Нема да кажувам клише муабети од типот почит према постари, мочка генерации, бидејќи факт е дека имало и лоши и добри примери во секоја генерација, така било секогаш, така и ќе биде. Децата се огледало на родителите. Убавината зошто порано било подобро ми лежи во недостапноста на нештата, кога нештата ти биле недостапни поради Х причини, највеќе финансиски, ти многу повеќе си се радувал на истите кога ќе ги имаш. Сега се е достапно и задоволството е многу помало. Еве купување сликички пакетче, порано си знаел дека требало да добиеш на тест 5ка или дома генералка да направиш, да помагаш цел ден дома за едно пакетче од 15 денари да добиеш. Сега цела кутија можеш да земеш, а ни приближно не се радуваш како тоа едно пакетче порано за кое цел ден си се мачел. Или гледаш светско единствен начин да дојдеш до информации каде игра играч ти е преку албумот, ако не е отворен не ни пушташ тв, сега се е лесно достапно на Гугл, не му се радуваш ниту го листаш/користиш. Многу површни се некако нештата. Од друга страна на работа, особено тие работи што можат со АИ да се заменат, многу е полесно сега отколку порано, па имаш повеќе време за други нешта. Време да живееш како возрасен е веројатно подобрo сега, тоа што фали од минатото не е времето, туку нашите години и таа недостапност на нешта што ја спомнав, може и едноставност да се каже.