Случај: Велосипедист на Водно vs планинар + феномен мемиња со кумата

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMKD007
  • Време на започнување Време на започнување

На чива страна сте во случајот?


  • Вкупно гласачи
    120
„Пешачка патека“ е дел од пат наменет за движење на пешаци;

Извадок од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (истиот тој твој од погоре).

„Пешачка патека“ е патека во природа за чие користење, според карактеристиките натеренот, не е потребна посебна физичка подготвеност и обученост на корисникот.

Извадок од Закон за планински патеки.

Ни во едниот ни во другиот не пишува дека по пешачка патека може да возат точаци. Значи не треба да е означено дека е забрането за велосипеди, исто како што не треба и не е означено дека на автопат е забрането за пешаци. Таа е аналогијата, ама ти во секое мислење одиш со лични, ад хоминем напади зашто веројатно полесно ти е така и затоа не ја сфаќаш логиката. Ова нека ти биде прво и последно предупредување - следниот пат кога ќе кажеш кој е слеп, кој глуп и кога ќе шерифуваш кој што треба да прави и мудруваш кој за што го бива, ќе си добиеш тоа што следува во такви случаи.

1. Таа пешачка „патека“ од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата во ниеден случај не ги опфаќа козјите патеки од Водно. Каква ти е оваа споредба?

2. Никаде не пишува дека е исклучиво за пешаци, додека во дефиницијата за автопат пишува дека е наменет за моторни возила.
Во истиот закон :
(7) Патеките на планинските патеки согласно со нивната намена можат да се преклопуваат, односно да имаат повеќе намени.
(8) Преклопување на велосипедска патека со друга планинска патека не е дозволено, освен во случај кога планинската патека е доволно широка да обезбедува безбедно разминување на пешаците и велосипедистите.
Следен пат постирај го цел член.

3. Закани по дома, не на мене. Оти сум ти рекол да гледаш филм, егото како е?
 
Последно уредено:
1. Таа пешачка „патека“ од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата во ниеден случај не ги опфаќа козјите патеки од Водно. Каква ти е оваа споредба?

2. Никаде не пишува дека е исклучиво за пешаци, додека во дефиницијата за автопат пишува дека е наменет за моторни возила.
Во истиот закон - (8) Преклопување на велосипедска патека со друга планинска патека не е дозволено,освен во случај кога планинската патека е доволно широка да обезбедува безбедноразминување на пешаците и велосипедистите.

3. Закани по дома, не на мене. Оти сум ти рекол да гледаш филм, егото како е?
1. Оти? Оти тебе така ти одговара? Козјите патеки на Водно се планинарски пешачки патеки, прописно означени дека се пешачки патеки и не, не треба да има знак дека е забрането за велосипеди.

2. И за автопат не пишува ИСКЛУЧИВО за моторни возила. :pos: Ај препрочитај пак.

3. Не ти се заканувам, те предупредувам. Да беше до моето его, верувај дека немаше да имаш можност да го напишеш тоа мислење. Ти извреѓа се живо и диво погоре, затоа - те предупредувам. Толку просто е. Ко грав.
 
Многу е лошо ама и очекувано за оваа вукојебина, да за ваков настан до јавен интерес, не се најде одговорно лице јавно да искочи да каже што е и како е. Нигде у нормален свет не постои козја патека која во исто време се користи и за пешаци и за спуст точаци.
 
2. И за автопат не пишува ИСКЛУЧИВО за моторни возила. :pos: Ај препрочитај пак.

Сам на себе се смееш или што е работата?

Не мора да е напишано „исклучиво“ во текстот, намената ја пишува и е посочена и тоа ги исклучува сите други намени
Правото слабо а?

Автопат“ е јавен пат специјално проектиран и изграден за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со физички раздвоени коловози по насоки, кој има најмалку две сообраќајни ленти и по една лента за принудно застанување во секоја насока, со раскрсници вон ниво, без вкрстување со друг пат, железничка пруга или со пешачка патека, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени места и посебно изградени приклучоци на јавните патишта на соодветна коловозна лента на автопат и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини и има места за одмор на патници и сервиси за возила;
 
И патем, @STEALTH , еве ти член 14, став 8 од Закон за планински патеки:

„Преклопување на велосипедска патека со друга планинска патека не е дозволено, освен во случај кога планинската патека е доволно широка да обезбедува безбедно разминување на пешаците и велосипедистите.“

Значи сепак пишувало дека не смее да возат велосипедисти.

Правото слабо, а?
 
И патем, @STEALTH , еве ти член 14, став 8 од Закон за планински патеки:

„Преклопување на велосипедска патека со друга планинска патека не е дозволено, освен во случај кога планинската патека е доволно широка да обезбедува безбедноразминување на пешаците и велосипедистите.“

Значи сепак пишувало дека не смее да возат велосипедисти.

Каде овде пишува дека не смеат да возат велосипедисти?

Баш пишува дека ако е широка - можат да се движат и пешаци и велосипедисти.
Оди измери ја и жали се. До тогаш - ништо од тој член 14 не важи за случајов.
 
Абе човеков да стоеше пред дискотеката у Кочани пред несреќата и да викаше не може огнени прскалки внатре, кумата за малку ќе се запалеше, мемеиња ќе правеа од него и тогаш... Затоа сме ваква држава и никад нема да не биде...
 
1. Common Sense
2. Општа култура
3. Закон

Ама ако имаш 10.000 еур точак, пардон бајк, ништо од ова. Со лењир требало да мериш дали е тесно за да не забраниш точак негде кај што ни двајца пешаци не можат да се разминат.
 
И патем, @STEALTH , еве ти член 14, став 8 од Закон за планински патеки:

„Преклопување на велосипедска патека со друга планинска патека не е дозволено, освен во случај кога планинската патека е доволно широка да обезбедува безбедно разминување на пешаците и велосипедистите.“

Значи сепак пишувало дека не смее да возат велосипедисти.

Правото слабо, а?
Мора да се сложам со тебе околу копиљаците, па уште ме иритира кога ќе прочитам дека детето претрпело страв и можело да бара надомест на нематеријална штета, со претходен психијатриски извештај, а притоа истото прекрши серија законски одредби! Здравството, и поради ова, ни е срање во боја.

Невоспитани копиљаци имаш на секој чекор, и не само како патници во јавниот превоз, туку и во училниците каде професорите и да немаат контрола над истите. Во сообраќајот, управуваат со моторни возила без соодветна дозвола. Во угостителки објекти, каде се однесуваат нецивилизирано, а притоа им се послужува и алкохол, што е надвор од секоја законска норма. Вчера на Саем, каде и порасни тинејџери трчаа од, штанд на штанд.

Не го гледав цело видео, немам ни намера, ама реакцијата на човекот беше на место. Независно дали има дозвола за возење на велосипеди или не, да го тргнеме тоа настрана, при постоење на такви услови, не може на секој чекор да ѕвони со ѕвончето и луѓето да му се тргнат од патот само за да можат слободно да поминуваат. Мене тоа ми го прават и на места каде има обележани велосипедски патеки, а они возат на стаза која не е наменета за нив, па не им се тргам, кој ги ебе, и нив и тротинетџиите. Дури и од аспект на планинар/спортист/пешак, ќе треба да внимава да не го собере некој со точакот.

Дел гинат, и меѓу другото, затоа што не ги, знаат сообраќајните прописи и правила. Си возат и на спротивна лента, и каде сакаат, и поминуваат каде сакаат. Мора и на ова прашање да се стави ред затоа што е дел од сообраќајната некултура која резултира со човечки животи.

Човекот си употреби педагошка мерка, нареден пат ќе си знае. Со разговор не се постигнува многу, не се вади никаква реакција. Башка е странец, може и да не го перцепира, не го гледа како авторитет. Треба одма викање, редење мајки/шајки, употреба на вербална сила. И не, овие не се во меѓусебна колизија, се работи за системот награди и казни, а казната е форма на вербален напад, што е многу подобра од алтернативата, креирање на штета и плаќање на двојна казна. :)
 
Не се согласувам со вас! Скопје го гази таква невоспитана копиљана каква што немало децении наназад! Не знам дали сте ги виделе и моите мислења со слики од копиљаци (и тоа мнозинство од женски пол) со нозете кренати горе на соседното седиште во автобус на ЈСП. И јас исто вака реагирам, како типов, бурно, зашто со нив не може инаку. Тие и така не разбираат и се понашаат ко половиот орган да не ги боли, а не па уште културно и со убаво да им се кажело. Културно и убаво од дома требало да им кажат и кај се вози точак, и кај се креваат нозе. Ама родителите се со вакви слични мислења како вашите - „деца се тоа... (нек се играју)“, па затоа нема ни почит, ни правила!
Не знам, веројатно си во право, ама нешто длабоко во мене ми кажува дека на некој друг, што не е дете, немаше да му го направи ова, да го застане и да му вика и да не го пушта да помине.

Ваљда така пишувам зашто секад ме иритирало чаталење на физички послаби луѓе, а не дека не е во право.
 
Ајјјј @Partizanen banditen мене вакаааа

Да не почнам да зборувам какви се говеда има и меѓу возачите. Општо ретко кој има сообраќајна култура, ама и меѓу моите колеги има доста примери кои и јас би ги шамарал. Превентивно.
 
Не дај боже да настрадеше детено на чоекон, други муабети ќе теравме овде..
Во таква ситуација дали тој што возел точак бил дете или возрасен маж исти кур е - родителскиот инстинкт си го прави своето.

Ама веќе кога детево не изреагира лошо, можеше поинаку да го истера муабетот, вака само дебил испадна што така се испонаша
 
Back
На врв Bottom