Види, тоа што го опиша е одговорност, но не е визија. Да плаќаш сметки, кредит за кола и одмор на рати е само пливање за да не потонеш. Тоа е мајндсет на преживување во кој секој заработен денар веќе му припаѓа на некој друг.
Визија не е да се снајдеш како да ја усреќиш партнерката со одмор во Грција на рати. Визија е кога имаш план како за пет години да не зависиш од тие рати. Визија е кога градиш нешто свое, кога инвестираш во знаење или бизнис што ќе те извади од тој круг на кирии и долгови.
Просечниот мајндсет се задоволува со тоа да има за месецов. Перспективата е кога знаеш каде сакаш да бидеш по 10 години и активно работиш на тоа, а не само да чекаш први за да ја платиш ратата.