Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
We will live it. We will love it. Welcome back to the beautiful game

1779024933869.png

Долго време не сум бил вака хајпнат за некој потег. Секоја чест, маестрално!
Иако, вообичаено за играчи кога сум бил хајпнат испаднале флопови ама.. :D
БлуКо пак паѓа напред, не по нивна вина завршија со одличен човек, ама како и да е...

Секоја чест! :vozbud:

Лукинг форвард!

Dosta se zaebavavme, vreme beshe malce da pokazeme xabi haha
 
Последен пат кога Челзи имаше ем Шпанец, ем легенда на Ливерпул за свој тренер завршивме со титула во Европа

1779030158790.png

Воедно:
Резултативе денеска не' враќаат во борба за ЛЕ! :vozbud:
Со две победи до крај играме во ЛК!
Со две победи, ако Брајтон не ги победи Јунајтед во последно коло тогаш ќе играме ЛЕ!
Дури технички сме во игра за ЛШ се' уште, ама мислам тоа реално нема шанса да се случи. Ама ЛЕ...
 
Chelsea FC are delighted to introduce their new manager, Jon Bon Jovi.
1779084239932.png
 
Не дека Сити беше кој знае колку подобар имаше и некои сомнителни ситуации кои одеа во поглед на Сити но ајде.

Фалеше оној зачин што го имавме во ерата на Абрамович, удар од далечина, индивидуален потег.
Баш тоа го имаше Сити и затоа победи.

Дефинитивно со Колвил позади изгледаме постабилни.


Алонсо е интересна фигура во тренерскиот свет, бајка во Леверкузен,
покажа дека знае да води тим до титула, ми се допаѓа што е флексебилен со формација.
Ако е точно дека ќе му дадат менаџерска функција а не како до сега тренерска тоа е општо корак напред за управата.

Секако најбитно од се е какви играчи ќе му се донесат и дали одредени играчи ќе се продадат, заменат.
 
Ќе биде добро 15 да им дадеме у второ за да може и со реми да отпаднат у последно..
Автоматски споено мислење:

(y)

Ајде, одиме на победа со Сандерленд и да си обезбедиме пласман во европски натпреварувања догодина, ќе биде добар тест и за Алонсо од старт (еееј овој ни е менаџер бе, уште не ми се верува :vozbud: )

Не знам дали на Јунајтед ќе им се игра, сигурно Брјатон на домашен терен ќе гризат, ѓаволиве нема за што да играат

Ама искрено ми е сеедно, што и да заслужуваме тоа треба да добиеме, макар и тоа ако на крај испадне ништо...

Само се надевам дека ќе изиграат машки во последно коло , па сеедно дали догодина среде седмицата ќе играме со Лилесторм во ЛЕ, со Шкендија во КЛ или со Стробери во Лига Куп

----

Воедно, пред точно 14 години, Чаби Алонсо го твитна ова:

1779225925663.png
( https://x.com/XabiAlonso/status/203961615614357505 )

За многу години дека е денов :love:
 
Последно уредено:
Подобро да не играме конференциска лига ако веќе резултатот не носи таму.

Последниве месец дена се форсира со 3 позади, најверојтано се уигрува формациски тимот за Алонзо.

Лавија не крена глава од повреди, солиден играч ама џабе кога скоро никогаш не е достапен, па најдобро е да се разделиме од него.
Хато натпреварите што доби шанса е сосема коректен, секако треба да игра пред Бадијашил.
Делап може експресно да се сели некаде.
 
Патетичен, патетичен, патетичен перформанс.

Катастрофа.
Ако Алонсо на прв тренинг не камшикува 90% од екипава ќе биде премногу мек за мој вкус.

Катастрофа. Очајна игра во секоја смисла.

Мало Густо е печен за Макаби Петах Тиква
 
Мизерија. Се надевам дека ќе ги тера да трча додека не повратат.
Ми се гади како играат.
 
На ваков перформанс, се освен борба за титула е разочарување догодина.

Мамата да ви ја ебам, една утакмица у недела ако не можете да извадите...

Сега како мид-тејбл тим, ќе мора да имаме мид-тејбл тип на проблеми, од аспект на "дали најдобрите играчи ќе ни ги земат појаки екипи, а ние ќе потполнуваме дупки со играчи од послаби екипи"

Така да, ќе видиме дали и кои квалитетни играчи ќе си одат.

А за останатите играчи што не се квалитетни (добри 90%), сега кога не ни треба длабина на екипата

javier-milei-afuera.gif
 
Од како го пратам Челзи 2004 па наваму ова е најлошата сезона за мене.

Во секој поглед, почнувајќи од врвот спортските директори, скаутирање и избор на трансфери, тие трансфери како се вклопија во Челзи,
перформансот на Мареска како поминуваше сезоната тимот одеше ментално надолу, за да отказот уште толку да го дотолчи тимот.
Назначувањето на Росениор можеби заедно со онаа одлука на Вилас Боас е најлошите потези.
Место Калум можеби требаше некоја од легендиве да ја заврши сезонава чисто да осетат малку играчите во соблекувална Челзи ДНК.

Можевме многу подобро во финалето во Фа купот, Сити влезе претпазливо да почнеше да гриза Челзи можеби ситуацијава ќе беше друга, вака Сити чекаше, Челзи чекаше и еден индивидуален потег ја реши утакмицата.


Тоа што завршивме надвор од Европа, кога веќе не сме во лш зона, подобро да не играме друго натпреварување за да се посветат играчите на домашно првенство.



Назначувањето на Алонзо и доколку е точно дека ќе му се даде улога на менаџер а не само тренер на првиот тим, е за пофалба.

Мене искрено ми беше прв избор Гласнер па Симеоне за да на трета позиција изедначено би ги ставил Фабрегас и Алонзо, ма да како го води Ираиола Бурнемут и со какви ситуации се справи е за пофалба.
Но некако мени ми изгледа дека Ираола е печен за Ливерпул во догледно време.


Летово Алонзо го чека огромна работа, пред се во поглед на дисциплина и организација.

Цела сезона Челзи изгледаше како да нема идеја на терен, после 2-3 месеци од светското тимот како да изгуби самодоверба, играчите станаа нервозни, нестрпливи на терен. Премногу црвени картони за еден тим од таков ранк.
Вчера класичен пример на една добро организирана екипа и екипа што само е на терен колку да заврши натпреварот, без желба без идеја.

На тоа Алонзо мора да поработи уште од првиот ден, искрен разговор со сите играчи, каде ги гледа, дали они се спремни за Челзи или сакаат убаво време во Шпанија, друг град и сл.

Продажба на доста играчи, може дури и стеснување на составот со оглед дека не играме европа.


Сигурна продажба на Бадијашил, Фофана, Дисаси, Густо, Делап, Лавија, Гарначо, Санчез, Јоргенсен, Фофана, Сар, Гиу, Адарабиот, Џексон.

Би се базирал на трансфери од премиер лига,

Руфс, Лакроа, Сенеси, Андерсен, Гимараес, Роџерс, Вилосн, Игор Тиаго.

Назначување на една од легендиве за помошник како Тиаго Силва, Тери, Дрогба, Чех.

Доста позитивно и што ми се допаѓа кај Алонзо а доста негови играчи имаат изјавено дека е тренер што нема стрикно една идеја или формација туку е флексибилен.
Иако мислам дека поголемиот дел ќе биде 3-4-3 или 5-2-3.
 
Зоки за Енрике не се слажам, точно стигна далеку лш но тоа е повеќе сплет на околности без црвен немаше да ја помине Барселона. Полесна ждрепка имаше но Псж не изгледа нешто моќно или тактички спремно.
Се слагам, имаше среќа дека Интер и Арсенал му се паѓаат, инаку тапа тренер, се спасивме :D
Покетино е добар тренер, не е некој вчерашен дибидус.

Енрике и сличните на него, не благодарам.
И ја се слагам, за овие сопственици само Покетино и подалеку од фаци ко Енрике
Енрике и Нагелсман ич не ми се свиѓаа како опции, посебно првиот. Ако треба да бирам меѓу нив и Покетино, одма би го избрал Покетино.
Ова е директен цитат од Boehly изгледа пред некоја година :D
Енрике е феил ќе тражи много паре за трансфери и ќе добие клоцу много брзо.
Види, ова и држи вода, ама од друга страна па и трошевме многу пари :/
Ќе се утепаме од играње ногомет со Енрике :D
Ти да земеш сам да се утепаш, ти ебам тоа ретардот еден, оди глеј балет ко не се разбираш од фудбал

Ок де, не се лутете, интересно ми беше да видам што-сме рекле, генерално 90% од вас што ве цитирам имате нормални ставови, преференци, дури и имаше ептен "dobar trener, ama so nas ke si ebe mater, ne odgovara na sistemot" ставови. не сте грешка и не ви се ситам иако ве цитирам, малце да се расположиме во овие "единствена екипа од Лондон со титула во ЛШ" денови : )))) Моево е од 2018, кога Шпанија со човеков играше ептен очобол за мој стандард, морав да се цитирам сам себе, секако, тоа со Шпанија што го играше ми беше ептен ептен тешко за гледање, ама за негова среќа го батали тој досаден пристап во меѓувреме :D


Секако, немаше шанса да дојде, а и да дојдеше најверојатно ќе завршеше ко Мареска - со напуштање на екипата поради проблеми со бордот, така да...

Го имаме Чаби сега, еве ја уште од сега кажувам дека е одличен избор, кажете си став со време, па некој глуп ко мене да не' цитира за 5-10 години ко ќе испоцркаме сите

П.С. Бреј чоек, дури и пред некоја година темава била поактивна од сега..а и тогаш не била ептен :(
 

Робертсон па сега Сенеси. Двајца искусни ПЛ играчи.
Со ова мислам ја завршија одбраната Тотенхем.
Баш ме интересира што ќе бара Де Зерби за средина и напад.
Наместо да го земат Сенеси они сега ќе донесат некој талент од некое село и ќе гледаме циркузи пак во одбраната.

Како ќе ни легнеше овој во одбраната тоа е страшна работа...

Џабе Алонсо кога од почеток се гледа дека пак ќе е иста работата
 
Наместо да го земат Сенеси они сега ќе донесат некој талент од некое село и ќе гледаме циркузи пак во одбраната.

Како ќе ни легнеше овој во одбраната тоа е страшна работа...

Џабе Алонсо кога од почеток се гледа дека пак ќе е иста работата

Koнате вика Добар ден.
 
Back
На врв Bottom