Живеење во рурална средина

Се сложувам, освен за ова последново. Можеш да си одбериш селска средина што е во близина на град и ќе си имаш здравствени услуги. Плус во сите помали места има Здравствени домови, каде верувај, здравствената услуга е на далеку повисоко ниво отколку на Клиника во Скопје или Битола.
Како не бе. Немаат апарати, немаат реагенси, немаат доктори... Се нешто мора да нема. За обично ехо на абдомен ќе те испратат во друг град да одиш, пример. Конкретно во местото од каде сум јас, ни гинеколог, ни педијатар нема. А здравствен дом, да, има. Не е баш така како што велиш.
 
Може скапо да го чини!
Ураа, не е за такви одлуки.
Два примери, на мои очи.
Човек со шпедиција, фамилијарна. Решија да се занимават со земјоделство, убаво им изгледало, здраво и т.н.
Седевме ги прашав, комшии вие со земјоделство сте се занимавале? Нее, ама што има тука, се’ се учи. Комшија не влегувај во чевли кои не си ги носел, јок!
Земаа земја УПМ, купија механизација, нема кој да организира, во живот не виделе блок од 20 хектари. Земаа цигани аргати, ги осакатија. Накратко, се изпозадолжија, мажот почина од мозочен удар. Жена му покасно успеа да се извади од долгови продавајќи ја викендицата(вила).
Познаник, има фирма, од село растел сиромав, реши да купи стадо овци.
Го прашувам, дечко ти овци си чувал? Знаеш што е тоа и колку труд и знаење треба? Немај гајле, ќе најдам луѓе..... Купи 200 после уште толку. Ги збута во едни штали, овчари веќе 30 години нема, тој сега ќе нашол. Пола изумреа, пола успеа да ги продаде пошто зашто, загуба до плафон!
Јас ги прашувам, оти сум го кркал тој леб. Една коза да чуваш па треба да си упатен во се’. Не 2 хектари овошки.
Да живееш на село и да одржуваш имот, чесно ти кажувам умствено е еднакво на магистратура, за физички да не зборам.
Јас имам лесен фат, копање, кроење, косење...знам да работам со минимум сили и пак не се нафаќам бавча да садам, не па имот да распостелам.
Ок, ако го бива, пеки, не викам не! Затоа и го прашувам. Да не биде не сум рекол!
... никаде не се спомнати временските неприлики, снег, поплава, суша, кога ги гледав земјоделците од струмичко (и од други локации) од невремето цел посед уништен, цел труд во неповрат, здравјето уништени, згрбавени и изгорени на лице од работа, едно невреме и толку од земјоделството!
 
Ајде да не бидам песимистички настроен...

Имам роднини кои живеат и работат во село/села. Не се доселени, таму живеат и работат со генерации. Не да работат, туку ‘рмбаат, ама и заработуваат сума пари која јас не можам да ја заработам во 5 мои животи во Шкупими.

Значи, може да се живее и од земјоделие во „нашата земјата„, ама не сум убеден дека тоа може да се постигне и со прост механички скок од град во село, особено без предзнаење од земјоделието и сточарењето и без почетен капитал...
 
plus ako se koncentriras na organski... ne samo sto nema pazar sto ke plati dupla cena nego za organsko proizvodstvo bez gubrivo treba apla znaenje pa i vreme za da dojdes do momentot koga sam si proizvel asalno gubrivo, pa si posvetil znacajno poveke vreme na nega i zastita od insketi pa si obezbedil red sertifikati ako planiras da go prodavas kako organsko... proces e, i mislam deka ako strikno so mak pazar rabotis tesko deka ke izvadis cena za da imas nekoja zarabotka.
 
Ајде да не бидам песимистички настроен...

Имам роднини кои живеат и работат во село/села. Не се доселени, таму живеат и работат со генерации. Не да работат, туку ‘рмбаат, ама и заработуваат сума пари која јас не можам да ја заработам во 5 мои животи во Шкупими.

Значи, може да се живее и од земјоделие во „нашата земјата„, ама не сум убеден дека тоа може да се постигне и со прост механички скок од град во село, особено без предзнаење од земјоделието и сточарењето и без почетен капитал...
Тоа пробувам да им го кажам на дечкиве!
Едно е ентузијазм, друго е реална ситуација и можност да пливаш во неа.
Нашето село се запусти, од 150-200 куќи останаа 5-6 кои сериозно се занимаваат со земјоделство. Цела фамилија. Механизација супер, гаражи, помошни згради комплет, ама нема празник, нема делник. Нема одмор, а тие со стока што се, тие се 24/7. Заработуваат, мењаат комбајни на 5-6 години, трактори. Живот? Па што знам, мое мнение е ако би имале шанса да се сменат за живот со 8 часа работа, туширан, намирисан, 2-3 кафиња во ден...90% би баталиле веднаш.
Многумина се во тоа, оти заглавиле во таа работа и се плашат да излезат од тој круг. А ги ебаваат сите: држава, прекупци, продавачи на семиња, кој не им се намерачил, тој не ги искористил.
 
А ги ебаваат сите: држава, прекупци, продавачи на семиња, кој не им се намерачил, тој не ги искористил.

И наведеново е еден од многуте проблеми со кои се среќава населението по селата, а „некој„ нејќе да им помогне и да им ги реши едни од најбитните проблеми и потреби.
 
И наведеново е еден од многуте проблеми со кои се среќава населението по селата, а „некој„ нејќе да им помогне и да им ги реши едни од најбитните проблеми и потреби.
Секој државен апарат не сака самостален гласач!
Пример Русија. Има идеални услови за производство на јаболка.
Увезува од Турција, Полска.....
Зошто, затоа што од Иван од Краснодар само главоболки ќе имаш, треба да му изгласаш услови и да му ги овозможиш. Тој ќе направи 300 тони јаболка и со полн џеб е непогоден за манипулација.
Затоа го сечеш и он се откажува. Му даваш На Владимир право да увезува од Полска, тој ти стега мито, кога ќе дојде на граница по нешто и за цариници, полицајци и фитосанитарци. По пат и сообраќајна ќе го очеша. Оди и пласира кај големите маркети, кои исто се нивни(на државниот апарат) клиенти, пак мито, пак частовки, бањи, проститутки, одмори и вили по Европа. дел оди на зелени пазари, кои ги држат и рекетираат Азербејџанците, а нив ги рекетира полицијата и ФСБ.
Кога ќе погледнеш апаратчиците имаат само штета од Иван, ама Владимир храни цел ланец. Ок со пари на крајниот потрошувач, кој наместо 10 рубљи јаболките ги плаќа 150 рубљи(карикирам).
@Darling е затоа ние 90% од земјоделските производи увезуваме, не оти јас сакам или мислам поинаку од тебе.
 
Моите роднини конкретно, ја имаат поминато секоја можна „школа„ од срања која ја допушта власта во „нашата земја„, осоебно ниските откупни цени и мрцварењето со откупувачи, прекупци и наткупци, од власта се редовно „рекетирани„ со „обврската„ да гласаат „за нашите„ оти нема да добијат субвенции, и како капак, ако им се погоди временски лоша година па и неродна, на секирациите им нема крај...

До друга страна, тие се „свои на своето„, не страдаат за живот, не мољакаат наоколу, имаат доволно за живеење, не чекаат на ред во агенцијата за (не)вработување...

Причините зашто станавме држава која е зависни од увоз на храна, а сме „као„ земјоделска земја се прилично сложени...

„Органот„ кој треба да го реши тој проблем го гледаме секој ден на телевизорот...
 
Јас веќе трета година сум со бавча и имам и овоштарник,вкупно околу 3000 кв.Јас само за фамилија произведувам храна,прва година ке имам и свои сливи,круши,кајсии итн.За бизнис мора пластеник,овошје се исплати исто.Имаш механизација и земја пробај.Ја сум во леи,ништо не се копа,немам потреба од механизација,само алат рачен.Прва година сама кроев постари дрвја ,така да од следна година и за тоа не давам пари.Има начин и пир да се победи природно а не само тотал прскаат,еј глуп народ , што јадеме подобро да не знаете.
 
Со среќа работата и нек‘ се угоде...(y)
 
Скопјани со 15 години стари акаунти на форум бистрат политики за живеење на село и земјоделие, па и сточарство и овоштарство, да се крсти чоек
 
Скопјани со 15 години стари акаунти на форум бистрат политики за живеење на село и земјоделие, па и сточарство и овоштарство, да се крсти чоек
A тешко ли е да се научи ако се сака или само да се мрчи.Гледам јас кај мене сељаци колко се разбирав или барем да сакав да сослушав друго мислење.Единствено едни ме послушаа за мачки да чуваат на викендица(и селани бивши имаат викендици) .
 
Back
На врв Bottom