Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Вест Хем е финалето за нас, и многу ме плаши мене пошто имаат за што да играат.

Палас после пласманот во финале шанса нема со нас 3 дена пред финалето да извадат силен состав.
Вест Хем-Арсенал
Њукасл-Вест Хем
Вест Хем-Лидс

Тотенхем-Лидс
Челзи-Тотенхем
Тотенхем-Евертон

Според распоредов, Вест Хем нема голем избор, мора да напаѓа и дс оди на победа. Ако одат на нерешено, Тотенхем со победа (што се очекува) ќе се одлепи на 4 бода.

Тоа што они мора да одат на победа, би требало да им одговара на Арсенал затоа што ќе мора да се отворат. Поголем проблем ќе беше ако играа дефанзивно.

Како и да е, финале е за Арсенал оваа утакмица.
 
Не ми е јасно зошто Москера не влезе место Вајт. Откако се пресели на десен бек Рајс ја изгубивме средината, до тогаш само шанси нижевме.

Мора ова да се поправи уште на полувреме со измена.
 
Од апсолутно доминантен Арсенал, се сврте дијаметрално спротивно работата во Вест Хем да е подобар и поопасен, само со измената Вајт - Зубименди. Подобро Зубименди пак да излезе, Сака да отиде офанзивен бек да е малку поназад, а Мадуеке да е крило десно. Нерешено тука никако не смее да е опција, гол разлика е карта на која не смееме да играме.
 
Еве тоа што реков, да се извади Зубименди, треба некогаш да знаеш дека си ја утнал замената и да се поправиш, браво за ова, сега ќе тепаме.
 
Е ова е напаѓачка измена прв пат да ризикува Артета се надевам ќе му се исплати.
 
Уф која утакмица која борба на двата тима се исплатеше ризикот од Артета се надевам наредните две утакмици ќе бидат помалку стресни.
 
Еве тоа што реков, да се извади Зубименди, треба некогаш да знаеш дека си ја утнал замената и да се поправиш, браво за ова, сега ќе тепаме.
Izguben slucaj e Zubimendi vtoriov del od sezonava, neznam so mu trebase tolku dolgo da go uvidit toa.
 
Back
На врв Bottom