- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.687
- Поени од реакции
- 13.785
Кинезите се заљубени во Америка.
Па не само Кинезите, секој кој 'рмба за живот сака да го дочека тој ден кога ќе може да си живее на раат без многу труд и маки.
Кинезите научија дека макотрпна работа се исплати, но американскиот сон им вели дека можат да се збогатат преку ноќ ако знаат како, и секако дека тоа ќе им биде привлечно.
Југославија и Советскиот Сојуз не беа некои примери за светски економски сили, но беа примери за развиени држави кои беа доволно богати за да можат да им овозможат најосновни услови за живот на своите државјани, ама и на нивните народи американскиот сон им ветуваше повеќе.
Потоа дојдоа 1980-те години и тие кои израснаа со приказните за американскиот сон си дозволија да поверуваат дека е дојдена ерата на исполнување на нивните животни сништа. Тие кои знаеја како да се снајдат - во превод: криминалците и олигарсите - успеаа да си ги остварат своите животни сништа, останатите си останаа со прстот во уста и или ги поминаа 1990-те години како риби на суво или си ги собраа парталите и се иселија.
Кај Кинезите е поинаква приказна, тие веќе имаа обид за инкарнација на американскиот сон во кинеското општество во 1989 година, а кинеските комунисти со тенкови среде плоштадот Тиенанмен во Пекинг им ставија до знаење дека американскиот сон е наменет за американците, а не за Кинезите, во спротивно би се нарекувал кинески сон. Затоа денешните Кинези кои веруваат во американскиот сон претежно емигрираат во САД и во некои држави во Јужна Америка - добар дел во Перу, Чиле и Еквадор, наместо да се обидат да го инкарнираат американскиот сон во кинеското општество.
Кои лекции ги учат во странство тие си знаат, дали ќе планираат да се вратат во Кина со истите тие приказни и да ги шират меѓу кинеското население ќе покаже времето.

