Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 36: @Ska Maniac - Советскиот и кинескиот комунизам беа подобри од југословенскиот социјализам)

Дали се согласуваш со прашањето на Ska Maniac од насловот на темава?

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Не се они brain dead, ние сме brain dead. Сето она што го имаме во државава, училишта, спортски сали, болници, железнички и автобуски, се е од времето нивно и од времето на Тито. Ние ништо немаме направено ниту изградено во овие 35 години независност. Исто толку постоела и Југославија.
Дај бе не биди бумер. И тие биле бреин дед. Единствена генерација што чинела од комунистите се бабите и дедовците што ја преживеале втора светска и што од темели ја изградиле цела федерација, Све после тоа што е родено биле у мед и млеко.
И кога ќе израчунаш математички и генерациски најмладите што ја преживеале втора светска а биле доволно возрасни ќе ги земеме просек 15-16 год.
Тоа се околу 1930тите родени. Веќе 1980 год се пред пензија и мнозинството се родителите наши кои биле младина или активна работна сила. Кога почнуваат големите кризи кои случајно или не се поклопуваат со смртта на маршалот ? Кога почнува национализмот да се појавува, особено од шипците на Косово ?
Истите тие рани 80ти год.
 
Последно уредено:
Лекарите, инженерите и сите други луѓе од тврдите науки, се добри колку што решиле сами да научат после универзитет. Нивниот работен успех има многу малку со УКиМ, најчесто влијанието на универзитетот одмогнало. Тоа што едната вечерна школа е подобра од сите други, не ја прави помалку вечерна школа. Проблемот е многу во науката што ја продуцираме, затоа што нашите универзитети не продуцираат наука. Никогаш не продуцирале. Притоа, есеите на Фрчкоски не ги сметам за наука - се знае што е наука. :D

Јас реков дека системот на самоуправување создал brain dead луѓе, што мислеле дека е одлична идеја на самоуправен совет да изгласаат повисоки плати и задолжително вработување на сопствените деца.

И да, живееме во Македонија која е продукт на Југославија. Каков квалитет на производство, таков продукт. Баш тоа ми беше поентата. Фалична држава, како производ на фаличен политички систем. Во нивна одбрана, конструиран во многу сложени околности.
Не се станува хирург или инженер само од себе. Без разлика колку и да го потценуваш УКИМ, тој ја дава базата.

Како и да е, ние за 35 години требаше да го поправиме дефектот. Не сме добри мајстори.
Дај бе не биди бумер. И тие биле бреин дед. Единствена генерација што чинела од комунистите се бабите и дедовците што ја преживеале втора светска и што од темели ја изградиле цела федерација, Све после тоа што е родено биле у мед и млеко.
И кога ќе израчунаш математички и генерациски најмладите што ја преживеале втора светска а биле доволно возрасни ќе ги земеме просек 15-16 год.
Тоа се околу 1930тите родени. Веќе 1980 год се пред пензија и мнозинството се родителите наши кои биле младина или активнаработна сила. Кога почнуваат големите кризи кои случајно или не се поклопуваат со смртта на маршалот ? Кога почнува национализмот да се појавува, особено од шипците на Косово ?
Истите тие рани 80ти год.
Зошто бумер бе?

Еве баба ми ја преживеала втората светска војна, ја градела државата од темел и го дели истото мислење со мене. Или не се рачуна нејзиниот став само затоа што е жена?

Ако тие генерации биле толку brain dead, зошто ние денес, со сиот наш труд и памет уште не можеме да изградиме ниту една пруга или болница што ќе им парира на нивните? Признај дека ти фали малку ред и дисциплина, само ти е страв да го признаеш тоа пред мене. :D

И Путин кога ќе го снема ќе настане хаос.
 
југословенскиот социјализам бил најмалце репресивен, имало рокендрол, се носело фармерки, имало јака индустрија, итн. Проблемот со системот е повише корупцијата. Превработеност и ниска продуктивност, исто така крадење. Ова е проблем кој едино кинезите го заобиколиле воведувајќи приватен сектор и адаптирање на нивниот систем да се отвори кон предузимаштво паралелно со државното.

Советскиот сојуз го направил тоа но неуспешно пошто им дозволил на некои моќници да ги крадат фирмите како у времето на Црвенко, успат му дал слобода на говор на народот, и тоа било погрешниот чекор на Горбачов. Промашени реформи кои дошле премногу касно.
Ако југословенскиот социјализам бил најмалце репресивен Голи оток што бил ? Зашто има еден куп места каде што се стрелани луѓе неподобни на режимот ?
Конкретен пример кај нас ти е Крвавото Коледе на Кале, бунтот во велешкиот затвор, 5те струмички студенти...

"имало рокендрол, се носело фармерки, имало јака индустрија " - и Британија го има се ова па ако пробаш да критикуваш мигранти и муслиња завршуваш на 1-2 год затвор за разлика од силувачите што добиваат 3-6 месеци. Дали ова е демократија или репресивен режим ?

Последно уредено:
За да споредувате треба да знаете како се живеело на тие места.
На форумов се малку такви кои учеле, работеле, стварале фамилија, граделе куќа во тој систем. Ги почуствувале плусевите и минусите на системите.
Јас сум еден од тие што го кркале тоа, познавам личност која исто го има живеано социјализмот на СССР. Познавам многу кинези, ама тие се млади и не знаат каков бил вистинскиот комунизам во Кина. Затоа ќе се воздржам од оценката за Кина.
Споредено од нашите видувања до распадот на двата системи, а се случи во исто време, можам да кажам дека социјализмот во СФРЈ беше најмалку па дупло подобар од комунизмот во СССР.
Да се разбереме, имало и работи кои во СССР биле подобри него кај нас. Пензионирање на 55 односно 60 години, платено породилно отсуство од 3 години, систем на годишни одмори во санаториуми .....Школски систем сличен на нашиот, ама многу поквалитетен поради условите кои ги имале. Развиен здравствен систем, кој ние не го достигнавме никогаш.
Во се’ друго ги шиевме.
 
Се беше добро, до овој момент. :D

Срцки сте сите со каков ентузијазам и самодоверба зборите за тоа време.
Не се замарај со мене!
Јас сум дете од село, запишав технички науки бидејќи така најлесно се доаѓаше до леб. Значи не се палам на системот, го гледав со отворени очи! Не добив стипендија, затоа што татко ми не беше работник, нит комунист. Ми земаа доделен стан од Пелагонија, затоа што не бев нивни. Не ми одобрија станбен кредит, затоа што не бев нивни. Исто доделен плац, додуше право да си го купам, на повторно разгледување ми го одземаа, оти не бев нивни. Доволно квалификации за да бидам реален?
П.С: Во војска 10 дена гасев пожар, награднотоотсуство му го дадоа на друг(кој во тоа време беше дома на отсуство), затоа што не бев нивни.....
А ситуацијата во двете земји ми е позната мноогу добро, така да батали го мојот ентузијазам. Јас сум само собирач на плусеви и минуси на системите. Ништо повеќе!
 
... најдобри објекти сега? може нешто по надворешен изглед, ништо не по пропис изградено, поарно сега архитектонски факултет да го затворат, нема статистика, нема надзор, нема стандарди во градењето, Југославија имаше критериуми „по ЈУС“ (Југословенски универзален стандард) што означува квалитет, прецизност, стандардизација изработени според строги технички норми, во преносна смисла означува нешто сигурно, квалитетно и проверливо.

...денес нема никаков стандард ни во исхрана, хранителен производ од исто место на производство сериски има различен квалитет, обувки со различни броеви од различни производители за иста големина на стапало, облека за исто тело со различни величини, ништо квалитетно, рециклирано и употребено на несоодветно место, лековите (вакцините) сигурни клинички проверени, денес бизнис во медицина и бизнис со здравјето на човекот, допрва секојдневно ненајдено умираат луѓе на најдобра возраст, онкологија се полни со пациенти со ненајдени појавен инвазивен канцер, автоимуни болести во последните три години колку сакаш, аутизам, хомосексуалност, педофилија, наркоманија, коцкарници и оболожувалници на секој чекор, неквалитетна вода за пиење, ГМО храна све штетно прскано, непроверено, џубре и самоволие и неисгурност за сопствен живот. тоа го немаше во Југославија, една слика на чело на училница со Маршал на цела Југославија, цврста рака која води, а не денес сите неспосбни дркаџии да се менуваат на власт, премиери, претседатели, функционери, советници, експерти, МАНУ, сите со фабричка грешка фалични луѓе!

... тогаш постоеше „Голи Оток“, една власт, еден Маршал, еден збор, една дисциплина, една војска, а не македонските дркаџии како Љ.Георгиевски, Б,Црвенковски и низа починати да не ги именувам, како и новите наследници циркузанти дебилни луѓе од семка од Муртино и предци предавници како З.Заев, В.Филипче, Д.Димитров, Д.Ковачевски, судство со бисерите како Кацарска и Русковска и другата багра кои се уште се вртат како политичари, неспособни продадени души на македонска кауза, етничките албанци не ги спомнувам, нивното ДНК се уште го има овчарството и занаетчии и ништо друго, со сила интелектуалци не ги бива, па имале десет платени дипломи и титули до Доктор на науки, во душата се овчари и нецивилизирани, на жалост такви ќе останат најмалу уште 100 години!

...да ги немаше хидроцентралите и болниците од тоа време изградени, државата не ќе имаше ни струја, ни храна ни здравство, ќе беше една голема штала, во кал и макадам улици!

П.С.
дали вооопшто вие кои пишувате сте слушнале или знаете што значи по „ ЈУС“ за да било што коментирате? :toe:
664971102_2481987335571821_6580747127506903239_n.jpg
 
Ако југословенскиот социјализам бил најмалце репресивен Голи оток што бил ? Зашто има еден куп места каде што се стрелани луѓе неподобни на режимот ?
Конкретен пример кај нас ти е Крвавото Коледе на Кале, бунтот во велешкиот затвор, 5те струмички студенти...

"имало рокендрол, се носело фармерки, имало јака индустрија " - и Британија го има се ова па ако пробаш да критикуваш мигранти и муслиња завршуваш на 1-2 год затвор за разлика од силувачите што добиваат 3-6 месеци. Дали ова е демократија или репресивен режим ?

Чисто за споредба во Советскиот Сојуз точно се знае кој за што кога и како е прогласен за неподобен, нивните архиви се достапни за разлика од некои други. Лично Сталин големиот авторитет и диктатор сам го има поштедено видниот критичар на тогашното советско општество, Пастернак.

Македонија како суверен ентитет беше должна во очите на своите жители да им го покаже тоа, што навистина беше Југославија за Македонија добродетел или нешто друго? Ние не го направивме тоа, бидејќи ако се покаже правото лице на тој/овој систем тој секундарно би крахирал.

За еден Путин знаеме дека е бивш разузнавачки агент, за нашите што знаеме? Ништо.
 
Викаат секој доктор има свои гробишта, така и секој систем има свои темни тајни. Ниту СССР ги нема отворено сите архиви, ама бар нешто за жими мајка има.
Нашите архиви? Може е и подобро да не се отвараат такви рани.
Мислиш дека отварањето на архивите ќе ги дискредитира и тргне од власт овие гарнитури? Пак ќе го изрелативизираат и тоа прашање. Бидејки никој од тие кои ги вршеле најголемите неправди над Македонија, не е веќе меѓу живите.
 
Точно!

Плус ние не можеме овие сегашниве криминалци и сатрапи што имаат јахти и вили по грчки, дубаија, белизеа.. да ги испроцесуираме за апла ујдурми..
ќе сме управале нешто од пред 50год.. пффф
 
Викаат секој доктор има свои гробишта, така и секој систем има свои темни тајни. Ниту СССР ги нема отворено сите архиви, ама бар нешто за жими мајка има.
Нашите архиви? Може е и подобро да не се отвараат такви рани.
Мислиш дека отварањето на архивите ќе ги дискредитира и тргне од власт овие гарнитури? Пак ќе го изрелативизираат и тоа прашање. Бидејки никој од тие кои ги вршеле најголемите неправди над Македонија, не е веќе меѓу живите.
Важно е да се отворат, за народот, за државата, за жртвите од тој систем и утеха за семејствата, за историските учебници...просто за се.
Затоа што во Македонија ништо не е онака како што изгледа...смртниците на Македонија не се меѓу нас веќе, но имаат продолжена рака од гроб што носат нивни презимиња.

Додека не се случи тоа Македонија, нема да ја биде.
 
Текстов ти е многу контраверзен. Главната цел на Тито како Хрват била да ја ослаби Србија. Затоа им дал републики на Македонците, Босанците и Црногорците и создал две покраини Косово и Војводина кои пред војната дефакто биле Српска територија. Тоа е исто како во Грција на пример им се даеше република на Егејските Македонци. Зошто не им дал статус на покраина на Краишките Срби,пример?
Според администрацијата (форумска, не бугарска) секој текст ми е контроверзен, небото е сино.
Дискутабилно дали ни дал Република, би рекол ја платија нашите предци со крв борејќи се и за туѓи битки покрај за своите. Да не ја даделе таа жртва, ни Тито немало да ни "дал" Република.
И дискутабилно колку успеал во ослабувањето на србите кога политичкиот центар бил токму во србија и секоја одлука морала да се носи и одобрува таму и кога мнозинството во озлогласениот безбедносен апарат биле срби.
Продолжение на схс со конечно признавање на Македонците и македонската нација (не дека сакале, морале), формирање на прва македонска држава по Самоиловата иако како федерална единка, и познатиот братство единство принцип на функционирање кој не донел добро за ликови како Ченто, Шатев, Брашнаров и за сите кои размислувале поинаку од владеачката елита.
 
Можеле да не извисат комотно, па да бидеме покраина како Косово и Метохија и Војводина.
Нешто длабоко во мене ми вика дека во Коминтерната, комунистичката братија со Македонско потекло има влијание на тоа.
Немам никакви докази, чисто чувство!
 
Да не ја даделе таа жртва, ни Тито немало да ни "дал" Република.
Не зависело од Тито да дава и да зима..
Тоа е кардинална грешка, и последица на "божествениот" статус кој стариот лисец сеуште го ужива по толку години пропаганда и перење мозок!

Македонската Комунистичка Партија (КПМ) била признаена од Коминтерната, а тоа вклучувало освен борба за социјализам, борба и за самостојност и самобитност!
Дури и српските комунисти во главном немале проблем со автономија на Македонија, а за разлика од бугарските каде уште си сонувале за некакво "обединување"!

Можеби не сме биле голем и битен играч на масата.. ама дефинитивно сме биле на вистинската страна на историјата, плус право време и место!

Интересен податок кој често го кажувам а многу, ако не и сите не го знаат, е дека Сталин прв не спомнува како македонци, и (набројувајќи ги сите братски народи) не спомнува јасно и гласно нас! Македонците!
НОБ и анти-фашистичката борба се темел на оваа држава!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom