Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Хехе шегите и мемињата за кумата само дополнително докажаа колку сме некреативни и без смисла за хумор ко народ. Би отишол еден степен понапред и би рекол дека е своевиден IQ тест, но ајде да застанеме на мала доза хејт за денес. #зграпчигоденот
 
Кајг,
ме прашува културно,
,,Се извинувам, ве посматрам како на влажна марамица го прскате дезифициенсот од шишенцето и ја бришите масата пред да ви донесат за јадење, ај тоа го разбирам, ама зошто ја бришете столицата, тоа не ми е јасно?"
...јас само му покажав со прст, на соседна маса една во зрели години со ајфонот во рака и со нога на другото седиште на столицата, ја болеле нозете, а надвор влажно, што нога ќе беше тоа, да седнам на таква столица, нели?

...ми дојде говедската чорба, си го наместив преносот!


...денес е голем ден, празник за тие што знаат што бил фашизмот, 09.Мај ослободени од Хитлеризмот, како што рекол генерал Жуков ,,Никогаш нема да ни опростат што го ослободивме светот од фашизмот, далечната 09.Мај 1945 година".

...и со право го рекол тоа, денес иста таа Германија се дрзнува да праќа дронови, оружје и да ја ,,храни"војната, против тие кои го ослободиле светот од нивниот фашизам!

...бон апетит, биџи!
 
Има денови кога некои раб ми сметаат да јадам, да спијам, да функционирам, да мислам на друго, а обично тие работи немаат никаква поврзаност со мене (барем не директно лична) и некогаш се и вистина глупости, тоа зависи и како што велеше дедо ми која страна на медаљата ја гледаш. И пишувам тука како нешто што можам да го оставам некаде и да ми олесни, зошто морам нешто да направам, а за жал да сменам не можам.

Прво.
Фестивалот СИДО.
Најубавите спомени од моето детство. И на секој моја генерација, 10 години плус или минус. Најубавата генерација. И замисли после 30+ год слушање на тие песни, растење свои деца со тие песни, растење нови генерации со тие песни, наеднаш слушаш дека некој ден ќе има фестивал каде сите тие песни и сите тие четири пет шест годишни деца што ги испеале тие песни пред толку многу време кои сега се возрасни, со свои семејства, со свои професии, некои останале да пеат, некои не, остареле, ама ете на тој ден сите тие ќе бидат на едно место и ќе имаш шанса уште еднаш да си дете. И замислуваш спектакл. Замисли кои очекувања ги имав јас. За себе.
Ама.. Доста драми и плачки.

Јас колку што се разбирам во музика нема некој повеќе што не се разбира, посебно во техничкиот дел, ама..

Внатре штала. Стари штици залепени со селотејп, сигурно пред многу години зошто веќе почнал да попушта и внатре да собира ѓубриња. И тоа ти удира во очи онака ептен, на тему имаш милиони дезени на мушами, теписи, стази не знам шо за ситни пари па мајка му стара. Тек тук фрлен по некој гитарист, на пола метар од него друг, па на метар некој до сајзер, па уште двајца со по некое инструменти расфрлени и на средина она ама баш буквално дечкото рика, појео ме туџи срам, НаташаааАААаааа оД Трееееееттттоооо тРрррииии и пара уши, над него стар некој екран кај што оди снимка од мтв од песната што ја пеел како мал и некако ко да се труделе да го наштимаат синхронизираат што ти јас знам како се вика со таа снимка и овој урлачов, ама ко скроз да баталиле и овој рика доле а на снимката се поклонува и почнува друга песна. Дете бил, може вистина знаел тогаш да пее, може на татко му била сендвичарата карши па мтв си каснувале сендвичи без пари од кај јас да знам ама Ве има бе миљарда експерти, сценаристи, продуценти, автори, текстописци, културни уметници, директори, менаџери, шефови, шминкери што уште не знам и никој не слушна дека дечково не знае да пее???? И најстрашно не само тој, него 80% од другите. И само седиш гледаш некој рикач нека ми извинат сега не се тие криви, кај што од петни жили се обидува да излезе барем глас од него, штици и стар екран. И екран каде како ние да сме се вратиле во минатотот и гледаме во него што ќе се случува по 20 години.
Ми го уништија, ми го убија, ми го закопаа детството и ушите ми ги распараа.

Стави бе мушама, некој пратечи вокал за помош, тргни тоа каблите, стави некои деца позади нека мрдаат кога не можеш, не сакаш, немаш и искрено не ме ни интересира гнасната причина зошто тоа така се изгледаше и беше и помина, само знам дека заминав со закопано детство, болка во ушите и во душата. Толку за тоа, а малку напишав. :)

Второ

Многу дискутабилно, замешано, измешано, замрсено и не можам да кажам дека поддржувам насилство, не сум деген, ама дека поддржувам па и убиство на свое дете ич, не можам да се изјаснам јасно и дефинитивно, ама еве тука нешто барем во кое се разбирам од техничка страна.

Да, судството ни е катастрофа. Се ни е катастрофа. Осуден на 12 години.

Ама, читам требало доживотна, над 50 години, над 100 години, на судијата исто да му се десело не знам што. И сега како што јас лаик глуп зборам за првиот дел и напаѓам нешто во кое немам врска, така и и тука пола држава напаѓа нешто за кое нема благе везе што бара и што пишува.

Секоја држава има свој кривичен закон. И секое злосторство си има член по кој има минимална и максимална казна затвор. Пример член за обично убиство со поблага казна и член со подчлен за тешко убиство со се разбира максимална доживотна. Е сега има милиони такви злосторства со минимални и максимални казни. Кога некој се терети за некое дело, се терети по тој член и со оглед на околностите се казнува според тој член, не како ќе им текне на судиите. Онака ептен најпросто кажано да се знае. Човекот е обвинет по три члена за кои има вина, за едното злосторство дури и прв пат некој е обвинет и суден во нашата држава и човекот за сите три е крив и за секој член посебно си добива МАКСИМАЛНА казна затвор. Не може да му се додадат уште пет години онака од ракав гратис од судијата за да не пишува сега Митра на фб уа судија на чедото твое да му се случи. Барајте промена на казните во кривичниот закон, пцујте го уставот, државата, системот, излезете на улица за промена на некој член, со поголема максинална, еве пример да бараме фемицидот да биде посебно злосторство по член, а не да се води како убиство или тешко убиство. Нека биде посебен член со доживотна максимална. Мене ме заболе искрено за судиите, ама во овој случај вистина не се криви, суделе по три члена, за сите три члена го осуделе како крив на максимална казна и? Толку, тоа е. Правдата барем овдешна колку што ни е чергата на државата е задоволена.

Веќе и ми се смачи да пишувам не знам ни дали разбра некој што и за кого пишувам, се надевам нешто од нешто кажав во се ова што изнапишав, повеќе сфатете го како муабет на некој со себеси и во себеси.
Зошто некаде погоре и ми се смачи да пишувам.
 
Последно уредено од модератор:
Драга,
Денес покрај тоа што го слават 9ти Мај како ден на ослободувањето од фашизмот и нацизмот на Европа има и друг 9ти Мај кој е исто така победнички и тоа се случи во Македонија пред 11 години. Вечна им слава на загинатите. Македонија раѓа и ќе раѓа синови-јунаци кој ќе ја бранат од злото што ја опкружува, а тероризмот е болест за која ги имаме најдобрите доктори и најдобрата медицина.
 
Честит Ден на Победата! Малку познат факт, една година пред конечната капитулација на фашистите, Советската армија измаршира низ Москва 60 илјади заробени нацистички војници, командири и генерали.

Да не заборавиме на која страна бевме ние и нашиот македонски народ.

И да бидеме живи и здрави, ќе дочекаме пак да ја ослободиме Европа од фашистичките свињи кои денес само сменаа име и знаме


1280px-RIAN_archive_129359_German_prisoners-of-war_in_Moscow.jpg
 
Драга

И Youtube више не е тоа што беше. Едно 2 саати слушам музика и во тие 2 саати 100 реклами и sponsored videos прескокнав. Па на Спотифај помалце реклами ми се чини пуштаат од Јутјубов.

На времето ко ќе им кажуваме на деца, внуци, еее внуче во мое време немаше реклами на Youtube, не те смараа со спонзорирани трешови, пушти музиче и пее дур не го исклучиш.
 
Back
На врв Bottom