Живеење во рурална средина

Член од
3 јуни 2022
Мислења
2.582
Поени од реакции
6.555
Со оглед дека цените на недвижностите во поголемите градови се качија на многу високо ниво а платите на го пратат тој раст, дополнително во многу од помалите градови се повеќе има недостаток на основни работи (забавни содржини, културни настани, спорт, здравствени услуги). Се чини дека на многу од луѓето им остануват или да се преселат во Скопје (кој секако има и доста негативни страни како голем град), да се преселат некаде во странство (многу чест избор во последно време) или пак да изберат живот некаде понастрана во рурална средина.

Јас сум моментално некаде измеѓу, живеам во град но правам куќа и во рурална средина (10-15км) до градот каде што би сакал да живеам во иднина. Нешто во овој стил само во мини верзија како Австралијанскиот борец со Македонско потекло Волкановски, каде што би живеел во склоп на фарма сопствено производство на овошни и градинарски култури итн

Животот во рурална средина има еден куп позитивни страни како - природа, мир, незагадена средина, поголема безбедност, поефтино ама од друга страна има и доста недостатоци од типот како кај мене што нема продавница а од скоро го затворија и училиштето бидејки нема доволно деца.

Ја отварам малку темава и од бизнис аспект на производство на органска домашна храна бидејки Македонија има доста природа и сончеви денови па има огромен потенцијал за тоа, дополнително и отварање на пензионерски домови во рурални чисти средини а зошто да не и типски населби каде што би се привлекле млади луѓе фамилии ?

Дали Македонија има потенцијал иднина за вакво нешто или тешка работа ?
Баш ме интересира како размислувате
 
Од природни услови и те како имаме. Е сега, од бизнис аспект, или т.н. политички аспект, тешко. Според мене, имаш 2 опции, или имаш вујко владика да те насочи каде да платиш каде да почастиш или треба да си толку мал да си им под радарот. Ако ти се аспирациите да продаваш колку да има за тебе и сметки да платиш, никој не те плука, сејф си, ама ако сакаш да си голем, да имаш оборот финансиски, или ќе одврзеш кесето да најдеш на кого да плаќаш за заштита (ко у Сопранови) или ќе те одерат со казни и/или ќе ти праќаат луѓе за да ти уништуваат што си произвел. Друга опција е да те уништат медиумски да кажат дека ти е токсична храната, нели после ќе има демант откако ќе реагираш ама е доволно луѓето да се исплашат и да не купуваат од тебе, ко што вадеа афери за седмица коа Мијалков сакаше да ги земе или ко што му правеа на Џеваир.
 
Ја би уживал. Земаш пензиичка, чуваш коковчиња (со жолто месо, ммм), јајца со црвена жолчка, салатки, кромитче. Ммм, милина. Патем, спанаќот стигнал и 120д, па и се исплати.
Тоа и ни беше план се додека крчмарот не ни го расипа :)
Продадеш станот (пак јас со становите :D), зеемеш гарсоњерче некое и рестото рурал. Ем здрав живот, ем храна за нас и фамилија ем утре наследство за деца.
 
Дали Македонија има потенцијал иднина за вакво нешто или тешка работа ?

Реторичко прашање...

Се‘ додека народов се излудува и му се „пере„ умот дека не треба да работи тешка работа (меѓу другото и земјоделие...), туку дека требало да живее во град, да работи „на државно„ како партиско-фамилијарно вработен, да клати врата и зема плата, да биде јутјубер, инфлуенсер или НВО активист, нема ништо од работа‘а...

Еден од најголемите проблеми со живеењето на село е речиси непосоечката и животно потребна инфраструктура: превоз, пат, канализација, стабилна струја, брз пистап до град, минимум здравствен пристап и услуги...

„Нашата земјата„ е заглавена во времето од Тито за разлика од Словенија, каде селските луѓе немаат потреба да живеат во град, оти минимумот комодитет власта им го овозможила.
 
Јас не се слагам, за два саати ја возиш Македонија од која и точка да тргнеш.

У Америка па и Европа стандард е саат време до работа ако сакаш да си живееш на страна на раат.
 
Од природни услови и те како имаме. Е сега, од бизнис аспект, или т.н. политички аспект, тешко. Според мене, имаш 2 опции, или имаш вујко владика да те насочи каде да платиш каде да почастиш или треба да си толку мал да си им под радарот. Ако ти се аспирациите да продаваш колку да има за тебе и сметки да платиш, никој не те плука, сејф си, ама ако сакаш да си голем, да имаш оборот финансиски, или ќе одврзеш кесето да најдеш на кого да плаќаш за заштита (ко у Сопранови) или ќе те одерат со казни и/или ќе ти праќаат луѓе за да ти уништуваат што си произвел. Друга опција е да те уништат медиумски да кажат дека ти е токсична храната, нели после ќе има демант откако ќе реагираш ама е доволно луѓето да се исплашат и да не купуваат од тебе, ко што вадеа афери за седмица коа Мијалков сакаше да ги земе или ко што му правеа на Џеваир.

Мислам дека не е до толку опасно, не правиме муабет тука за мулти милионски бизниси во евра па да бидат интересни за некои од власта или рекетари туку за бизнис со кој би вадел неколку функционерски министерски плати за да можеш да живееш нормално. Иако реално повеќе млади ако се здружат со иста цел налик кооператива за готов производ може да стане тоа и многу посериозен бизнис..

На запад гледам и функцираат дури неделни/месечни кошници, каде што луѓе си се претплатуваат и еднаш неделно им стига на пример она што го произведуваш. Да Македонија генерално е сиромашна ама има едно 5-10% би си дозволиле органска “поскапа“ храна

Јас не се слагам, за два саати ја возиш Македонија од која и точка да тргнеш.

У Америка па и Европа стандард е саат време до работа ако сакаш да си живееш на страна на раат.

Што не се слагаш, не те разбрав баш ? Тоа што сме мали баш ни е предност, живееш во природа а градовите ти се блиску
 
Јас сум возрасен и живеам во село покрај метрополата, ама на 20 минути возење од работа.
Така терам веќе 15 години. Освен трошокот, се' друго ми е плус. Немам фарма, од село сум ми поминала таа болест уште како мал.
Куче, маче, орев, трева и цвеќиња, толку!
 
Ај за фарма разбирам со жива стока нема калкулации мора да си многу посветен, и по прљава работа е генерално тоа. Ама не ти е мерак да си направиш една салата со домашен домат кромидче директно бавча ? Па со вишокот да си направиш доматен сос во тегли да знаеш после што јадеш, а не ова вештачконо срање со бои ароми и еден куп хемикалии што се продава по маркетиве. Што знам мене се ми е 10x повкусно кога ќе си го скинам од мое дрво, планирам цели 2 хектари по 2-3 реда различни овошни култури за своја душа

@Гостин друштво ќе си имаат кога ќе одат на училиште ќе си запознаат другарчиња, башка не мора да бираш скроз празна рурална средина. Ќе бираш некој села рурални средини каде сеуште има активност луѓе, и по некој млади семејства
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Се тоа убаво, имав бавча едно време! Не е земјата за тоа кај нас.
Плус сеуште работам, немам време и сили за тоа. Кога ќе се вратам, само сакам да одморам.
Имам неколку пчели и тоа е!
Автоматски споено мислење:

Ај за фарма разбирам со жива стока нема калкулации мора да си многу посветен, и по прљава работа е генерално тоа. Ама не ти е мерак да си направиш една салата со домашен домат кромидче директно бавча ? Па со вишокот да си направиш доматен сос во тегли да знаеш после што јадеш, а не ова вештачконо срање со бои ароми и еден куп хемикалии што се продава по маркетиве. Што знам мене се ми е 10x повкусно кога ќе си го скинам од мое дрво, планирам цели 2 хектари по 2-3 реда различни овошни култури за своја душа

@Гостин друштво ќе си имаат кога ќе одат на училиште ќе си запознаат другарчиња, башка не мора да бираш скроз празна рурална средина. Ќе бираш некој села рурални средини каде сеуште има активност луѓе, и по некој млади семејства
Од село си?
Си работел овоштарство некогаш?
Ако знаеш не би се нафаќал.
 
Ти до 6 години расти ги без други деца, нема да имаат другарчиња ни во училиште, ќе бидат чудни. Ако има други млади семејства е добро, ама тоа е многу битен детал во развојот на децата. Човекот не е создаден да биде сам. Ова е единствена причина што јас не би заминал некаде. Поголемиот дел од селата се или ептен запустени или нема млад човек. Единствено ако си некаде источна Македонија каде што има поголемки села, па има и млади или во Скопје околниве.

За овоштарство нека не те плаши @fennel не е толку тешко. Ако имаш различни дрва помалку шанси и за болест. Јас во двор имав ни ги прскавме ни бутур, јаболкниците преполни. Во село сакав да насадам, ама има многу од браќава па страв ми е да не ми ги берат.
 
Ова е мојот сон, со години веќе - да заминам на село, да си чувам животинки, да си садам бавчичка и да си уживам. Единствена работа што ме спречува да го реализирам е недостапноста на соодветни здравствени услуги со што би го довел моето и здравјето на членовите на семејството во ризик. Инаку не би размислувал ни миг.
 
Може скапо да го чини!
Ураа, не е за такви одлуки.
Два примери, на мои очи.
Човек со шпедиција, фамилијарна. Решија да се занимават со земјоделство, убаво им изгледало, здраво и т.н.
Седевме ги прашав, комшии вие со земјоделство сте се занимавале? Нее, ама што има тука, се’ се учи. Комшија не влегувај во чевли кои не си ги носел, јок!
Земаа земја УПМ, купија механизација, нема кој да организира, во живот не виделе блок од 20 хектари. Земаа цигани аргати, ги осакатија. Накратко, се изпозадолжија, мажот почина од мозочен удар. Жена му покасно успеа да се извади од долгови продавајќи ја викендицата(вила).
Познаник, има фирма, од село растел сиромав, реши да купи стадо овци.
Го прашувам, дечко ти овци си чувал? Знаеш што е тоа и колку труд и знаење треба? Немај гајле, ќе најдам луѓе..... Купи 200 после уште толку. Ги збута во едни штали, овчари веќе 30 години нема, тој сега ќе нашол. Пола изумреа, пола успеа да ги продаде пошто зашто, загуба до плафон!
Јас ги прашувам, оти сум го кркал тој леб. Една коза да чуваш па треба да си упатен во се’. Не 2 хектари овошки.
Да живееш на село и да одржуваш имот, чесно ти кажувам умствено е еднакво на магистратура, за физички да не зборам.
Јас имам лесен фат, копање, кроење, косење...знам да работам со минимум сили и пак не се нафаќам бавча да садам, не па имот да распостелам.
Ок, ако го бива, пеки, не викам не! Затоа и го прашувам. Да не биде не сум рекол!
 
Од секогаш ми било филм да имам викендица на село, да имам малку животинки и бавчуле чисто за сопствени потреби и како врват годините се повеќе ме влече.
Моите се асли градски луѓе, живееме во строг центар и немаме допирна точка со селски живот ама мои другарки да и од секогаш сум обожавала кога ќе ме викнеле на поседок, некое мало куќаре со дворче, сенка од лозница и да си пијам утринско кафе уз ракиче и салатка свежо набрана, милина.

Околу влегување во земјоделие како бизнис не знам, и јас сум скептик, другарка моја се вратија фамилијарно од Шведска и купија некое запустено место со ниви и штала и порачаа сандуци пчели сакаат да чуваат. Им ја поддржувам идејата ама познавајќи го сопругот нејзин која мрза е а знам по други пријатели кои години се бават со пчеларство дека сака голем труд и работа, шо знам, не и велам ништо да не и кршам филм, возрасни се имаме правено муабет дека си сака работа и време, ќе покажи времето.
 
Back
На врв Bottom