Ништо не се издава брат ми. Зјаат празни станови низ Скопје. Еве кај Седмица Центар, нов стан 82 квадрати, среден тамам, не може ни 450 евра кирија да извади. И после некој ќе ми каже „огромна побарувачка“. Ако имаше толкава побарувачка, немаше пола град да стои празен навечер со изгасени светла.Кириите се буквално заглавени со години.Цени на станови одат у плафон, а кириите не ги следат. Тоа само по себе кажува дека цените на становите не се кренати ради некоја реална потреба за живеење, туку ради шпекулација и паркирање пари у бетон.И најтрагично е што обичен човек веќе не купува стан за да живее.Се натпреварува со луѓе што веќе имаат 5, 6, 7 стана. На богаташот не му е битно дали ќе стои празен. Не му треба кирија. Не му треба ни да го продава. Само сака да го тргне од пазар и да му стои како „сигурна инвестиција“.И тамам кога ќе се пушти нова зграда, први влетуваат тие.Не чекаат кредит, не рачунаат рата, не мислат дали ќе имаат за струја. И купуваат по 2-3 стана одеднаш додека нормален човек уште собира документи за кредит.После инвеститорите гледаат дека има „продажба“, па ги креваат цените уште повеќе.И така обичниот човек останува заглавен у loop. Колку повеќе штеди, толку повеќе цените му бегаат.И после млад брачен пар бара 46 квадрати за нормален живот, а не може да најде.Не ради „голема побарувачка“, туку ради тоа што пола новоградба стои празна и служи како дигитална касичка за луѓе со вишок пари.Пазаров одамна нема врска со реален живот.Има врска со тоа кој колку кеш има да заклучи квадратура и да ја тргне од пазар.И после млад брачен пар бара 46 квадрати за нормален живот, а не може да најде.Не ради „голема побарувачка“, туку ради тоа што пола новоградба стои празна и служи како дигитална касичка за луѓе со вишок пари.На крај добиваш град полн со нови згради, а празни станови.Град кај што има бетон колку сакаш, ама се помалку луѓе што можат нормално да си дозволат дом.И после се чудиме зошто младите бегаат.Не е само ради плата. Туку ради чувство дека што и да работиш, пак играш партија каде некој друг одамна ги купил сите полиња на таблата.