- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 41.648
- Поени од реакции
- 124.406
Брату,Целта ко што читам прво беше да се измами инфлацијата, а не за есенцијално станбено прашање и кирија. Сум живеел на 2-3 места и под кирија, знам колку е "прекрасен" таков живот.
Шта ќеш, долг живот, 3 системи сменети, многу нешта сум пробал.
А тоа со кредити е скоро па неможно. Ете, имам стан, имаат и моите синови по стан, значи засега обезбедени.
Сакам да земам уште еден оти сум имал неколку илјади евра заштедено (кои пак би отишле у дел од цена на гаража ама ај да занемариме "ситници"). Епа за 20 години треба дупло да го платам од сегашната цена со тоа што ќе биде стар веќе 20 години, за реновација и под услов да не се зголемат европските камати. А ЕЦБ веќе најави вчера зголемување.
Е сега, од банката ескивираат да ми кажат зашто со секоја рата ми наплаќаат плус 1700-3000 денари, а некој месец без плус доплата. Ова е зголемено, она е усогласено, еуроборот, тинтири минтири, а тоа им е кажано од горе така да ги правдаат овие исплати/уплати. За една година, без трошоци за трансакциска, водење сметка, винкулации, репроценки и други мижи асан трошоци, земаат плус 200-250 евра, во денари. За 20 години (ако не се 30), се ихахаха пари.
Али може да пробате, не е проблем.
Ама едно начисто. Дедото, таткото на жената, како се викаше, Авди, да не ви помага.
Него, бујрум, Влае на вода, кај Каскада. Цена и намена непознати, ме мрзеше да се пребацам преку река за да гледам табли и цени.
Прегледај го приврзокот 475330
Прегледај го приврзокот 475331
Прегледај го приврзокот 475332
Мислам дека имаш скроз погрешна перцепција за становите и работите поврзани околу нив. Имаш нешто кеш на страна? Имаш и друг имот така? Постои опција без учество да земеш кредит доколку приложиш дополнителна хипотека. Ете ти од старт “заштедени пари“. Земаш кредит на 30 години со 10 години фиксна рата, а каматата за првите 10 години ти е да речеме 3,4%, под претпоставка дека земаш 100.000 евра кредит, ратата би ти била одприлика 400-410 евра. Во зависност во која населба го земаш станот, еве да речеме дека е Карпош, ставаш рата за кирија минимум колку што ти е ратата за станбен кредит (може и повеќе во зависност од тоа колкав ти е станот). Кажи ми, 400 евра исто ќе вредат во 2026 и во 2035 година? Овде зборам за ратата од кредитот, не за киријата. Нормално дека не, а ти во меѓувреме секако ќе ја зголемиш киријата и ќе бидеш дури и во ќар. Значи некој друг ти ја плаќа ратата за кредитот поточно ти го отплаќа станот кој е твој, а ти кулираш. Станот можеш да го продадеш за 5-10-15 години, пак ќе бидеш ќар зашо квадратот 34324234234234% ќе биде поголем него во 2026 година. Доколку планираш цело време да го издаваш, после 10-та година рефинансирај го кредитот и пак фиксирај ја каматата и решен проблем. Ќе платиш 500-1000 евра пенал, а тоа не е ништо во споредба со тоа што пак ќе добиеш фиксна камата за 10 години.
Како и да ја вртиш математиката што си ја направил во претходните постови нема допирна точка со реалноста.
