Мојот цитат “Интер на интеристите” штом го назначија г-динот Киву, се врти сѐ уште во кулоарите и говори се за мојот став за наследникот на Дон Инза.
Ок е боцка, нула доверба имаше у него на стартот ко и повеќето така да уреду е, полека малце сега, биди малце искрен и признај дека претходниот мистер сезонава е така малце разобличен од Киву, кој периодов конечно заокружи година дена тренерски стаж. Уште овој сеа е далеку од јак тренер, учи греши се мачи у една од најделикатните средини за тренер, Италија и Интер.
Него небитно ае, неколку работи од денес.
Чудна победа, заслужена ама многу чудна, овие Комо играат добар фудбал ама и имаат 1 тон неискуство и сами си пукаат у колено, слична утакмица изиграа со Милан, ги убија у прво, Мењон чуда правеше и на крај погрешија од прво пенал им поклонија на Милан, и овие после тоа ја свртеа у второ, место 3-0 да водат на полувреме, 1-1 тука и на крај 1-2 или 1-3 не ми ни текнуе ама изгубија битно.
Денес исто, тотално го надиграа Интер во прво, и све им падна у вода за само 3 минути, прво дозволија глуп гол во судиско продолжение од прво каде Интер го имаше второто нафрлање у шеснаестерец и првиот било каков шут кон гол, и после дозволија уште еден супер глуп гол на сам старт од прво, Интер всушност направи 4 шанси за гол и дадоа гол од сите 4, 100% реализација имаа денес, 4 шута 4 гола до четвртиот гол, после тоа имаа уште неколку обиди.
Киву покажа карактер денес со измените, Димарко имаше криминално издание, му даде шанса само ради реномето што го има у тимов, да се викаше Енрике ќе останеше во соблекувални на полувреме, ама после онаа грешка у полуконтрата ајт му напраи и него. Бастони не знам зашто е заменет, немаше ни он добра утакмица за вториот гол се заборави напред, ама нема да сум изненаден и он ради ова да го јадел а не ради повреда иако давам шанси поголеми за второво.
За крај, ако постои промил шанса да се земе Нико Паз, овој треба да е мета број 1, 2 и 3 летово, па после све останато, многу добар играч, многу му треба ова на тимов, ко што исто така многу му треба и промена на формација од следна сезона. Хакан, Барела, Зиелински и пред нив Паз, тоа би било многу добро за гледање ама Реал после сезонава има изгледни шанси да му даде шанса и него, тие Арда марда не ми делува дека се наметнаа.