Ова Артета треба да го разбере како крај на прв циклус и да се менува, во спротивно ќе заглави со овој пат.
Успеа да среди еден клуб кој беше во расуло и далеку од конкуренцијата и да го донесе до врв, постепено се повеќе жртвувајќи во корист на резултат, за на крај да претера.
Направи одлична работа со Арсенал, сега е време да покаже дали ќе тера по инерција (а да го извадат некои квалитетни фудбалери во напад, за кои сега Арсенал има пари) или ќе успее да се тргне и да промени нешто.
А во однос на тимот, Арсенал има еден куп фудбалери кои што се квалитетни, со некаде двајца меѓу најдобрите на нивните позиции, но мора клубот да донесе екстра квалитет, а не само да се ослонуваат на голем и квалитетен ростер, што е добро за долга и напорна сезона, но елитен фудбал, мора и елитен квалитет, особено на позиции кои решаваат натпревар.