Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
pa fino ti kaza od nejzina perspektiva. :icon_mrgr:

sega ti ako imas tvoja, tvoj problem. :toe:
Немам проблем со нејзината перспектива, ни па со мојата...

Само сакам работите да ги кажеме со вистински зборови, без метафори и виткање обланди!
 
А зошто не работиш?
Моментално не работам.Не значи дека нема да работам цел живот.Имам и добра струка.Но, сега така се погодени коцките да не работам и да не возам.Возам, ама не сакав со кола да и дојдам.(за да видам каква е кога немаш ништо)Искрено и го видов правото лице.
Не вози братот, ако не знаеш да возиш џабе ти е.
Знам и возам.
 
Немам проблем со нејзината перспектива, ни па со мојата...

Само сакам работите да ги кажеме со вистински зборови, без метафори и виткање обланди!

jasno, samo ne vredi zamaranjeto
 
Возам, ама не сакав со кола да и дојдам.(за да видам каква е кога немаш ништо)Искрено и го видов правото лице.
Да, да секако. Штом си ја тестирал, си добил одговор (според тебе) што бараш од нас всушност?
 
Значи тип што е планира иднина, дури и живот под кирија ако веќе нема стан..
Што плаќа кредит за кола..
Што ќе оди на одмор у грчка на рати..
И е спремен да направи се во најдобрите негови можности за да ја "усреќи" љубовта на неговиот живот..

Уствари може и повеќе.. визија му фали?!
Ова не е доволно...!
Види, тоа што го опиша е одговорност, но не е визија. Да плаќаш сметки, кредит за кола и одмор на рати е само пливање за да не потонеш. Тоа е мајндсет на преживување во кој секој заработен денар веќе му припаѓа на некој друг.

Визија не е да се снајдеш како да ја усреќиш партнерката со одмор во Грција на рати. Визија е кога имаш план како за пет години да не зависиш од тие рати. Визија е кога градиш нешто свое, кога инвестираш во знаење или бизнис што ќе те извади од тој круг на кирии и долгови.

Просечниот мајндсет се задоволува со тоа да има за месецов. Перспективата е кога знаеш каде сакаш да бидеш по 10 години и активно работиш на тоа, а не само да чекаш први за да ја платиш ратата.
 
Совет дали да продолжам да ја чекам или да барам друга?
Она те исфрлила од игра, нема што да ја чекаш. Барај друга, у меѓувреме и работа барај си.
 
Флеш ти си цел црвено знаме. Ти спејс шатл да леташ ќе те познаат дека не си арен.
Не е он бе, он никови само со кирилица прај.
 
Види, тоа што го опиша е одговорност, но не е визија. Да плаќаш сметки, кредит за кола и одмор на рати е само пливање за да не потонеш. Тоа е мајндсет на преживување во кој секој заработен денар веќе му припаѓа на некој друг.

Визија не е да се снајдеш како да ја усреќиш партнерката со одмор во Грција на рати. Визија е кога имаш план како за пет години да не зависиш од тие рати. Визија е кога градиш нешто свое, кога инвестираш во знаење или бизнис што ќе те извади од тој круг на кирии и долгови.

Просечниот мајндсет се задоволува со тоа да има за месецов. Перспективата е кога знаеш каде сакаш да бидеш по 10 години и активно работиш на тоа, а не само да чекаш први за да ја платиш ратата.
Многу убав одговор..

За жал, на (нас) просечните, кои поради икс причини никогаш нема да започнат свој бизнис, или надградувањето ќе им се врати ситно (избор на професија и сл.)
Ти не зборуваш за долгови (пардон ништо лично), од долг и кредит се испаѓа.
Ти зборуваш за "вишоци"!
А тие вишоци можат да ги имаат не горните 20% туку би рекол топ 10%!
(Знам инжињери со огромни примања кои се заглавени оти децата им студираат во странство, вишоци 0)
 
Не е он бе, он никови само со кирилица прај.

Шознам обично флешот не остава растојание кога става точка и почнува нова реченица.

Порано оставаше растојание па точка. :pos: :pos:
 
Ама пак грешка ме сфаќаш. Не знам зошто имањето визија го изедначуваш со имање многу пари. Јас ти зборувам за капацитетот на умот. И со просечна плата може да не си просечен во умот. Човек со визија е интересен дури и кога е со празни џебови, затоа што знаеш дека со него можеш и да си направиш муабет, и да правиш планови, и да градиш.
Страшното не е да се биде финансиски просечен, страшно е да се биде амбициозно мртов.
 
Шознам обично флешот не остава растојание кога става точка и почнува нова реченица.

Порано оставаше растојание па точка. :pos: :pos:

И ја мислам дека е он, Вори му беше на латиница името.
 
Back
На врв Bottom