Драга,
Народецов наш е станат таква штеточина и сеирџија и наместо да го поддржат човекот што го запрел копиљот да дивее со точак по пешачки патеки, они му тепаат сеир и се прават паметни. Па уште и штеточини коментираат да беше мое дете ќе видеше ликов убаво.
Него драга од кога стана нормално кога пробуваш облека у бутици, тоа што не го земаш да го оставиш на закачалките и да си излезеш? Дали сум единствената будала што ги враќа парчињата облека што нема да ги купи на местото од кај што ги зел или на закачалките испред гардеробите?
Влегувам у Њујоркер пред некој ден, само јас и продавачкава внатре. Влегувам у една гардероба завесата кратка, ај одам у втората, облека на закачалките, одам у трета исто 5 партала закачени, толку е тешко тоа што не го купувате да го вратите на место бе народе?