Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 40: @Harry the dog - Не за свадбени прослави, да само за регистрација)

Не за свадбени прослави, да само за регистрација

  • Вкупно гласачи
    47
А шо мислиш ако Тито бил србин ние и црногорците ќе добиевме статус на републики? Или Војводина и Косово ќе беа покраини?
Да, не одлучувал тој, туку тие над него, а тие над него во 1934 ја признале македонската нација, 10 години пред создавањето на македонската држава.
 
А шо е со црногорците? Зошто само Војводина и Косово добиле статус на покраини ,а не и Книнска Краина? Премногу очигледна е целта на Тито. Има многу срби кои сеуште го слават а во реалност им ја растурил Србија. Премногу е очигледно.
 
@Ska Maniac , ќе правиш ли ново дете? :icon_mrgr:
Секако и така темава у сосема друг правец ми ја одведовте. Поентата и целта на темава беше споредба на државите што го преживеаа советскиот и кинескиот комунизам у споредба со југословенскиот социјализам или на кратко зашто Југославија од најнапредна држва у споредба со овие на крај го доби од трите подолгиот. И контроверзноста беше дека кинескиот и советскиот социјализам се покажаа како подобри системи за спремање на народот во модерново доба за разлика од југословенскиот кој што произведе највече легачи, тамаќери, криминалци, мрзи и се останато од дното на човештвото.
А не беше целата на темава бумери да евоцираат спомени каде биле на работни акции, кого го пратиле на Голи Оток и кога последен пат било кречено у МНТ и државна болница.

Ново дете еве ти.
Го номинирам @PloTwist да каже ново контроверзно мислење.
 
Последно уредено:
Ново дете еве ти.
Го номинирам @PloTwist да каже ново контроверзно мислење.
Добро, мене ли ме правеше? :icon_mrgr:

Мојот ред помина, сметам дека треба да има поголема опфатеност на членови, ја номинирам @Setsuko, имаше отворено една интересна тема, плус кога пишува, пишува многу темелно и издржано. Верувам дека ќе напише нешто интересно.
 
Фала @PloTwist за предлогот, еве уште рано сабајлечки да го испочитувам.

Неодамна присуствував на едно предавање/работилница во основно училиште што беше поврзано со болести на зависности и меѓу класичните алкохолизам, пушење, дрога и сл. беше наведено и ГЕЈМИНГ. Аргументите беа дека претераното играње видео игри создавало насилство, губење од реалноста, намалена продуктивност кај децата итн. итн. Тоа ми беше тригер да се вклучам во дискусијата со еден прилично чуден став за присутните „Видео игрите треба да се изучуваат како предмет во училиштата“. Можеби на форумов повеќето ќе се согласат со мене, но во реалност мислам дека е непопуларно мислење ова.

Ние генерациите од 90-тите растевме со тетрис, GameBoy, нинтендо, подоцна PS и секакви конзоли, па го фативме да речам гејмањето како забава, но денес тоа стана сериозна напредна индустрија (ми се чини дека се тркаат со филмската во поглед на најголема заработка од entertainment индустриите).

Во образование би започнала во пониските одделенија со логички игри кои ќе ја развиваат когнитивноста, логиката и брзото решавање на проблеми, во повисоките одделенија би започнала со наративни и RPG игрите кои би се работеле како лектирите по македонски јазик. Игрите што имаат приказна може да се анализираат и третираат еднакво со едно литературно дело. А во средно би вклучила стратегии (учење на соработка, работа во тим, планирање, лидерство) и секако понатаму, да речеме во 3 и 4 година game development како развоен процес.

Кога сето ова на овој начин би им било раздробено на учениците, мислам дека насилството во игрите за кое веќе 20-тина години на големо се труби во медиуми и образование би добило поконкретна форма, наместо апстрактната дека малите нешто пукаат таму и многу се возбудуваат кога ги играат тие игри, па се плашат навечер не можат да спијат, тоа ги тера да станат потоа убијци, силувачи и што ти јас знам.

Единствено што ме одвраќа од оваа идеја е дали би имало компетентни професори и дека можеби учениците и сега се преоптеретени со најразлични предмети и обемни материјали, но би исфрлила некои глупости за сметка на ова. Пример кога се работат лектири од минатиот век децата не можат да се поврзаат (или да се рилејтнат што би рекле они), многу поинтересно им е да читаат/слушаат/гледаат дела како Хари Потер, LOTR и сл. Па, преку видео игрите би научиле многу повеќе историја, митови, фантастика отколку сега, на класичниот начин. Секако, ако идејата правилно се разработи и имплементира.
 
А шо е со црногорците? Зошто само Војводина и Косово добиле статус на покраини ,а не и Книнска Краина? Премногу очигледна е целта на Тито. Има многу срби кои сеуште го слават а во реалност им ја растурил Србија. Премногу е очигледно.

Самите се виновни Србите во одредена мера за настаните.
Имало дел од Србите комунисти кои го поставиле прашањето за автономија на Краина во рамките на СР Хрватска после војната, ама веднаш се јавиле одредени Срби комунисти како Моша Пијаде и се спротивставиле кон таквата идеја и дури и ги нападнале оние Срби комунисти дека се националисти и шовинисти со барањето за автономија на Краина во рамките на СР Хрватска.

А и да добила Краина автономија во рамките ан СР Хрватска, тогаш би извисиле Србите од останатите делови на СР Хрватска, бидејќи Србите со векови наназад живееле на големи простори од територијата на Хрватска.
Србите со векови ги имало во Загреб, Сплит, Шибеник, Задар, Дубровник, и во големи делови од територијата на Славонија во Хрватска.
И се мислело дека најдобро решение е постоење на СР Хрватска со уставна положба на целосна еднаквост и рамноправност на два конститутивни народи - Хрватскиот и Српскиот народ како конститутивни народи во рамките на СР Хрватска. Во уставот на СР Хрватска пишувало дека нема, не може и нема да има Хрватска без целосна еднаквост и рамноправност на Хрватскиот и Српскиот народ во Хрватска. Ама дојде 1990 година и плурализмот и првите демократски избори во СР Хрватска, и единствено од сите републики во СФРЈ само во СР Хрватска победа на првите избори однесе опозицијата предводена од ХДЗ. Во сите други републики дотогашните комунисти и комунистички кадри победија, само во СР Хрватска опозицијата во екстремната десница победи, Србите во СР Хрватска во Април / Мај 1990 гласаа за СДП и Ивица Рачан и мислеа дека ќе бидат заштитени од Рачан и СКХ Хрватска ама погрешија, на 20.12.1990 мнозинството пратеници на СКХ и Рачан дадоа глас за новиот устав на СР Хрватска со кој Српскиот народ од конститутивен народ беше сведен на национално малцинство во СР Хрватска, и ова беше вовед во крвава војна.
Во летото 1990 година кога се разгледувале предлози за новиот устав на СР Хрватска и прв демократски устав на Хрватска, претставници од Србите од Хрватска го прашале Ивица Рачан дали тој и СКХ ќе се грижат за Српскиот народ и ќе бидат негови заштитници бидејќи Србите масовно гласале за СКХ и Рачан, а Рачан им кажал дека за Србите во СР Хрватска отсега е одговорен Слободан Милошевиќ и на Милошевиќ да му се обратат.
И Србите во летото 1990 подигна т.н. Балван револуција со блокади на автопатиштата низ Краина, имаше обиди новата етничка полиција од Загреб да деблокира ама ЈНА испрати авиони и ги спречи ХДЗ полицијата, па имаше обид од умерената струја во ХДЗ предводена од првиот министер за внатрешни работи Јосип Бољковац мирно да се реши напнатата ситуација, без обезбедување Јосип Бољковац отишол во Книн на разговори со Србите и покажал разбирање за полицајците во тие подрачја да немаат шаховница на униформите.
Ама тоа е, не се доволно искористил моментот, и почнала војната.

Ама реални да бидеме, до 1989 година долги 40-тина години Србите имале процентуално поголема застапеност и вработувања во безбедносните служби во полицијата и војската во СР Хрватска, се идело на тоа дека голем дел од Хрватите би биле недоверлив фактор во полицијата и војската.
И еден ден дошол крајот на тој зголемен процент на Срби во јавната управа во СР Хрватска, откако на крајот на Мај во 1990 година дошол ХДЗ на власт, веднаш почнала чистката на Срби од полицијата и безбедносниот апарат во Хрватска.
 
Моша Пијаде не е Србин туку е Евреин. Случајно?:cautious:
 
Им го подметнале.
Како и да е, самите се виновни за настаните после војната и општественото уредување на државата, мислеле вечно ќе трае системот со конститутивни народи во републиките.
Сега со векови нема да се поправи состојбата.
 
Многу убава тема, бравос!

Првично кога прочитав дека video-gaming сакаш да биде посебен предмет кој ќе се изучува во училиште, си реков hell no! Но, кога прочитав логички игри во прво и второ одделение, и стратегии во средно си реков why not? Тоа ќе му дојде како еквивалент на она што го учеле нашите баби и дедовци, па и мајки и татковци во школо, од типот на домаќинство, стрелање, ОТО (ова и ние го учевме) и слични некои предмети. Значи, светот се менува, па и начините на кои се учат вештините еволуираат.

Сепак, свесни сме и самите дека постојат примери во кои ваквите игри на децата, па и на возрасните им се опсесија. Опсесијата и зависноста се реални ризици и треба многу мудро да се преиспитаат ваквите идеи пред да станат реалност. Треба да постои умереност, како што на физичко не ги тераар децата да трчаат 8 часа без престан, така и ова би требало да биде строго контролирано, исто како што треба да бидат строго контролирани и игрите кои што се играат.

Има нешто многу моќно во тој начин на учење. Имам блиски луѓе, сериозни гејмери, кои преку игрите имаат научено историја толку детално што е дури и нереално. Одиме во Фиренца и човекот ми кажува точно каде треба да свртиме и кои се градбите само затоа што со часови шетал низ тој град во некоја игра. Истото е и со Париз од средниот век, тоа е неверојатна просторна меморија и знаење кое тешко се добива од сув учебник. А за митологијата па да не зборувам, многумина од нив ја знаат скандинавската, грчката или египетската митологија подобро од кој било студент, бидејќи низ игрите ги поминале сите приказни, богови и легенди на своја кожа. Тоа не е само пасивно читање, туку доживување на тие светови.

Така што јас сум ЗА, ако ова умерено и добро контролирано се постави во образовни рамки, децата ќе научат да ги гледаат игрите како алатка за развој, како лектира или историска читанка, а не само како празно трошење време. Наместо да бегаат од реалноста, тие би научиле како да ја разберат историјата, митологијата и логиката на еден многу поблизок и поинтересен начин.

Тешко се излегува на крај со гејмери, ама треба да се признае дека меѓу нив има многу паметни ликови.
 
Едно време имаше предмет Логика. Треба да се врати назад, може да биде и интерактивен, да се стимулираат децата да размислуваат и да решаваат логички задачи преку пат на игра. Ем ќе им биде забавно, ем активно ќе размислуваат, ем ќе има реален видлив ефект.

Со добро осмислен концепт, Да. Зелен бумбар.
 
Така што јас сум ЗА, ако ова умерено и добро контролирано се постави во образовни рамки, децата ќе научат да ги гледаат игрите како алатка за развој, како лектира или историска читанка, а не само како празно трошење време.
...секое здравствено лице, според мене треба да биде ПРОТИВ - во име на здравје на детето кое не треба да помине толку време пред ПС, таблет, ајфон, ВР, конзоли и што ја знам што се гледа на екран, монитор.

...велиме здравјето пред се, без разлика дали тематиката на гејмирањето е безцелна со пукање и убивање со видео игрите или ќе се претвори во едукативна програма, тоа нема да го смени фактот дека ќе имаме млади генераци со оштетен вид, глуви, со искривен кичмен столб, гојазни, мрзливи и неснаодливи.

...учењето пред тие монитори не е здраво, сакате читање лектири, едукативни програми или едукативни видео игри истото треба да биде контролирано временски најмногу пола час преку ден и толку, детето, ученикот треба да биде надвор во природа, треба да ја почувствува страницата од книгата во рака, а наставниците се тие да им посветат внимание и да најдат начин да им биде интересно со интерактивни програми, а не да се постави монитор пред нив, да седат на столица изолирани и несоцијабилни.

... и бидите сигурни дека тие пак ќе најдат начин да гејмат, како што јас меѓу тетратката што требаше да учам го имав стрипот Таличен Том, а моите ,,доста учиш,, ама тоа барем беше природно, а не со монитор и замарање на очите во тие пиксели на екранот.

...според мене треба да се забрани гејмингот или префрлување од видео игри во едукативни игри и програми во училиштата, со тоа само ќе се продлабочи здравствениот проблем што го носи седната положба и гледање во мониторот, а наставничкиот кадар ќе одмара од денешните ученици и нивни родители кои поинаку и погрешно ја толкуваат демократијата и слободата на нивните деца како ученици.
 
Океј, ти биди си против, но не можеш на секое едно медицинско лице да му го креираш ставот на темава.
 
Англиски научив од игра - Conquer Online
ЗА
И јас од рок музика и филмови, ама со гејмингот во школо не се согласувам.
Може, ама паралелно со него да се учи и калиграфија, само он НЕ!
Автоматски споено мислење:

Океј, ти биди си против, но не можеш на секое едно медицинско лице да му го креираш ставот на темава.
 
Back
На врв Bottom