Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Да ме питат да одбирам помеѓу 5 минути со Сиднеј Свини во кревет или 5 минути да му мавам шамари на Петар Богојески, ќе прашам ако може 3 мин со Свини и 2 да го тепам Богојо му ебам суратот искривен психозен. Најголем ретард од оваа ретко глупа пичкина влада, му ебам фацата што личи на пропаднат маџарски адвокат. :kuracc:
 
ДК,

Колку е длабоко дното и кога како нација ќе го пробиеме?
Македонскиот амбасадор во Москва, по тренерки и папучи, се запил во некој кафич.
Па се расправал со персоналот нејќел да плати, избегал, седнал у кола од амбасадата, со црвени таблици, мртов пијан, бегал од полиција, направил сообраќајка, излегол од кола и се удрил во бандера по што е уапсен.
Што да речам, а да не заплачам.
 
Драга,

Денес главата ми е претешка. Седам и го вртам истиот филм во мислите, обидувајќи се да го најдам моментот кога нештото тргнува наопаку. И зошто воопшто тргнува? Барам причина.

Се чувствувам како да сум заглавена во некоја паралелна реалност. Од една страна, знам дека јас сум таа што го одеше патот, од друга страна, не можам да поверувам дека бев толку... не знам ни како да го наречам. Глупост? Наивност? Самосаботажа? Каде погрешив бе?

Дали погрешив кога почнав да верувам во илузијата или кога престанав да ја слушам интуицијата што ми шепотеше дека нешто не е во ред? Дали погрешив што верував дека тишината е мир, а всушност беше само наталожена рамнодушност?
Се прашувам дали е ова воопшто реално. Дали навистина сум на оваа точка или само сонувам некој неубав сон од кој не можам да се разбудам?

Можеби сега само треба да си признаам дека сум разочарана. А можеби е ова и само глупост што ќе помине.

Who knows…
 
ДК,

Најголема трага во мојот живот имаат оставено татко ми и баба ми. Секако дека постојат и други кои имаат простор во моето срце, но овие се истакнуваат. Баба ми еден период од мојот живот истовремено ми беше и татко и мајка, моите беа преокупирани со работата, тој период од мојот живот и воопшто да не ги гледав низ дома, доаѓаа само на спиење. Навистина многу се вложија во работата, но оваа белешка во дневникот не е за неа, она ќе си добие своја. Заслужува, она ми е тотемот на хуманоста, се додека е жива ќе гледам надеж за човештвото.

Најголемиот дел од мојот живот го поминав со татко ми. Се разведе млад, се избори да ги задржи децата и да им овозможи среќно детство, потоа и да ги образова, да имаат академска иднина, односно да добијат папири (што би рекла баба ми), па и трпеливо чекаше да завршат и да најдат работа, со која ќе можат финансиски да помогнат во домот.

Станува збор за ретко скромен човек, класичен маж, неколку пара парталчиња, патики, просечна кола, иако е врвен во својата професија. Живее со своите животни начела, интересни морални догми и се што има инвестира во домот. Кога бевме деца, целата плата одеше за храна, сметки и за нашите потреби. Се остануваше во домот, он беше последниот во редот. Прво децата, па домот, па он. Сем колата, никогаш ништо релативно скапо си нема купено. Ќе се задоволи и со најелементарното.

Кога бев дете ми подари една книга, со посвета „среќен нероденден сине“, ми ја даде еден ден пред мојот роденден. Стара е со децении, реликвија, споменар, сама по себе не вреди многу, но со неговата тогашна заработувачка, вредела скоро колку една цела дневница.

Башка има еден престар компјутер, кој како џамија, со звучници беше поврзан низ целата куќа. Сакаше да си пушти некој подкаст од соба и да го слуша од кујна! Крајно нехумано, загадување на звучниот простор, не можеш ништо да направиш, не пак да поразговараш, мора да слушне. Па така, се решив да му купам нов компјутер, премал знак на благодарност за сето она што го има направено во мојот живот. Му го дадов и гледаше во него. Неколку минути откако му го дадов не го отвори, само гледаше во него. Не сум го видел таков, на раб на солзи, пред мене никогаш во животот нема плачено. Не плачеше ни денес, ама самата реакција ми го наполни срцето.

Не можам да се пожалам од мојот живот, сепак истиот е благодарение на него. И како деца, не седеше со нас на одмор, ќе се однесеше, ќе поседеше еден ден и ќе се вратеше на работа. Па ќе дојдеше да не земеше еден ден пред да се вратиме. Се сеќавам, имавме една стара црвена Дијана, и со неа за Охрид. Е сега...сосема друга авантура се возењата со него, кога му откажа кочницата на излез од Охрид па така возеше до Скопје, или кога му падна алспухот на автопат на среде возење. Тој позади нас направи маневар, инаку проблем. Кога бев средношколец, втора смена, зимно време, секој ден ме будеше да ја туркаме колата. Го зезав дека колата има посебна километража на извозени и посебна километража на истуркани киломентри.

Секако дека многу го сакам, иако не се сеќавам кога последен пат тоа му го имам кажано. Како да имам другар во животот, а не фигура на авторитет кој дава наредби и чиј збор мора да биде последен! Со него ми е забавно, ме закача, го закачам. Ретко кога е сериозен. Никогаш сум немал забрани, и тоа никогаш и не сум го злоупотребил. И да, единствениот родител на светот кој отворено му рекол на своето дете дека сонува да го види како се враќа дома пијан! Тоа му бил дел од животниот сон!

Најсреќен нероденден и многу те сакам!​
 
Последно уредено:
Многу одамна, најверојатно видена на beatport, прв пат ја имам чуено у кола на едно другарче мое....ќе остане заувек у мојата меморија. Духот никад не умира!
 
dr...dojdimi na cresi vo maj...se raduvam koga ke vidam mali deca,pogotovo malo pa odi,a nema godinka...taka i ova na prva slika,lani go nasadiv na tuga niva odnosno pred tuga zgrada vo komsii i vidi go rscvetalo kako da go oslobodil Skopje,,,ova cudo e vo N.Lisice,a vtora slika e toa e veke 3-4 godini na rod 5-6 sadnici kolku i sto dozvoluva mestoto pred zgrada na 1m. zemja pomegu plockite .zamisli koga ke uzreat cresive koja navalica na radosni deca ke bide.
 

Attachments

  • Слика2016[1].jpg
    Слика2016[1].jpg
    292,4 KB · Прегледи: 17
  • Слика2011[1].jpg
    Слика2011[1].jpg
    597,9 KB · Прегледи: 17
Не ја поднесувам новата музика, ама упорно во глава ми се врти..

На дупла линија, пак ми ѕвони Лидија,
Ах која Лидија, качи се па види ја…

Нешто не е во ред со мене :D
 
Стоп на лажното пријателство и роднинство,денес ми дојде преку глава,некои луѓе што ги познавам 39 години станаа добри актери.

"На сливар сливи не продавајте"
 
Back
На врв Bottom