Angel Heart
Јас не го знам Мики Рурк како млад. Сите филмови кои ги имам гледано со него се после 2000та и сега гледам дека овој бил фраериште. Претходно не го разбирав хајпот, јас во глава си го имам со тоа шеширот и белите прамени, а сега гледам дека ептен пропаднал со тоа операциите. На ништо не личи последниве неколку години.
Филмот како филм не знам што да искоментирам. Што вика мунгуз бил одличен кога излегол, но мислам дека во денешно време нема да помине како тогаш. Како да се засити филмската индустрија со ваков тип на филмови.
За мене беше ок. Фино музиче, цициња чат пат, крвишта и твист. 3.5/5