Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Па еве и пообјективни параметри и симптоми. Неќам да бидам гаден на темава, ама буквално после секое јадење хамбургер во седмица имав проблеми со стомакот и трчав у вц, ради тоа и прекинав да јадам таму. После секое јадење хамбургер у седмица ждригот ми има некој чуден мирис ко што не сум осетил и кога сум јадел у најмаалската сендвичара у Ѓорче 2.

Kobe Bryant GIF
 
  • Хаха
Reactions: wot

И тоа е субјективно.
Јас сум со доста стомачни проблеми, и најглупа ситница може да ми го иритира стомакот, да ми направи киселини, грчеви, гасови... во ранец си носам мини аптека за тоа :D Но, премногу ретко тоа од седмица да ми се случи, а редовен муштерија сум.

За споредба, Фет Чизбургер од Фет Китчен 9 од 10 пати ќе ми направи киселина.
 
Па еве ако ти викаш, луд сум ондак. Без грижа на совест ти кажувам: плескавицата во Ем Мер ми е повкусна од тоа чудото во Седмица.
Друже еднаш јадев од овие во Лисиче и никогаш повеќе
Плус за 150ден да очекуваш дека јадеш чисто месо мало сутра
Автоматски споено мислење:

Туку дали се работи за грешка или овие од Бејкинг наплаќаат 90ден за мени во кое ти следува само помфрит?
 
Последно уредено:
Какво плачење за Седмица што се затворило, мислиш име на државата смениле, чекај кочи. Сериозно, дали сме толку дебилна, хемороидна нација да плачеме по сендвичара која не труе? Да плачеме по било каква сендвичара? Таа иста сендвичара неколку пати беше затворена поради труење и тоа јули 2024 беше последен пат, не зборуваме за период од пред 100 години и јас имав еднаш труење од неа, ја бојкотирам 10+ години. Еве неколку глупости кои се изначитав по Фб и Твитер:

1. Седмица го затворила Мекдоналдс кај нас, дека никој не одел во Мекдоналдс, во Седмица оделе сите
- Ова си нема допир со реалноста. 2013 пред да се затвори тоа срањето од Мекдоналдс, сликата беше ваква: редици чекање за порачка, редици чекање маса да се фати, ако отидеш до вц одма ќе ти летне тоа послужовникот независно дали имаш дојадено или не. Дечурлана масовно што искача таму, дечурлана масовно што доаѓа со родителите таму за да јаде и да си земе играчка. Со секој нов мол (како на пример Рамстор), доаѓаше и Мекдоналдс кој правеше убедливо највеќе профит од сите други. Сите други егзистираа околу само бидејќи имаше Мекдоналдс, во стилот се собираат децата пред Мекдоналц, ама ќе јаде некој успат во Амати ако е прегужва Мекдоналдс(или како и да се викаа тие пред 10 години). Овој наратив е точен за Црна Гора, таму навистина се затвори поради постоење на врвна скара. Тука причините беа други.

2. Вкусот не бил променет 39 години
- Вкусот беше драстично променет од 2012 до 2013, а не па 39 години да не бил променет. Овој муабет може само сопственикот да го пушти или пак некој 39 години што јаде и е зависен од сендвичарава, па што и да му дадеш ќе гнете, одамна му откажале сетилата за вкус.

3. За провинцијалци не значело ништо, а за скопјани било многу драго култно место
- Не, таа приказна провинцијалци вс стари скопјани од пред 10 колена, нема повторно да ја слушаме за секое срање. Може да се делиме на амеби што нарачвуваат брза храна и на луѓе што си готват дома, може да се делиме на бубуличари што цело време гнетат тоа хамбургерот со кечап и мајонез и луѓе што калории бројат, ама за ова нема никаква логика да се делиме на провинијалци и скопјани. Демек тие од провинција не јаделе во Седмица, а ние од Скопје само во Седмица висиме, колку дебилен муабет.

Жал ми е само што зграда се прави уште една во таа бетонска џунгла, нека биде градинка, амбуланта, парк со дрвца, игралиште, уште една зграда убутана во низата добиваме, а за Седмица ме заболе патката. Како и за сите сендвичари Ројал, Вили, Бејкинг Бред и не знам кои се актуелни, тој филм дека јас емотивно ќе се врзам со сендвичара за брза храна, нема да го гледаме.
 
Последно уредено:
Друже еднаш јадев од овие во Лисиче и никогаш повеќе
Плус за 150ден да очекуваш дека јадеш чисто месо мало сутра
Автоматски споено мислење:

Туку дали се работи за грешка или овие од Бејкинг наплаќаат 90ден за мени во кое ти следува само помфрит?
Тоа значи овие бистроата што продаваат бургер по 500 денари имаат дупло подобро месо од Седмица или?

Тоа што ти го земаш ко мелено месо од месара за 350 - 400 денари кило, ќебапчилници го земаат за 200 - 250 денари пошто го земаат најчесто необработено. Седмица го увезуват од ЕУ/Полска најверојатно (замрзнато) по што месото им претрпува дополнителна обработка тука, каде го третираат и со адитиви за да му продужат животен век и да добијат на волумен. Ем Мер го земаат од Римес или од Тификомерц веројатно, исто халал сертифицирани.

Исто така како знам дека плескавицата од Седмица има адитиви. Плескавица што добива посветла боја, пушта бела пена кога се пржи е секогаш знак дека месото им е третирано со фосфати.

Ако плескавицата е темно црвена и на жарот станува кафеава без да се „лигави“, тоа е свежо локално месо...
 
Како и за сите сендвичари Ројал, Вили, Бејкинг Бред и не знам кои се актуелни, тој филм дека јас емотивно ќе се врзам со сендвичара за брза храна, нема да го гледаме.

Ова е како да влезам у фан клуб Арсенал и да коментирам за клубот. Срање ви е играта, гајле ми е што ништо нема да освоите, дај боже ништо да не освоите. Да плачам јас за Арсенал што нема ништо да освои тој филм нема да го гледате.

Мене не ми е гајле, ама на тие што навиваат за Арсенал и тоа како им е. Исто и со сендвичарава.
 
Леле ако тепа Фулам вечер како со сласт ќе се почастам еден хамбос од 7ца со поише кечапмајонез. И филмче ќе пуштам некое после.
 
Тоа значи овие бистроата што продаваат бургер по 500 денари имаат дупло подобро месо од Седмица или?

Тоа што ти го земаш ко мелено месо од месара за 350 - 400 денари кило, ќебапчилници го земаат за 200 - 250 денари пошто го земаат најчесто необработено. Седмица го увезуват од ЕУ/Полска најверојатно (замрзнато) по што месото им претрпува дополнителна обработка тука, каде го третираат и со адитиви за да му продужат животен век и да добијат на волумен. Ем Мер го земаат од Римес или од Тификомерц веројатно, исто халал сертифицирани.

Исто така како знам дека плескавицата од Седмица има адитиви. Плескавица што добива посветла боја, пушта бела пена кога се пржи е секогаш знак дека месото им е третирано со фосфати.

Ако плескавицата е темно црвена и на жарот станува кафеава без да се „лигави“, тоа е свежо локално месо...
Друже ме заболе за 7ца а и за другиве ама да веруваш дека за 150ден јадеш чисто месо од Римес или рандом напа месара е нон сенс и тоа пази зборуваме за јунешко кое е поскапо од свинското
 
Да, проблемот е што ти не си писмен да пресметаш дека Ем мер ги кошта 60 - 70 денари да ти го направат хамбургерот (плескавица, помфрит, зачини, салати), по што им останува околу 100 ка ќар (160 им е хамбургерот мислам), ако не вклучиме и фиксни трошкови по хамбургер. Е друга работа што не ја земаш во предвид е што Ем мер немаат толку локации, вработени, како и свои возила за транспорт и погони за дополнителна преработка на месо, кога ќе ги тргнеш и тие работи, ти плаќаш за брендот седмица и за нивната висока маржа.
 
Ова е како да влезам у фан клуб Арсенал и да коментирам за клубот. Срање ви е играта, гајле ми е што ништо нема да освоите, дај боже ништо да не освоите. Да плачам јас за Арсенал што нема ништо да освои тој филм нема да го гледате.

Мене не ми е гајле, ама на тие што навиваат за Арсенал и тоа како им е. Исто и со сендвичарава.
Ако требаше да е соодветен пример ова за да доловиш како им е на фановите на Седмица кои се погодени од хејт коментариве, тогаш мора некој друг пример да најдеш, овој ти е утка, бидејќи:

1. Не сум запознал човек во светот кој гаи исти емоции и приврзаност со сендвичара, како со клубот за кој што навива.
2. Скроз е легитимно да напишеш ова што си пишал во фан клубот кај нас, ќе ти лајкнам јас прв, се сложувам дека е срање играта и дека не заслужуваме, јавна тема е тоа и сечие мислење кое не е оф топик е океј. Што не значи дека ние ќе престанеме да навиваме за Арсенал и дека нема да сакаме да освои, исто како што некој тука нема да престане да јаде од Седмица, независно од тоа што Филип ќе пишел.

А и темава е Сендвичара Седмица, а не фан клуб на Седмица. Според тоа мислам дека имаат право во неа подеднакво да пишуваат луѓе што им се допаѓа Седмица, како и тие на кои не им се допаѓа. Сега дека актуелно е плачење по Фб и Твитер за Седмица локацијата, само издвоив 3 коментари кои најмногу ми бодеа очи и ги коментирав. Ако мислиш дека има посоодветна тема слободно посочи, таму ќе коментираме, ама не може решение да е да не се коментира ништо против и тука да има само коментари од поддржувачи.
 
Смеј се колку сакаш. Ем Мер колку што знам имаат халал сертификат,
Халал сертификат, меѓу другото, значи дека храната е помината низ муслимански верски ритуал, со оџа.

Гледам ништо што купувам да нема халал сертификат.
Ни муслиманите не би јаделе храна што поминала низ претпоставен христијански верски ритуал, што ја пеел поп, да речеме.

Од тие Емер или како и да се викаат, не би купувал исклучиво ради тоа што собирале потписи против градење крст.
Па еве и пообјективни параметри и симптоми. Неќам да бидам гаден на темава, ама буквално после секое јадење хамбургер во седмица имав проблеми со стомакот и трчав у вц, ради тоа и прекинав да јадам таму. После секое јадење хамбургер у седмица ждригот ми има некој чуден мирис ко што не сум осетил и кога сум јадел у најмаалската сендвичара у Ѓорче 2.
Не си само ти.
Тоа е така зашто месото им е срање.

Како што реков, нека земе некој да проба од месото само, без сосови и зеленчук и лепче.

Колку пати имаше салмонели и труења у Седмица, памти некој?
 
Последно уредено:
Ај еве да ги тргнеме Ем Мер од муабетов, случајно ги умешав во приказнава, да не личи дека ги рекламирам нешто. Неодамна јадев таму, па ради тоа и ги спомнав. Друже, абе ти дали си сериозен дека плескавицата од Седмица ти има вкус на вистинска плескавица? Си јадел ли ти некогаш скара на жар/ќумур? Еве спореди ја плескавицата во Седмица со плескавица од некое од овие места

Космос, Пчела, Турист, Тото, Чардак, Ка, 14 ка, Кај Жаре

значи без умешување на - "Потписи за крстот во Драчево", чисто само гастрономскиот дел...
Има милион подобри кафанчиња од таму. А сендвичари сите се онака. Не дека сум јас фан на седмица и ги бранам, немам јадено 2-3 години. Само за споредбата со емер и слични, не држи вода и баш во 7ца не е паштетесто ко што викаш.

Муабетот е што ти мислиш некое посрано место ко емер е подобро, зашто било јунешко и дека има халал стандарди, кои мене ништо не ми значат. Поминало покрај јунешко, се е тоа увозно говедо. Затоа и ти ставив линк да видиш што и од каде се увезува. Немаме ние толку стока колку што има 100% јунешки локали, увезуваат однапред мелено месо.
 
Ако требаше да е соодветен пример ова за да доловиш како им е на фановите на Седмица кои се погодени од хејт коментариве, тогаш мора некој друг пример да најдеш, овој ти е утка, бидејќи:

1. Не сум запознал човек во светот кој гаи исти емоции и приврзаност со сендвичара, како со клубот за кој што навива.
2. Скроз е легитимно да напишеш ова што си пишал во фан клубот кај нас, ќе ти лајкнам јас прв, се сложувам дека е срање играта и дека не заслужуваме, јавна тема е тоа и сечие мислење кое не е оф топик е океј. Што не значи дека ние ќе престанеме да навиваме за Арсенал и дека нема да сакаме да освои, исто како што некој тука нема да престане да јаде од Седмица, независно од тоа што Филип ќе пишел.

А и темава е Сендвичара Седмица, а не фан клуб на Седмица. Според тоа мислам дека имаат право во неа подеднакво да пишуваат луѓе што им се допаѓа Седмица, како и тие на кои не им се допаѓа. Сега дека актуелно е плачење по Фб и Твитер за Седмица локацијата, само издвоив 3 коментари кои најмногу ми бодеа очи и ги коментирав. Ако мислиш дека има посоодветна тема слободно посочи, таму ќе коментираме, ама не може решение да е да не се коментира ништо против и тука да има само коментари од поддржувачи.
Мислам дека вие хејтерите ја утињате темата.

Никој не вика дека плескавицата е чисто месо или дека е од телешко, знаеме од што е. Муабетот е дека 7ца е фаст фуд и дека имаат највкусен фаст фуд бургер.

Може тебе не ти е највкусен, може имаш палета на вкус што и CEOто на мекдоналдс ќе позавиди ама за нас смртниците си е таман :toe:
 
Back
На врв Bottom