Пред да напишам било што, ќе ве замолам да НЕ ја користите темава за постирање мемиња со кумата. Темата е отворена во “Општи муабети“, а не во “Чек дис аут“ или “Хумор“ со причина.
Пред некоја недела имаше едно видео од некое дете како се спушта од врвот на Водно до Средно Водно по патеката “Пензионерска“, каде што беше пресретнат од планинар, кој не му дозволи да продолжи понатаму со возењето. Од настанот има детално видео бидеќи детето е Јутубер и си ги снима спустовите, па така и ова негово видео стана вирално и случај за дискусија кај широката јавност. Во прилог ви го постирам видеото да го изгелдате, само првата половина е битна за дискусијава, останатото не мора да го гледате бидејќи е видео како детето се спушта по друга патека и е револтиран од ситуацијата.
Јас често знам да планинарам и да трчам на Водно и можам да потврдам дека се соочувам со велосипедисти кои летаат и воопшто не се способни да закочат, ниту пак имаат прегледност што се крие зад кривината. Две непријатни ситуации кои за среќа добро завршиле памтам. Првата е во делот од Германска амбасада ако одиш накај Средно т.е. накај патот Пантелејмон - Средно, има едно место што се вика Шамак/Чистилиште, од таму лево ако свртиш набрзо се влегува во едно стрмно патче помалку од метро ширина со немање никаква прегледност. Таму одев и само наслушнав звук а потоа и слика која делуваше како воз да оди во тебе, имав помалку од една секунда да се навалам/фрлам во грмушките лево бидејќи друг простор немав слободен и за влакно да го избегнам велосипедистот кој ниту кочеше, ниту застана после тоа, ниту се извини. Втора ситуација е на онаа патеката која ја има на крајот на видеото, каде што врие од велосипедисти што се спуштаат, си имаат направено и скокалници на неа, некои ја викаат Макпетролска, може не е таа, има цевки на патеката. Таму група деца максимум 12 години возеа, ние се тргнавме, но последното од децата лошо ја процени раздалеченоста, па со воланот го собра другарот во јакната со огромна брзина. Детево со фул опрема летна 5 метра напред, на другарот ништо не му беше бидејќи по јакна зимска само беше зафатен (немаше удар во раката), детево прво почна да плаче, но после рече дека од страв било, а не од болка и продолжи да вози. До горе го видовме уште еднаш како се спушта, исто со голема брзина. Одат до горе, спуштаат, па точак на жичара до горе и така неколку пати. Сите овие случаи биле со максимална претпазливост, но не сакам да помислам што би се случело ако имало деца кои немаат искуство со вакви ситуации, планинари кои се надвор од кондиција па од своето дишење не можат да слушнат дека оди точак, луѓе со музика што качуваат итн. Опасност има и тоа е голема. Е сега неколку заклучоци/предлози/мислења би пишал од целава ситуација:
1. Како што има патеки во 2 правци од Полициска до Средно Водно, да има такви и до Врв Водно. Сите останати да бидат слободни за безбедно движење на планинари.
2. До Средно Водно не се почитува секогаш да се движат велосипедисти по патеките што ги имаат (за спуштање е проблем, за качување не е страшно), тие кои не почитуваат да бидат казнети, бидејќи не може веќе изговор да е “Немаме каде“, имате каде. Зачестеност од полиција да има ако треба, не е дека нема и други пиздарии на Средно и Крстовар кога има милион луѓе, па полицијата да рече "нема да трошиме ресурси за џабе", ќоро и сакато е дојдено на Водно особено викенди кога е убаво време, луѓе кои не ја ценат планината и ништо не им значи.
3. Детево во моментов кога е запрено навистина возеше максимално коректно и прописно, па застана инстантно. Реакцијата на човекот е базирана врз претходни искуства каде што други летале и не можел да ги сопре.
4. Велосипедизмот е скапо хоби, често тие деца што возат, се деца што се им е овозможено во животот, максимално разгалени и распрдени, што ги воспитуваат со “Мама и тато се ќе ти купат“, “Мама и тато ќе средат се ако нешто бидне“. Не е дека коселе ниви и береле лубеници цело лето за да имаат пари да го купат велосипедот (секоја чест на исклучоци).
5. Често децава што се спуштаат воопшто не го качуваат истото и според мене они не спортуваат туку се во потрага по адреналин само. Јас сум се качувал само на Водно, без да спуштам по козјиве патеки, бидејќи предизвик ми била болката и спортското страдање, тоа е спортскиот дел, се друго е помодарство. Добар дел од децава што сега им е интересно со велосипед да спуштаат, утре ќе им е интересно на автопат 200 да шибаат, во потрага по адреналин нели.
6. Да искористам просторот да коментирам и што голема група луѓе си пијат по неколку пива, а после заедно се спуштаат по патекиве во пијана состојба, со видно намален рефлекс за кочење, под изговорот “Баки можам јас, уживај“.
7. Апсолутно е неприфатливо однесувањето на човеков према детево. Тие закани “ќе го лежев на лице место“, колку и да се во афакт, е страшно да се слушнат од возрасен кон мало дете. Океј е да го сопреш и да му посочиш дека не треба да ја користи оваа патека бидеќи има многу луѓе, да се спушти по асфалтот, а потоа на Средно има патека за велосипедисти, ако не те послуша, тогаш да викнеш полиција ако сакаш, но се ова на видеото е крајно неприфатливо и е совршен приказ за културата кај луѓето и каубојското однесување. Да бев на местото на детето, со тој памет и тие сфаќања, навики, години, ќе си продолжев по патеката надоле, бидејќи никој не смее да попречи слободно движење на јавен простор, но го разбирам стравот кој го натерал да се врати или може не е страв, може е стварно разум и сомневање дека згрешил. Како и да е, однесувањето од човекот не е пристојно.
8. Не е вкусно ниту коректно, а најмалку смешно, ова што се случува со правење мемиња на човекот за кумата. Прво тие што прават (сопствени бизниси, кафичи, сендвичари, теретани) сигурно го немаат исконтактирано човекот за дозвола дали смеат да го користат неговиот лик за рекламни цели. Потоа не го сфаќам паметот да прават хумор на тоа што човекот кажал дека кумата лежела во болница цела искршена, па сега кумата била во објектот за кој што прават реклама. Можеби и подобро не заслужуваме да имаме од држава, со ваков ментален склоп.
П.С. Кога веќе стигнав до тука и зборувам за загрозена безбедност, ако можам и да замолам на кејот на Вардар и на тартанот во Парк, да не шетате кучиња, а уште помалку да ги пуштате слободни, да не шетате деца со колички, да не возите мотори на нив. А и овие градоналалниците што упорно игнорираат дека има глутница кучиња на секој чекор низ Скопје која напаѓа и младо и старо (и тие велосипедистите на Водно беа нападнати, и планинарите, и мајките со бебиња...), следен пат кога ќе барате глас и ќе речете дека сте направиле премногу за градот и општините, ќе ви направам компилација со сите случаи што биле каснати за благодарност, па после нив објаснувајте им дека поисплатливо било да плаќате оштета од тужби отколку да ги дислоцирате.

Последно уредено: