Неодамна, на 1 април 2026 година Министерството за образование и наука на Република Македонија го објави конкурсот за упис во прва година во средните училишта во учебната 2026/27 година. Истиот повеќе личи на првоаприлска шега, зашто во него се изоставени многу паралелки, цели струки, па дури и цели училишта, во најголем дел од малите населени места. Од некои од нив реагираат дека ВМРО ДПМНЕ ја започнало таа погубна политика пред околу десетина години кога средното образование со одлука го направи бесплатно, а со тоа и престојот во ученичките домови. Така, голем дел од учениците од помалите градови одлучија своето образование да го продолжат најмногу во Скопје, што се покажа како погубен потег за училиштата во помалите градови каде бројот на запишани ученици драстично се намали. Оваа одлука, повторно донесена од ВМРО ДПМНЕ и потпишана од Министерката Весна Јаневска е финален удар кон малите места.
Но не се само малите места во прашање. Укинато е и цело едно училиште - Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола. Битола - центарот на Пелагонија, житницата на Македонија. Таму каде повеќе од век се образувале генерации и генерации средношколци, Јаневска одлучила дека не е потребно, па така воопшто не ни фигурира во конкурсот за упис, значи целосно е укинато. Кога укинуваат училиште кое е основано уште во 1908 година, за што подетално можете да прочитате на овој ЛИНК, некако беспредметно е да се пишува за тоа колку го уништија образованието и ги докрајчија малите градови. Но еве само неколку примери. Кратово останува без гимназиска паралелка:

Македонски Брод и средното општинско училиште кое оваа година го прослави јубилејот 50 години од основањето, доби јубилејна честитка со тоа што остана без струката „угостителство и туризам“, и тоа во местото кое баш од угостителство најмногу живее:

Во некогашното Техничко-дрвопреработувачко училиште „Трајко Бошкоски-Тарцан“ кое подоцна се трансформирало СОУ,, Ѓорче Петров'' со други стручни насоки текстилна, рударска, здравствена, лични услуги, во Прилеп, кое постои 60 години, парадоксално, укината е баш дрвопреработувачката струка!
На Министерката очигледно поважни и се популистичките PR глупости со употребата на македонскиот и албанскиот јазик, нормално, за да покаже колку е она голема Македонка. Ама не ја засега тоа што продолжува со она што го почнаа нејзините колеги и колешки децении претходно - да го доуништи образованието, да ги доуништи малите градови, а со тоа да ја доуништи и државата. Се уште се нема огласено ни она, а ни од МОН за овие прозивки од дел од училиштата.
Срамни политики! Ова веќе не е прашање на политика, прашање на интегритет е и се надевам дека наскоро ќе се вразумат од МОН и ќе ги исправат очигледните грешки.
Мислење?