И вака можам за секоја ебана дискусија со тебе, али неќам, бидејќи нема објективен пристап кај тебе, туку само блатантно пропагирање.
Тоа е топ, ако поставиш линк/референца дава повеќе контекст на муабетот, а и некои од работите што си ги пишал нема сите да ги знаме. Друго, немора премногу озбилно да ги сваќаме дискусииве, као нешто судбина да решаваме, муабет правиме ебате. Моето мислење е субјективно, не ти викам дека треба да ми верува некој или дека сум во право. Секој нека си мисли со своја глава, ја давам поглед од мој агол.
Смешни се овие обиди за минимизирање на расизмот кој се турка преку она што го нарекуваат DEI.
...мала група, пред 5-10 години, на само еден кампус, само еден ден... бре, бре, бре
Претеруваат белциве, нели?
Неколку работи околу ова: ти пишав на предходниот пост, има луѓе што во име на ДЕИ прават работи што се спротивни на идејата. Како што имаш некои луѓе што во име на ДЕИ прават идиотски работи (а тоа што го прават не е ДЕИ по мене), така имаш и расисти што во име на религија или патриотизам,
прават населби само за белци или преку полициски систем
како членови на ККК вршат репресија над црнечко население, иако тоа не е ниту христијански, ниту патриотски.
Во САД има голема нееднаквост меѓу раси. Белците се во многу подобра позиција објективно него црнците (од пристап на образование, до здравство, безбедност). На пример, во просек, црнечка фамилија во САД има
тотална вредност на имот на располагање од 44000$ додека белците имаат 284000$ што е околу 6 пати повеќе. Пристап до животни прилики, безбедност, образование и здравство ќе им изгледа тотално поразлично на две деца, родени во две различни средини само ради нивна боја на кожа што ја добиле не по свој избор. Како белец лотарија на раѓање во САД ти дава релативно подобри шанси него ако си роден во црнечка фамилија. Тоа не значи дека нема црнци што се успешни, или белци што се во тешка позиција, али просекот не ни сигнализира дека белците се нешто ужасно репресирани и компаративно повеќе страдаат него црнците.
ДЕИ вика, без разлика што некој е сиромашен белец од трејлер-парк од Аризона или е црнец од некое гето во Чикаго, дека и белецот што е од скромна позадина (не завршил на Андовер или Ivy школа) и црнецот што нема добри животни прилики, можат да имаат еднаков пристап до работна средина како и некој што е израснат во привилегирана позиција, роден во пари, растен со тутори по бординг школи што се по 70000$ од година. Ова е суштината на ДЕИ. Во пракса има луѓе што го злоупотребуваат ова, како што злоупотребуваат религија, идеологија или што и да е, али суштината е по мене правилна - еднакви услови за сите.
Сум имал лично и лоши искуства со ДЕИ али и покрај овие искуства, по мене, со сите проблеми што ги има ДЕИ, ако го ставам на вага, носи повеќе корист него штета (поготово за нас што сме надвор од англо-саксонско подрачје, не сме растени на Нантакет или Аспен, а сакаме да конкурираме на нивен пазар на труд и да не не пропуштаат за унапредување пошто имаме акцент или славиме различни празници него мнозинството во компанијата).