По службена должност, ќе биде службено лице. И капче, и униформа и сѐ. Буквата "М" ќе стане симбол на редот и поредокот!
@Zlatikevichius тебе те чекам да кажеш нешто пред да му ја дадам палкава на Вот. Знам дека едвај чека да ја прими!
Многу сте изнапишале, прочитав само неколку страници. Имам многу да кажам, ама генерално не се согласувам со мислењето. Причина: ЈСП има многу поголеми проблеми отколку нештата кои може да ги заврши редар. Ај нешто да нафрлам:
1. Нема доволно автобуси, затоа има гужва. Плус и тие што ги има ги редуцираа па сега е уште поголем проблемот.
@парва постојано го спомнува тој 22, ама не знае дека јас почесто се возев со 64А, не со 22 - ем ми е поблиску, ем термините повеќе ми одговараа: имаше автобус во 6:25 наутро кој беше измислен за мене. Ама...
2. 64А е пригратски автобус (иако линијата од моето место на живеење до транспортен е гратска, па јас плаќам карта како во гратски автобус, не пригратски). Е сега, местото од каде доаѓа овој автобус е со мнозинство средношколци кои се возат, возрасните се со коли. Средношколците сите имаат карти, бесплатни, ама ги мрзи да се куцнат ко ќе влезат и ЈСП детектира според системот дека во тој автобус нема патници, па така редукцијата веројатно беше најголема од сите: од автобуси во 6:05, 6:25 и 6:50 (значи на секои 20-30 минути), сега имаме 6:05, па 7:50 (скоро на 2 саати). И мојот, во 6:25, го укинаа.

Значи проблемот со планирањето на линиите потекнува од патниците кои не се куцаат, не од ЈСП и за тоа не треба редар. Треба или поголема домашна култура или систем во кој билетот ќе биде врзан со секој мобилен телефон (денес сите ги носат телефоните со себе) и истиот ќе откуца возење со самото влегување во автобус.
3. Некултурата на дечиштата со кренати нозе не е до редарот, туку до домашното воспитување. Тие се такви и надвор од автобус. Речиси цела генерација, вклучително и точкарите што се спуштаат по олимписка, тие што возат со 200 на саат по партизанска без возачка и сл. е генерација што наместо да биде издркана од мадињата на GenX мажите и раните миленијалци, по грешка завршила во некоја вагина. Ова се решава со заострување на закони за малолетничка деликвенција, отворање воспитно-поправни домови, драконски казни за родителите - и ќе видиш како ќе се поправат работите. Златко и Мирко џабе се.
Да не дополнувам:
4. Немање доволно автобуси па внатре е ко во конзерва сардини
5. Немање доволно работници во ЈСП
6. ЈСП и вака работи со загуба, а не па така...
итн, итн, итн...
Во идеален свет, ова би функционирало, ама во нашиот, мора прво да се средат овие 6+ работи, па потем Мирко.