Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе беше од голема корист Ливерпул да тепаа денес, ќе им требаа бодови на Вила. Вака Вила е сигурна со Сити. Борнмут има шанси на хартија, сѐ ќе им зависи од утакмицата со Сити. Артета мора да си ја заврши работата овие две утакмици. Верувам дека од борбата за домашната титула ќе зависи многу и расположението за финалето во ЛШ.
 
Зошто да се замараме дали Борнмут или Вила им требало бодови/ им значел натпреварот ?
Искачаш на терен и победуваш, све зависи од нас, simple as that.
 
Немам ништо против со Кристал Палас утакмицата небитна да биде
 
Доколку Сити утре тепа, а ќе има екстра мотивација пошто Гвардиола си оди, во недела ќе биде језиво турбулентно.

Дај боже утре да кикснат, зошто ќе биде недела тв-то за кршење. Башка целиот тим е исцрпен, кога го гледам Рајс без душа, али братот со последен исцрпен атом дава 200% на терен, милина за гледање е, убедливо најдобар играч на Арсенал. Ќе биде добро од многу аспекти да киксне утре Сити, меѓудругото да може да одмориме играчи и за финалето.

Како и да е, ПЛ е маст, а не верувам дека ЛШ ќе освоиме доколку се случи боттле со Палас у недела.
 
Честитки за сите напатени топџии низ овие години :D
Ако некој знае што стана со струмичанецот што ти отвораше темиве на форумов за Арсенал, нека му честита титула од мене :D
 
Back
На врв Bottom