Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување


Јас се надевам дека погрешна е информацијава. Ако не е... :pos:

Дали човеков го знае резултатот од првиот меч во Мадрид? Што е со составов? Единствен напаѓач е Хаверц. За ова отказ треба да добие во 20:00, да не го дочека ни почетокот на дуелот.
 
Му замерив на Лампард за составот, ама кога гледам па ги пуштил само тие што им се игра. Боље него да гледам преплатени тинејџерки.
Автоматски споено мислење:

Чалоба. Куркуреља. Не за џабе сите шанси на Реал беа по таа страна.
Автоматски споено мислење:

Сехеехехега ќе бркаме резултат . На 3:0 . Еххехуе Лампард и ти да си ебеш векот.

Легенда од играч, дно пропаст од тренер. Како кев кец на десетка се погоди на пародијава наречена Челзи сезонава.
 
Последно уредено:
Не би било лошо да се најде листа на сите кариери што ги има уништено Челзи во последниве години.

Значи не само со Тод, туку уште од лани.

Потер после ова нема да види солидна екипа пак. Лампард исто.
Дури и Тод не верувам дека некој би сакал да му е газда после ова.

Тие што ги купија останати од Брајтон и луѓе што тревата ја пасат (ова нели, озиблно, го отпуштија тој од Челзи за да платат скапо некој што бил на Реал), многу веројатно исто.

Да не заборавиме нели и луѓе што работеа со Роман што ваљда имаат сега пари и не планираат да се замараат.

Потоа Лукаку, еве го гледаме во Интер дека не е истиот. Галагер, Чалоба, Лофтус и уште пар други играчи што едно време делвуаа надежно не верувам дека би стигнале подалеку од Брентфорд и Нотингем после ова.

Хаверц никад не бил напаѓач. Тухел го стави за напаѓач, му донесе титула некако и еве, освен тоа не верувам дека ниту една екипа не би сакала да го има (ок, за него секогаш ќе има место во Бундес ваљда)

Кукуреља исто, од надежен играч, најверојатно ќе стигне играч што ќе игра по Брајтони и Вест Хеми.

Има тука уште многу многу долга листа на луѓе кои им се сјебал животот ради екипава.

Да не зборам за многу млади дечки што биле внесени во академијата на клубот и никогаш не станале сериозни играчи иако биле хајпани.

Која е поентава на тимов? Нема. Нема завршница. Како и играва.

Онака само да кажам колку несреќа има донесено клубов на многу луѓе.

Се надевам дел од луѓево ќе најдат некаква желба за живот у скоро време. Баталете тие муабети дека имаат пари. Имаат пари некои од овие. Не верувам дека рандом човек што чистел вециња а бил отпуштен за да се вработи некој професионалец со искуство од Баерн дека живее на висока нога. Или дека Гаел Какута у моментов живее живот на висока нога. Или рандом фан од Африка што у моментов се праи ѓон пијан.

Реков ова уште од дамна, паметен човек емотивно се оддалечил од клубов уште пар години уназад.

Само криво ми е што нема да гледаме интерсен фудбал у следниве 3-4+ години, освен Челзи и немам некоја желба да гледам било какви рандом утакмици фудбал.

И да, да заклучиме, никој не е конкретно крив за ова, вртење у круг е барање на кривец. Тоа е, некад некои работи не идат јебига.

Здравје, 2027 можеби ќе имаме среќа.
 
Не се одважија ниту еден гол да дадат. Анчелоти - Лампард на крајот од денот беше мисмеч. Ако ништо друго.

Се истрчаа добро, што има врска. Тактиката и селекцијата на место. Ни на душманот не му ги посакувам.

Во суштина, сезоната заврши вечерва. Полошо во 20 години, немало. Виновници има и тие имаат име и презиме. Наше е некако, некако, да победиме некого и да обезбедиме уште три бода за теоретски опстанок.

Избор на квалитетен тренер ќе биде многу поважен потег одошто првично се мисли. Круцијално за тоа како и каде ќе се движи клубот со идиотите на чело. За бркање, сите. Освен јануарските засилувања и Фофана. Буквално сите треба да бидат на листа за продавање.

Потоа, здравје.
 
Тоа е лига на шампиони, Реал ни покажа како се користат прилики лани и сега. Ништо посебно ама доволно да се помине даље.
За мене многу подобар меч од Мадрид, желба да барем од они што беа изберени од Лампард за први 11. Замените катастрофа.
Главен виновник за испаѓањето се неискористени шанси, не дека ги немавме ги имавме доста, незнам што треба да се деси за Челзи да искористи зицер. Да беа 2-3 играчи ќе разберам ова е генерален проблем од сите 28 играчи што ни се на список.

Кога цела сезона си џогираш лагано и цела сезона ти се сведува на еден меч пиши пропало.
 
Klov.....
Koj k.. te terase da davas 72m evra za flop



Ostanaa 4 da videme koj ke bide "The Chosen One" little puppy "Yes, Sir"
My money is on Poketino he is very good at doing that and btw serial loser like this clown
The German is also good in swallowing everything they throw to him....
 
Германецот замина од Баерн затоа што не се согласувал за многу работи со Брацо и Кан. Баш Нагелсман е јес мен.

Патем, без грижи, надвор е од трката. Наводно самиот се повлекол од преговорите.

Читам опции како Компани, Господ напомош. Ако не е Нагелсман, а не е, тогаш нека одат на опција Де Зерби, па и Гаљардо. Најмалку ми е по ќеф Покетино, иако не мислам дека е лош тренер и толку лошо решение за овој кор.
 

Интересен е тајминот на статијва.

Покетино, Компани и трет кандидат кој е анонимен сега за сега(Гаљардо)?

Покетино океј.
Ама Компани, па ист профил како Потер во поглед на искуство.

Не е на арно работава.
 
Последно уредено:
Какво педигре има Покетино serial loser еден ебан куп у Франција и една титула со огромен буџет....
Не можам да го најдам твитот....
Замисли како предност кај него се зема што тој "Almost win the league" fuking Almost, и добар бил за развивање на играчи....
По логикава на кловнов треба да се оди по Артета "he is the man" he almost won the league 3 times including this year.... good in developing players

Screenshot_207.png


Кловн не е овоа циркус....
Истово се случило и со Мудрик, персонал тур низ соблекувалната..... Shit Fiesta

Championship here we come... if not this year next its ours
Btw we need to taste some Championship and bellow games so we have pre-season friendly match with Wrexham
 
Не знам што е со хејтов за Покетино, премногу негативна атмосфера се ствара, сосема солиден тренер е. Јас апсолутно би бирал помеѓу него и Гаљардо евентуално на коцка. Искрено Нагелсман иако беше фаворит, мене ми е само германски Потер, ништо повеќе, премногу исфорсиран, исхајпан тренер, ќе видиме како ќе му се развива кариерата ама мислам дека секако не е за Челзи.
Ме интересира зошто не го вреднуваат Енрике али и со Покетино сум задоволен, секако ќе имаме бантер ера од две три години, ќе биде добар транизиционен менаџер, ќе ги спреми играчиве физички да бидат машини, нешто сеоски Мурињо ми е, едноставен фудбал, доста од филозофи.
 
Не се замарам многу за тренерот затоа што најбитно е како ќе се расчисти тимот летово и дали ќе се донесат уште 2-3 играчи на критични позиции за да се избалансира и да може вистински да почне да се гради некоја основа за успешна иднина. Без тоа, не е ни битно кој е тренер, секој ќе се мачи.
Дополнително па и не ни има некој достапен тренер за кој би рекол дека ми е идеална опција и ептен би го сакал. Енрике и Нагелсман ич не ми се свиѓаа како опции, посебно првиот. Ако треба да бирам меѓу нив и Покетино, одма би го избрал Покетино. Изгледа веќе блиску се до договор со него, ама секогаш може да има нов твист со Челзи. Во секој случај, се надевам ќе донесат одлука следниве 2-3 недели за да може позадински да се почне со конкретни планови за следна сезона.
 
Not great, not terrible. Покетино е добар тренер, не е некој вчерашен дибидус. Покетино не е елитен тренер. Интересно, мандатот во Челзи може да го претвори во таков. Втора шанса, откако не ја искористи првата во ПСЖ.

Мојот избор беше Нагелсман, не се договориле, Боже мој. Ма да, после тоа што прочитав во врска со неговото недоаѓање и причините, можеби и подобро што не дојде. Енрике и сличните на него, не благодарам. Опциите како Гаљардо (со пресметан ризик) и Де Зерби, ми фаќаа око ептен. Нема врска.

Мислам дека помеѓу фан-базата најголем антагонизам кон Покетино се создава поради неговото минато со Тотенхем. Лично мене тоа не ми претставува проблем. Дополнително поради тоа што се работи за тренерска професија. На овие што креваат галама, да им го понудиш Кејн сега со две раце ќе го потпишат. За волја на вистината, за разлика од еден Бенитез своевремено, Покетино никогаш нема лош збор за Челзи кажано. Единствено, мечот на Бриџ кога се бореа за титула ми пречи во таа смисла. Ужасен пристап, ужасно однесување, се надевам дека Челзи со него нема никогаш да одигра таков меч.

На крајот, односно на почетокот, на Челзи во моментов му недостасува човек што повторно ќе го реорганизира, ќе создаде структура. Синхронизација на терен, тактички, позициски. Сезонава личевме како седмоодделенци на физичко. Ужас жив, расуло. Како никогаш во послендиве 20 години.
Е Покетино верувам дека може минимум тоа да го направи. Да создаде тим што ќе може да се натпреварува. Дали ќе може со тој тим подоцна нешто и да освои, ќе видиме.

Добро е што негува прилично напаѓачки и директен (важно) фудбал, знае со млади и талентирани играчи. А ние поседуваме такви. Лошо е што неговиот фудбал исто така е базиран на многу борба, интензитет и трчање, а ние засега не располагаме со кадар што ќе може да одговори на тие барања.

Во секој случај, очекувам да биде новиот тренер презентиран во следниве две седмици максимум, за да веќе од мај почне со подготовки за следната сезона.
 
Кој и да дојде, неможе да биде полошо од сезонава. Покетино не е воопшто лош избор да се стабилизираме ама он е само еден дел од сложувалката, уште побитно од Покетино е како ќе го скоцкаме тимот, продажби, кој ќе игра напаѓач, ДМ. Ако не изиграат паметно лето, џабе ни е Покетино ако сме пак без напаѓач и кој да даде гол.
 
Back
На врв Bottom