштита.

3. Ќе и купам некаква гума за да си се шлапа во плиткото

4. Мало базенче за да се шлапа до нас под чадор

5. Играчки за во базенчето

6. Лопатки и слични играчки за играње во песок

Препорака за нешто друго? Сакам да поминам со што е можно помалку стресови, иако очекувам да има турбуленции :)
Со мајка и сеуште не и даваме да гледа во телефони (и екрани воопшто), па ќе треба некаква занимација за да биде колку толку мирна.

Благодарам однапред!
Најдобро си го познаваш детето и напразно би ти давале совети останатите.
Многу често луѓето си делат совети само од сопствена гледна точка, а не сфаќаат дека не се сите деца исти и тоа што важи за едно дете, не важи за други.
Некогаш не можеш да влијаеш на карактерот на децата, ниту врз нивната желба за јадење, спиење и плачењето, трите работи што го менуваат степенот на тежина на родителството.

Во друштво имам другари кои имаат деца како бајчиња. Мирни, не се плачковци, каде сакаат ги носат, без никакви проблеми. Светот го прошетаа со авиони, додека наполнат децата 2 години.
Од друга страна сме останатите што немавме таква среќа :D
Другар еднаш леташе со авион и рече наредно ќе летал кога ќе направат децата 15 години. Мојот не може да издржи пат со кола подолг од 2 часа. После тоа и да сакаш не можеш да возиш, ушите ти ги распарува од плачење. Цела Македонија ја шетаме, ама секаде со преспивање и паузи. За авион не сакам ни да помислам, уште сега знам какво урлање ќе биде. И за мене тоа е бесмислено, само измачување за детето и го изложуваш на непотребен ризик, а него му е сеедно дали ќе трча во парк во Сарај или ќе шета во Барселона. Секако 5 метра еден саат ги одиме, во количка не седи, не знам која би била поентата да летаме некаде, освен да се фалиме дека сме биле.
И ние не му даваме screen time и глумиме кловнови 24/7, а немаме помош од никого. Некои што имаат константна помош од родители, па макар и јадење да им зготват или да им ги носат/земаат од градинка имаат бар едно 500 пати полесно родителство.

Да се вратам на темава.
На досегашниве одмори, искуството ни е дека не сакал да чуе да влезе во вода (да го брцаш) и се' друго му било поинтересно во првата година. Ниту во Охрид/Дојран, ниту во Грција. На море бевме кога имаше 9 месеци и седењето на плажа беше мачење за него. Одевме рано, до 11:30 веќе бевме дома, после одевме пак накај 5-6 попладне.
Немавме помош од други, бидејќи бевме сами, па тој што не е во вода мораше да внимава цело време да не изеде песок детето. Цело време се боревме со песокот. Играчките не му беа интересни на плажа, само песокот. Дете на 13 месеци веќе може да копка по песокот и веројатно тоа ќе ви биде главна занимација. Не сме носеле базенче, бидејќи и дома џабе му го купив, се утепува плачејќи во базенчето.
Во море го брцавме по 10-тина минути, ама ич не сакаше, цела плажа слушаше како се дере (со неколку светли моменти). Да не зборувам за облекувањето купачи и преслекувањето после тоа, мислиш некој го коле со нож. Тука исуствата се различни, има бебиња уживаат да лебдат во гуми во плиткото. На другар детето на две години плива растура. Пак ќе кажам, горе-доле сам си го познаваш детето најдобро.

Од практичниве совети, кои горе-доле си ги набројал, би ти препорачал (и убаво е секој што оди со мало дете да го има) фактор за сончање, купачи со UV заштита и секако - лекарства. Никогаш не можеш да знаеш дали ќе налеташ на стомачен вирус или било каква болест. Ефералган, Блокмакс, Нолпаза, електролити за деца (не памтам како се викаа) и слични срања што веќе сум заборавил како се викаа. Носко и физиолошки раствор :D
Ако не земате лежалки туку одите самостојно на плажа, имаш убави големи чадори во Џамбо, а би ти препорачал и едно големо шаторско крило за да си лежи на него. Да не се замараш да се пика меѓу пешкири иииии да лапа песок :D
 
Back
На врв Bottom