Иначе малку поразлична тема ќе начнам. Ама луѓево што се навлезени “во длабокото“ со сликичкиве ми се бајги дно луѓе, со чест на исклучоци. Прво што имам приметено е дека кај некои луѓе што ми барале некоја сликичка од некој албум, рака на срце некои од нив се понудиле да ми платат, јас секогаш сум ги одбивал и сум им викал дека ќе им ги подарам а ако имаат некогаш некој дупликат што ми треба нека ме побараат (никој не ме побарал секако), после истите тие луѓе гледам си прават сет со таа сликичка или си ја препродаваат, ми нема поента, пак јавно е се, читаме. После еден знам тип имаше пример 10 сликички од кај него што ми требаа, а јас имав 5 да му понудам, му викам ако сакаш другите 5 да ги смениме да ти дадам сликички што ги имаш ама ги немаш за дупликат, а ти да ми ги дадеш тие 5 кои ги имаш и на повеќе дупли, нема да изгубиш ништо, а јас ќе добијам, а и тебе понатака може да ти се најдат тие дупликати. Ми враќа дека ништо немал корист од тоа и дека не може, немало поента да прави нешто ако нема корист од тоа. Потоа секој кој му текнало си направил своја група на Фб, си зима од Лимундо сетови или кутии на аукција за одредена сума, тука ги продава х2 од тоа, некогаш х3, а групите им се “размена на сликички“, а никаква размена нема, само продаваат и си прават профит. А пак ситна пара е, смешна добивка за тоа како идотски се однесуваат, не ги разбирам. Секоја чест на исклучоци што за љубов и кејф си го прават ова, ама има многу импостери на кои чист бизнис им е ова. А едно друго време памтам кога сме оделе по други маала со дупликати за другарите да собираме за нив ако ние сме собрале, па паралелно да менуваме и за други, со 2-3 списоци да се шетаме, ако мој дупликат треба на некој а мене не ми треба ниедна, ќе сменев за било која, битно беше да собереме сите, да лепиме сите, да се радуваме, изгледа не гледаат сите со тие очи.