Избега од црква?
Со оглед на тоа дека св. Стефанија ме игнорира, а имам завршено и средно, и тоа пази четиригодишно(!), не сум без школо, за оваа теорија на заговор сум 50-50%.
Знам дека има извесни материјални докази, имаат донесено камења, биле и во Југославија, па и на Тито му дале камен, има видео материјал, па дури и снимки од Месечината каде има траги од овие слетувања, меѓутоа секогаш нешто ме копка кога станува збор за овие 5-6 авантури за трката во вселената.
САД ја загубиле оваа трка, советите го имале првото животно, маж и жена во вселената, а потоа и првиот вештачки сателит. Ссср има сплет на несреќи поврзани со оваа трка, пред се смртта на Гагарин, кој е национален херој и симбол на советска вселенска супериорност и неколку експлозии кои ги уназадуваат во трката.
Од една страна имаме добро оркестиран настан, телевизиски емитуван, кој никако не смеел да заврши со трагедија. Сепак ова Кенеди го најавува на почетокот на деценијата. Од друга страна имаш настани, како Аполо 1 и оној во 80тите години кој ѝ фрла флека на НАСА-експлозија во која умира целиот екипаж. И ова е емитувано.
Мислам дека од оригиналниот екипаж само Баз е жив, другите се починати. Ниту еден од нив никогаш под заклетва нема кажано дека мисијата била вистинска. Од друга страна, можеле да имаат доста луксузен живот, на стара слава, каде ќе живеат од продавање автограми.
Ја имаме и 13тата мисија, која е прекината, што значи удар за Наса, но и одредена симболика, демек 13 е несреќен број. Намерно или коинциденција, нека си проценат луѓето.
Науката вели дека слетувањето било изводливо, возможно и истото се случило, а имаш цели тимови кои направиле детална пресметка на секој фаза од оваа акција. Критичарите се фаќаат за изјави и слики. Интересно е тоа што и по толку многу години, веќе неколку држави пратија и ровери на Месечината, не излегоа со конкретен доказ дека САД истово го лажирале.
Дефинитивно имам полемики, поради политизацијата, државната контрола и битката на секое поле за превласт во Студената војна. Знаеш, некоја точка која не ти дава сигурност околу ова прашање, сепак во многу наврати отворено го лажеа светот, и светот одново и одново им веруваше.