Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Looking Real Madrid GIF by UEFA
 
Упс, генерацијава е добар човек, добар менаџер и добар тактичар. Подобар фудбалер од двајцава што ги лафат и тоа за класа.
Неговиот успех е што ги соединува трите особини, многу успешно, впрочем!
 
Боро џабе се бунеа.
 
Нема понефер нешто од тоа да влезат овие со завршено 6 место, а третиот да не оди, катастрофа. Нека направат и за испаѓање од ПЛ исто ондак, глупости живи за пари.
 
Пишав мислам и претходно, која екипа освен Саутемптон ќе влезе од плејоф-от ќе се врати брзо назад.

Кога веќе не се они, мило ми е што тоа е Хал. Не би сакал на онаков начин Боро да пројде.

Е сега, ќе има многу работа во овој Хал.
Тимов потсеќа на оној Шефилд што пред 2 години допре дно. Дел од играчите се од таму, Оли лабудот, Иган, Алиахметовиќ.
Џајлс и Гелхард би можеле да се носат во ПЛ, но генерално тенок состав.

Интересно, тренер им е Босанец. Он фајр се браќата босанци периодов :D
 
image.png


Не ми е јасно као човек што прати фудбал го гледа ова и не сфаќа колку се језиви овие бројки.

Читај пак. 97 и 96 поени и ВТОРО место.

Ова се all-time шампионски сезони во било која ера, и 4 пати останале со курот у рака само затоа што им се паднал Пеп во лигата.
Голем % од гигантиве никогаш у историјата немале сезона со над 90 поени, а не па да имаш по две и да освоиш кур.

Да, Пеп троши пари. Ама трошеа и Мурињо, Клоп, Тухел, Карло и буквално секој елитен менаџер а по ново и секој рандом премиерлигаш. Разликата е што никој друг не доминираше лиги вака како Пеп.

198 поени во две подледователни премиер лига сезони. Ливерпул освои 97 и 92 поени и пак не зема титула. Истото пердашење го јадеше и Реал Мадрид со Мурињо. Ова не треба да е возможно у никој универзум.

Сега, фер е да се каже дека Пеп апсолутно заслужува критики за ЛШ после Барса. Дефинитивно премногу комплицираше во многу нокаут натпревари со чудни експерименти и некои random galaxy brain одлуки.

Али, лигашки фудбал со 38 натпревари е најтешкиот тест за конзистентност во фудбалот, а во тој аспект Пеп е без конкуренција.
 
Голем % од гигантиве никогаш у историјата немале сезона со над 90 поени, а не па Истото пердашење го јадеше и Реал Мадрид со Мурињо.
Во Негреира лигата можеби, со Сити откако имаа 115 не легални работи направени. Ок е, одличен тренер ама да се претресуваме нешто па и не баш. Реал мамето му го расплакаа во ЛШ.
 
На страна неверојатните успеси, treble со две екипи, sextuple, сто поени во ПЛ, four peat, и тн, Пеп има поголем legacy од Ферги поради тоа што го револуционазираше фудбалот. Неговиот стил имаше големо влијание, цела Европа се обидуваше да го ископира, многу менаџери се обидуваа да го имплементираат неговиот стил на игра.

Друго, колку тренери што биле под менторство на Пеп, како играчи или асистенти станаа класа тренери, едниот ученик само што освои ПЛ, другиот го наследува како менаџер, трет само што го превзема Челзи, четрвиот гази во Баерн и тн. Знаете колкав успех е ова?! Знаете кое влијание и која оставштина е ова?!

Кој менаџер во модерниов фудбал може да се пофали со ова? Кажете кој асистенти или играчи на Фергусон станале успешни тренери?
 
Исто вака клоп го правеа еден од најдобрите па ако не и најдобар па само за една сезона да падне во заборав :masa:
Исто споредиби со САФ се правеа ама не случајно се знае кој е кој
 
Ученикот на Пеп освои ПЛ со фудбал што е поблиску до Мурињо отколку до Пеп. :D Со Алонсо од друга страна се имаат фатено две сезони во Баерн. Повеќе има играно под Жозе и Бенитез. Ама битно тој е ученик на Гвардиола.

Не знам зошто и како ја почнавте дебатата иначе. Пеп е маестрален тренер и многу интересен лик. Има целосна почит од мене и секако има аспекти во кои е подобар од Фергусон, исто како што Ферги е подобар во некои други работи.

Да не ја должиме и шириме, бидејќи секако и менаџираа во сосема различни ери од фудбалот. Иако се поклопуваат последните 4-5 сезони на Фергусон со почетоците на Гвардиола. Во ПЛ е многу едноставно, серот со 13 титули е апсолутно неприкосновен и тоа ќе биде така додека сите други немаат ниту двоцифрено бројче до нивното име. На ниво на цела кариера, како што кажав, во некои делови доминира едниот, во други другиот, во трети Анчелоти, во четврти некој четврт, итн...

Сепак мора да кажам дека сум малку разочаран од дискредитирањето на Ферги што го прават одредени фанови на Барселона. Посебно што не се ни запознаени за некои работи што ги има постигнато, како што се гледа од авион од постовите што ги пишуваат.
 
Последно уредено:
Некој се пензионира со титула во најјаката лига, некој две години по ред почна да се само повредува. :gjavol:
 
Оф муко мори. Фергусон зеде тим од пијаници, али буквално пијанчуги. 6 години му беа потребни да склопи тим.

Пеп дојде во Сити, буквално бунар без дно кога се работи за финансии. Наследи тим на Сити што беше шампион пред 2 сезони. Купи цела одбрана во едно лето. Дај Браво, не ми чини, купи одма Едерсон наредно лето. Дај Мармуш на 300.000 неделно, не ми чини, купи Семењо. Дај Матеуш Нунеш, не ми чини, дај 60 милиони наредното лето за Нико Гонзалес. И така во круг. 90 милиони за Гвардиол.

Единствениот пораз на Реал во Европски куп е од Абердин, на Фергусон. Единствената екипа што била шампион во Шкотска, а да не е Селтик или Ренџерс, Абердин на Фергусон. Али ајде, не му се погодиле помошниците.
 
Back
На врв Bottom