Укинати паралелки и училишта според новиот конкурс за запишување во средно училиште

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
17.845
Поени од реакции
44.790
Локација
Скопје
Неодамна, на 1 април 2026 година Министерството за образование и наука на Република Македонија го објави конкурсот за упис во прва година во средните училишта во учебната 2026/27 година. Истиот повеќе личи на првоаприлска шега, зашто во него се изоставени многу паралелки, цели струки, па дури и цели училишта, во најголем дел од малите населени места. Од некои од нив реагираат дека ВМРО ДПМНЕ ја започнало таа погубна политика пред околу десетина години кога средното образование со одлука го направи бесплатно, а со тоа и престојот во ученичките домови. Така, голем дел од учениците од помалите градови одлучија своето образование да го продолжат најмногу во Скопје, што се покажа како погубен потег за училиштата во помалите градови каде бројот на запишани ученици драстично се намали. Оваа одлука, повторно донесена од ВМРО ДПМНЕ и потпишана од Министерката Весна Јаневска е финален удар кон малите места.

Но не се само малите места во прашање. Укинато е и цело едно училиште - Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола. Битола - центарот на Пелагонија, житницата на Македонија. Таму каде повеќе од век се образувале генерации и генерации средношколци, Јаневска одлучила дека не е потребно, па така воопшто не ни фигурира во конкурсот за упис, значи целосно е укинато. Кога укинуваат училиште кое е основано уште во 1908 година, за што подетално можете да прочитате на овој ЛИНК, некако беспредметно е да се пишува за тоа колку го уништија образованието и ги докрајчија малите градови. Но еве само неколку примери. Кратово останува без гимназиска паралелка:

1775213458106.png

Македонски Брод и средното општинско училиште кое оваа година го прослави јубилејот 50 години од основањето, доби јубилејна честитка со тоа што остана без струката „угостителство и туризам“, и тоа во местото кое баш од угостителство најмногу живее:

1775213678401.png
1775213708406.png

Во некогашното Техничко-дрвопреработувачко училиште „Трајко Бошкоски-Тарцан“ кое подоцна се трансформирало СОУ,, Ѓорче Петров'' со други стручни насоки текстилна, рударска, здравствена, лични услуги, во Прилеп, кое постои 60 години, парадоксално, укината е баш дрвопреработувачката струка!

На Министерката очигледно поважни и се популистичките PR глупости со употребата на македонскиот и албанскиот јазик, нормално, за да покаже колку е она голема Македонка. Ама не ја засега тоа што продолжува со она што го почнаа нејзините колеги и колешки децении претходно - да го доуништи образованието, да ги доуништи малите градови, а со тоа да ја доуништи и државата. Се уште се нема огласено ни она, а ни од МОН за овие прозивки од дел од училиштата.

Срамни политики! Ова веќе не е прашање на политика, прашање на интегритет е и се надевам дека наскоро ќе се вразумат од МОН и ќе ги исправат очигледните грешки.

Мислење?
 
Нема деца, затоа се гасат. Се преструктуираат стварите. И факултетиве додека бевме ние јаки генерации заинтересирани за образование пливаше народ, сега двајца без тројца се. Идат на работа само плата земаат.
 
Делумно проблемот со „немањето деца“ е креиран од нивна страна. Го направија средното образование бесплатно и поголемиот дел од децата се запишаа во Скопје. Зошто да не, кога се им е бесплатно тука. Укинувањето на паралелките не е решение на проблемот „нема деца“. Напротив - само дополнително го продлабочува. Плус, општините донесоа разни програми за новите упишани ученици во некои од паралелките во помалите градови. Самата општина дава стипендии на новозапишаните ученици. И не само тоа, и други програми, со кои еве јас конкретно знам за едно место каде е укината една струка - бројот на ученици се зголеми за 3 пати. А програмата сепак се укинува.

Затоа, Ронче, пред да бидеш експерт за секоја тема, прочитај, види, распрашај се, па после дели експертизи. ;)
 
Делумно проблемот со „немањето деца“ е креиран од нивна страна. Го направија средното образование бесплатно и поголемиот дел од децата се запишаа во Скопје. Зошто да не, кога се им е бесплатно тука. Укинувањето на паралелките не е решение на проблемот „нема деца“. Напротив - само дополнително го продлабочува. Плус, општините донесоа разни програми за новите упишани ученици во некои од паралелките во помалите градови. Самата општина дава стипендии на новозапишаните ученици. И не само тоа, и други програми, со кои еве јас конкретно знам за едно место каде е укината една струка - бројот на ученици се зголеми за 300 пати. А програмата сепак се укинува.

Затоа, Ронче, пред да бидеш експерт за секоја тема, прочитај, види, распрашај се, па после дели експертизи. ;)

Како да не, од Македонски брод или Кратово учеле у Скопје. Нема деца, не раѓале на времето или побегнале у странство. И сега не и се исплаќа на државата за 3 деца да држи цели смерови. Да би било поригорозно кратењето можеби уште 100 школи не требало да постојат, но се трудат да ги има иако се неиплатливи.
 
Неодамна, на 1 април 2026 година Министерството за образование и наука на Република Македонија го објави конкурсот за упис во прва година во средните училишта во учебната 2026/27 година. Истиот повеќе личи на првоаприлска шега, зашто во него се изоставени многу паралелки, цели струки, па дури и цели училишта, во најголем дел од малите населени места. Од некои од нив реагираат дека ВМРО ДПМНЕ ја започнало таа погубна политика пред околу десетина години кога средното образование со одлука го направи бесплатно, а со тоа и престојот во ученичките домови. Така, голем дел од учениците од помалите градови одлучија своето образование да го продолжат најмногу во Скопје, што се покажа како погубен потег за училиштата во помалите градови каде бројот на запишани ученици драстично се намали. Оваа одлука, повторно донесена од ВМРО ДПМНЕ и потпишана од Министерката Весна Јаневска е финален удар кон малите места.

Но не се само малите места во прашање. Укинато е и цело едно училиште - Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола. Битола - центарот на Пелагонија, житницата на Македонија. Таму каде повеќе од век се образувале генерации и генерации средношколци, Јаневска одлучила дека не е потребно, па така воопшто не ни фигурира во конкурсот за упис, значи целосно е укинато. Кога укинуваат училиште кое е основано уште во 1908 година, за што подетално можете да прочитате на овој ЛИНК, некако беспредметно е да се пишува за тоа колку го уништија образованието и ги докрајчија малите градови. Но еве само неколку примери. Кратово останува без гимназиска паралелка:

Прегледај го приврзокот 473728

Македонски Брод и средното општинско училиште кое оваа година го прослави јубилејот 50 години од основањето, доби јубилејна честитка со тоа што остана без струката „угостителство и туризам“, и тоа во местото кое баш од угостителство најмногу живее:

Прегледај го приврзокот 473729
Прегледај го приврзокот 473730

Во некогашното Техничко-дрвопреработувачко училиште „Трајко Бошкоски-Тарцан“ кое подоцна се трансформирало СОУ,, Ѓорче Петров'' со други стручни насоки текстилна, рударска, здравствена, лични услуги, во Прилеп, кое постои 60 години, парадоксално, укината е баш дрвопреработувачката струка!

На Министерката очигледно поважни и се популистичките PR глупости со употребата на македонскиот и албанскиот јазик, нормално, за да покаже колку е она голема Македонка. Ама не ја засега тоа што продолжува со она што го почнаа нејзините колеги и колешки децении претходно - да го доуништи образованието, да ги доуништи малите градови, а со тоа да ја доуништи и државата. Се уште се нема огласено ни она, а ни од МОН за овие прозивки од дел од училиштата.

Срамни политики! Ова веќе не е прашање на политика, прашање на интегритет е и се надевам дека наскоро ќе се вразумат од МОН и ќе ги исправат очигледните грешки.

Мислење?
Практично и да не постои влада во „нашата земјата„ која не се впуштила во реформи во вкупното образование-и да не (се) засрала.

Сегашната г-жа министерица, колку следам, најави воведување на AI уште во основното орбазование...па навистина, ш‘о ќе ми се земјоделско-занаетчиски училишта, кога некој си аглоритам од „таму некаде„ ќе ми ги решава сите проблеми и потреби во животот?...

Кога власта се впушта со реформи во обраозванието, тоа го правда со потребата од прилагодување на образвоанието кон реалните потреби од економијата и пазарот на трудот (не знам дали власта мисли на туѓите потреби или на домашните...), но од она кое е очигледно како последица од сето тоа „реформирање„, се појавува маса од брзопотезно приучени лица, кои не само што не се подготвени дури и за домашниот пазар на трудот (оти економија речиси и да немаме...) не пак така образованите да бидат способни за посложени професии и дејанија.

Општо земено, образованието е во постојан пад, а властите си го арчат мандатот на допонително доутепување и на таквото образование.
 
Како да не, од Македонски брод или Кратово учеле у Скопје. Нема деца, не раѓале на времето или побегнале у странство. И сега не и се исплаќа на државата за 3 деца да држи цели смерови. Да би било поригорозно кратењето можеби уште 100 школи не требало да постојат, но се трудат да ги има иако се неиплатливи.
OK де, ти знаеш, рековме, ти си експертот за се. :pos:
 
... лично сум неутрална за ова проблематика, зашто не сум запозната толку со причините, а и да сум против, воопшто со нешто во образованието јавно ако пишувам иако како анонимус тука, се воздржувам од гнасно вреѓање на тие во институциите, а посебено министерката во таа област, не личи, дај да се воздржиме и да имаме култура на пишување, за образование се работи.

... инаку дополнително дел што се прави во образованието е по препорака од надворешниот фактор, а не ние како сакаме така ќе правиме со образованието, може само да ги ублажиме и прилагодиме некои работи според нашата средина, но не и да ја смениме препораката што значи наложено е - „мора така“!

... делимично сум сведок на токму вакви стручни средни училишта во провинција т.е. доаѓаат за повисоко образование во главниот град и приложуваат по 2,3 дипломи и тоа најчесто возрасни, така да би рекла дека овие стручни средни училишта за се дувло на вонредни и штанцани дипломи и на возрасни пријавени и доколу се направи некоја ревизија на дипломи на положена матура повеќе ќе ги има на пријавени возрасни лица што „завршиле“ вонредно, отколку од редовните ученици кои се во многу помал број.

... втор проблем, да сите тие професори во тие стручни училишта, се со многу слаб квалитет на способноста да го пренесат и тоа мало знаење ако воопшто го имаат, затоа што партиски поставени се секогаш тие кои не можат да се пробијат со сопствено знаење, па со партиска книшка има сигурно вработување, излегуваат осакатени генерации, неписмени, не толку по нивна кривица!

... и сега фора е да не вработат или склучат договор со еден професор за сите часови на еден предмет, туку ангажираат двајца со половични часови, како кажуваат самите директори, да ги држат под контрола професорите да не можат да ги условуваат родителите со скапи подароци да им се подобри успехот на нивните деца, вака Директорите изнудуваат, да да голема корупција и барање мито има низ средните стручни училишта од провинција, не доаѓа ученик со четворка, све се со петки, дали некој се прашал како е можно тоа??!

... друг проблем со училиштата во провинција, што се нема контрола на наместените екскурзии, еднодневни, месечни (ова го пишувам и за македонските паралелки и за етничките албански паралелки) каде се се врти голема пара која се извлекува од учениците, исто и за крајните сведителства и матурантските таблоа кои не се унифицирани низ цела МКД, кој како сака, како и организирање на матурска забава каде се наплатува високи износи на сета таа жими организација, како бијонсе да им дојде да пее!

... членот Рон до некаде е во право, големи расходи на нефункционални средни стручни училишта, со дуплирани вработени, двајца на еден предмет што треба да се платат, голема корупција покрај другото и со организирање на еднодневни, месечни, годишни екскурзии како да идат на Малдиви, а не до Охрид, високи износи за фотографии за матурско табло100 Е? со папирологија на сведителства и Дипломи за положена матура, што е тој износ од каде го извадоа? дали има јавни тендери за вакви манипулации со екскурзии, фотографирање...итн?

...зашто за тоа ништо не се пишува?

...за да има стручни средни училишта, треба да има и соодветен интерес за тоа, дали во Битола има земјоделие? и колку тоа ученици се пријавиле за тие паралелки?

... Кратово барале три паралелки? доообро, по колку ученици има во една паралелка, дали има назначено? ако една паралелка има 10 ученици, а начинот на вработување како што напишав се по обичај по двајца професори за еден предмет? соодносот ќе биде 20 професори за 10 ученици? Кој треба сето тоа да го плати? Општината Кратово или се пушта пари централно од Министерство за образование? :toe:

... еве и за Македонски Брод, зашто не е назначено на пример да напишат од пријавени 50 ученици нема да има паралелка и тие ќе останат да се снајдат? или се пријавени само 10 ученици, а има цела армија професори и друг персонал во тие училишта што треба да се плати?

... дали е тоа грижа за учениците и нивната стручност каде ќе ја најдат во таа провинција или се загрижени за сопствен џеб и цела армија вработени кои клати врата земи плата, а истиот попладне дома држи приватен бизнис?

... јас сум сигурна дека ниеден ученик во провинција нема да остане без место во училница, ама затоа ќе се прекинат и штанцање на дипломи од овие средни стручни училишта, а не со 35 години да има тукушто звршено вонредно за медицинска сестра, физотерапевт и администрација, сите набутани во 2020 година како крајна година за вонредно учење, кај го има тоа?да не пишувам за последици на работење на таков кадар по болниците што хорор ќе доживеат пациентите!
 
Последно уредено:
И треба смешно е да има паралелки со по 3-4 ученици, се надевам истото ќе го направат и со некој смерови на факултетиве.
Повеќе професори отколку ученици/студенти има..
 
...за да има стручни средни училишта, треба да има и соодветен интерес за тоа, дали во Битола има земјоделие? и колку тоа ученици се пријавиле за тие паралелки?
Дали Битола има земјоделие?
:confused:
 
... па прашувам, повели кажи кое?
Цела пченица за лебот или ако не цела барем 60% ти е од Пелагонија. Фарми со крави на индивидуални сопственици или на ЗК Пелагонија за потребите на Битолска млекара или Здравје Радово (ЗК Пелагонија). Пченката исто се произведува за храна или за во биогасните централи на ЗК. Компири за чипсара и за извоз, а порано и шеќерна репка за шеќераната. Имаше во Битола и конзервна индустрија ама не сум сигурен дали работи. Одредени работи луѓето произведуваа и за Битолската пивара ама тоа со прекин и кратко траеше (крај на 90ти и почеток на 00ти).
 
Последно уредено:
... лично сум неутрална за ова проблематика, зашто не сум запозната толку со причините, а и да сум против, воопшто со нешто во образованието јавно ако пишувам иако како анонимус тука, се воздржувам од гнасно вреѓање на тие во институциите, а посебено министерката во таа област, не личи, дај да се воздржиме и да имаме култура на пишување, за образование се работи.

... инаку дополнително дел што се прави во образованието е по препорака од надворешниот фактор, а не ние како сакаме така ќе правиме со образованието, може само да ги ублажиме и прилагодиме некои работи според нашата средина, но не и да ја смениме препораката што значи наложено е - „мора така“!

... делимично сум сведок на токму вакви стручни средни училишта во провинција т.е. доаѓаат за повисоко образование во главниот град и приложуваат по 2,3 дипломи и тоа најчесто возрасни, така да би рекла дека овие стручни средни училишта за се дувло на вонредни и штанцани дипломи и на возрасни пријавени и доколу се направи некоја ревизија на дипломи на положена матура повеќе ќе ги има на пријавени возрасни лица што „завршиле“ вонредно, отколку од редовните ученици кои се во многу помал број.

... втор проблем, да сите тие професори во тие стручни училишта, се со многу слаб квалитет на способноста да го пренесат и тоа мало знаење ако воопшто го имаат, затоа што партиски поставени се секогаш тие кои не можат да се пробијат со сопствено знаење, па со партиска книшка има сигурно вработување, излегуваат осакатени генерации, неписмени, не толку по нивна кривица!

... и сега фора е да не вработат или склучат договор со еден професор за сите часови на еден предмет, туку ангажираат двајца со половични часови, како кажуваат самите директори, да ги држат под контрола професорите да не можат да ги условуваат родителите со скапи подароци да им се подобри успехот на нивните деца, вака Директорите изнудуваат, да да голема корупција и барање мито има низ средните стручни училишта од провинција, не доаѓа ученик со четворка, све се со петки, дали некој се прашал како е можно тоа??!

... друг проблем со училиштата во провинција, што се нема контрола на наместените екскурзии, еднодневни, месечни (ова го пишувам и за македонските паралелки и за етничките албански паралелки) каде се се врти голема пара која се извлекува од учениците, исто и за крајните сведителства и матурантските таблоа кои не се унифицирани низ цела МКД, кој како сака, како и организирање на матурска забава каде се наплатува високи износи на сета таа жими организација, како бијонсе да им дојде да пее!

... членот Рон до некаде е во право, големи расходи на нефункционални средни стручни училишта, со дуплирани вработени, двајца на еден предмет што треба да се платат, голема корупција покрај другото и со организирање на еднодневни, месечни, годишни екскурзии како да идат на Малдиви, а не до Охрид, високи износи за фотографии за матурско табло100 Е? со папирологија на сведителства и Дипломи за положена матура, што е тој износ од каде го извадоа? дали има јавни тендери за вакви манипулации со екскурзии, фотографирање...итн?

...зашто за тоа ништо не се пишува?

...за да има стручни средни училишта, треба да има и соодветен интерес за тоа, дали во Битола има земјоделие? и колку тоа ученици се пријавиле за тие паралелки?

... Кратово барале три паралелки? доообро, по колку ученици има во една паралелка, дали има назначено? ако една паралелка има 10 ученици, а начинот на вработување како што напишав се по обичај по двајца професори за еден предмет? соодносот ќе биде 20 професори за 10 ученици? Кој треба сето тоа да го плати? Општината Кратово или се пушта пари централно од Министерство за образование? :toe:

... еве и за Македонски Брод, зашто не е назначено на пример да напишат од пријавени 50 ученици нема да има паралелка и тие ќе останат да се снајдат? или се пријавени само 10 ученици, а има цела армија професори и друг персонал во тие училишта што треба да се плати?

... дали е тоа грижа за учениците и нивната стручност каде ќе ја најдат во таа провинција или се загрижени за сопствен џеб и цела армија вработени кои клати врата земи плата, а истиот попладне дома држи приватен бизнис?

... јас сум сигурна дека ниеден ученик во провинција нема да остане без место во училница, ама затоа ќе се прекинат и штанцање на дипломи од овие средни стручни училишта, а не со 35 години да има тукушто звршено вонредно за медицинска сестра, физотерапевт и администрација, сите набутани во 2020 година како крајна година за вонредно учење, кај го има тоа?да не пишувам за последици на работење на таков кадар по болниците што хорор ќе доживеат пациентите!
Бијонс, малку ги имаш измешано брзините. Средното образование во Македонија е задолжително, значи на секој еден ученик кој ќе се запише во прва година средно, за четири години треба да му се "исштанца" диплома. Ако некој не се запише гимназија во Кратово (зашто нема), ќе мора да се запише во друг град, најверојатно Скопје, каде потоа со голема веројатност ќе остане да живее, ама во Скопје ќе мораат да му "иштанцаат" диплома. Не е ова факултет па да зборуваме за "штанцање" на луѓе кои немаат знаење. Тука знаел-не знаел, учел-не учел, за 4 години ќе имаш диплома. Разликата е само што за да ја имаш, ќе треба да се иселиш од родниот град кој дополнително ќе се запусти.
 
Секогаш сум ЗА децентрализацијата и ЗА тоа да не е сѐ фокусирано во Скопје.

Но, во образование сум, па имам реална слика што се случува по училиштата и навистина нема врска муабетот дека деца од внатрешноста се запишуваат во Скопје оти им било бесплатно. Едноставно, намален е наталитетот, деца навистина нема. Струмичката гимназија е преполовена на пример. Работев таму, па јасно ми е со што се соочуваат. Од оваа година функционира едносменско. Ако порано се запишувале по 14 класови со 30+ ученици, сега се едвај по 15 ученици во 6-7 класови. А не познавам ниту еден што учи средно во Скопје. Буквално таков пример немам во околината.

Имате и ваква слика - село во внатрешноста има основно училиште 2-3 ученици во паралелка, тука постои цел персонал, од директор до стручна служба, одделенски наставници (плус наставник по англиски, физичко и природни науки во одделенска настава), предметни наставници (голем дел несоодветени партиски вработувања), хигиеничари, домаќини, секретари, архивари и you name it, односно клати врата - земај плата кадар. Да не зборам за трошоци за струја, греење и сл. ресурси за самиот објект. Тоа е огромен трошок за училиште со вкупно 8 деца. Токму затоа ова фузирање се најавува одамна, бидејќи на сила се одржуваат паралелки за да не се намалат часовите на професорите, а со тоа и не можат да земат цела плата.

Отворањето факултети пак во секое село донесе многу нестручен кадар, односно секоја будала се запиша на факултет и го заврши, па така имате наставен кадар кој нема познавање од елементарни работи, а тој „воспитува“ и „образува“ деца.
 
Имате и ваква слика - село во внатрешноста има основно училиште 2-3 ученици во паралелка, тука постои цел персонал, од директор до стручна служба, одделенски наставници (плус наставник по англиски, физичко и природни науки во одделенска настава), предметни наставници (голем дел несоодветени партиски вработувања), хигиеничари, домаќини, секретари, архивари и you name it, односно клати врата - земај плата кадар. Да не зборам за трошоци за струја, греење и сл. ресурси за самиот објект. Тоа е огромен трошок за училиште со вкупно 8 деца.
Зарем на времето по селата кога немаше доволно ученици за една паралелка не ги комбинираа, пример 2-3ца прво, 2-3ца второ одделение, еден четврто итн па се собираше мини паралелка за една учителка во една смена? Или тоа се некои југословенски муабети?
 
Бијонс, малку ги имаш измешано брзините. Средното образование во Македонија е задолжително, значи на секој еден ученик кој ќе се запише во прва година средно, за четири години треба да му се "исштанца" диплома. Ако некој не се запише гимназија во Кратово (зашто нема), ќе мора да се запише во друг град, најверојатно Скопје, каде потоа со голема веројатност ќе остане да живее, ама во Скопје ќе мораат да му "иштанцаат" диплома. Не е ова факултет па да зборуваме за "штанцање" на луѓе кои немаат знаење. Тука знаел-не знаел, учел-не учел, за 4 години ќе имаш диплома. Разликата е само што за да ја имаш, ќе треба да се иселиш од родниот град кој дополнително ќе се запусти.
... брзината ми е таман, јас напишав само за еден проблем, за други реков не сум запозната за на лице место
пишувам за средните стручни училишта во провинција на завршените редовни ученици кои матурираат со 4 години завршени години со сведителства и крајна диплома за положена државна матура во тие средно стручни училишта што одат после понатаму во високо образование ако имаат желба, е тој број е многу помал од бројот на возрасни вонредни „ученици“ со „штанцани“ дипломи кои истовремено ја „завршиле“ годината т.е. вонредно средно стручно заедно со тие редовни ученици таа учебна година.
... пример, во еден провицијален град со стручно медицинско средно образование излегле генерациски 50 ученици кои биле матуранти 2020 година, од тогаш до денес 2026 година ако се провери ќе испаднат уште 60 дополнителни вонредни возрасни завршени во генерација од 2020 година, зашто тогаш таа е последна година за вонредно медицинско средно образование, а си полага вонредно, затоа пишувам „се штанцани“ значи никој не им прави контрола како тоа во 2025 вонредно завршиле медицинско средно, а дипломата на положена матура им е запишана во 2020 година.

...за другите проблематики не сум запозната, ама мора да се прашат двете страни, па и да се најде заедничко решение, како што ги читам овие исечоци не го дават бројот на учениците, туку дека се затвора паралелка на сектор Угостителство и туризам во Мак.Брод или гимназиска насока во Кратово за затварање на една паралелка од три, никаде не прочитав дека нема други паралелки или дека се затвораат училиштата па децата ќе идат на друго место (Скопје) и ќе се иселат, а не се напишани ни по колку ученици се паралелките па од три се редуцирало на две паралелки, ако има само 30 ученици во прва година дали се потребни три паралелки, ова овака претпоставка!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom