Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кеј
Среќен петок на сите освен на тие 40+ што користат бебешки филтер на инста и изгледаат како 16 годишни во фаца.
А ќе ги заборавев и рамковниве што идат во 9 и пол на работа а прават клок оут во 13 часот и ни вмро ни сдс не им можат ништо ради мир во куќа, а исто на бугарофиливе од стар град и комуњариве од дебрца вечно на државна цицка им пожелувам многу несреќен викенд.
Писс аут одам да дремам на шанк
IMG_8050.png
 
Кајгич,
Ко ќе пораснам сакам да сум како Ане Бони.
Доручек во Рим,
ручек во Париз,
вечера во Данска,
афтер во Шведска...
Кафе во Виена,
десерт во Барселона,
шопинг во Милано,
зајдисонце во Санторини,
ноќно капење во Исланд...

Крајот не можеш да и го фатиш, убавина наша белосветска, разуздана по белиот свет ❤️
 
Му фалев на некој?
Се мислам дали да се активирам пак или не,ставам еве на гласање. Ако имам повише од 50 реакции,ќе се вратам.
 
Гарант некој плаче очајно вечерва..
 
Драга,

не сум некој голем емотивец, ама кога го гледав ова ме столчи:
 
Драа

Како бе да не ги праќаш у планину старци, значи како!?!?!

На касу старац треа да доплати још 24 денара и вади двеиљадарку, касиерка му вика нешто поситно или со картичка да поминеме, а он вика јабрееее да ми земете пеес денари провизија за 24, знам ја какфи малверзации праите со картичките. А гужва се стфори, сфи чекамо, едн дечко му вика чика дај ако сакаш еве ја ке дадам 24 само да тргне редот. Кд му се заверте старац па ти нормален ли си ке не понижуваш ти мене пред сите, мочко еден не си бил ти роден ја кога ја градеф оваа држава.
:facepalm:

Ситуација два.
И оној Синсеј тамо куде касе стоиф баба и внучка мала 5-6 годинке и на девојчето му пада некое венче доле и наведнуе се да га дигне и врати на место и бабата ву вика што го креваш мори, остај го ке си го кренат касиерките.

Абе не планина еј, пуста гора само за тој труло старо и неизбањато југословенско ткиво.
 
Денес е недела, стандард ден да го видеш цел сељачизам и простотилак собран на Водно. Си одам јас така лабаво си пешачам по Пензионерската патека (за тие што не знаете, таа е една од четирите обележани пешачки патеки од Средно Водно до горе, до крст), коа едно детиште од нигде ми излета со точак и кочи пред мене. А јас па баш тогаш се најдов тука во близина на еден камен, и инстиктивно се качив на каменот, да му направам простор да помине. Кочи детево и ми вика - зошто застана таму, тоа ми е скок!

Скок му било!

Па дојдоа и утре 3-4 позади него со точаци и тој едниот па ми вика, нели гледаш дека траги од гуми има тука (???), дека од каменот се залетувале за да скокнат.

Абре дете му викам, знаеш ли ти кај си? Знаеш ли дека си на пешачка патека?? Не сум јас на велосипедска патека па да се пазам кај ќе застанам да не ми влета некој со точак, ти си на пешачка патека и возиш како дивјак мочко еден! Позади мене идат му викам постари луѓе, пензионери, кучиња, и нив ќе ги газиш? Или ќе ги прашаш кај си нашле баш НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ДА ОДАТ!?!?!

Си отидоа, тој едниот ми кажа да ми умре кучето.

Нејсе.

Зошто сте вакви имбецили? Планината е за сите, не може да се понашаш како шериф кај ќе стигнеш.

Наместо да се срамиш и да се извиниш дека си уплашил човек со несоодветно возење по пешачка патека, уште се силиш да му кажуваш кај застанал таму.

Стрелајте ме, ама на точаци не му е местото на пешачките патеки. За пешаци има 4 (со букви: четири) патеки до Водно, а има безброј други необележани патеки кај шо можеш да си возиш оф роуд колку шо ти душа сака.

Или ако си решил да возиш по пешачка патека, прилагоди се на условите и биди екстра претпазлив дека во секој момент од патеката може да има луѓе.
 
Во петокот вечерта трчајќи во 8:30 имав непријатна ситуација на кеј карши Систина. Ситуација по која 3 пати се прекрстив и се заблагодарив на Господ што ме чувал и сум поминал со најлесни можни последици. А знам луѓе кои на истото место поминале многу полошо.

Излегов да истрчам нешто лесно со мало забрзување за да ми е последен тренинг пред денешната Водно - Матка трка, кога на враќање ме нападна чопор од 7 кучиња. Сите слични ситуации сум ги решавал со “чибу“, “бегај“, тропање во место со нога, но овие воопшто немаа намера ни да се сецнат лаејќи, туку тргнаа сите на мене како да имаат беснило, кое лае, кое гриза во празно, кое и двете одеднаш. Тргнав да трчам на единствената насока каде што можев, бидејќи од сите други страни бев опколен. Како трчав сфатив дека нема поента шпринт да трчам бидејќи веројатно ќе се побрзи од мене, а и така ќе немам контрола дали ќе ме касне или не. Па трчав со постојано вртење да гледам до каде се, спремен да дигнам нога, рака нешто, искрено не ни имав план што би правел, ептен бев fucked up. Во тој момент кога на 20 сантима од мене беше најблисото куче, кое пробуваше да ме гризне, јас губам контрола бидејќи не гледам во насоката каде што трчам и паѓам наназад на камен (на кеј од доле стазата до горе шеталиште има нерамна трева и камен дел под тревата, тука некаде се сопнувам). И во тој дел од секундата слика проаѓа во глава како се гледам себе каснат од неколку кучиња, се гледам како јас нема да можам да трчам Водно Матка трката, се гледам како се ебавам со вакцини против беснило, јодови, чистења, аут од се што може некое реме, само гледав да паднам на лакт и грб за одма да можам да се кренам или барем да заштитам вратот главата со раце, да не е пад на стомак бидејќи немам контрола никаква. Но, ништо од ова, во моментот на театралниот случаен пад (не по моја желба), кучињата или се исплашуваат или тоа им било целта само да падне човекот, но инстант престануваат и си се враќаат мирно на другата страна, без ниедно да ме касне. Јас поминав ептен благо повреден, со неколку гребаници и малку подлабока расекотина на лактот, но можев да поминам мнооогу полошо. Веројатно ми беше некоја лекција ова научена, гребаниците беа најефтина можна цена да научам лекциите.

Скопје е тотално небезбеден град и има проблем со улични кучиња. Сега ми се случи на мене, друг ден ќе е на мајка со бебе во количка (уствари и ова се има случено), утре на мали дечиња што си играат пред зграда. Ако нешто вродило со резултат некогаш (мојот начин на справување), не значи дека околностите не се менуваат и дека на тоа ќе можам да се потпирам постојано. Навечер е особено зезнато време, бидејќи тогаш се собираат на купче и хараат заедно, кој кога може нека избегнува трчање тогаш, мадај слични ситуации со по 1-2 кучиња сум имал и преку ден, речиси на идентично место, ама со волкав чопор не. И немојте да мислите дека не е пријавено нивното присуство по општина Карпош и град Скопје дека се има проблем со кучиња, досега не е превземено ништо, никаде, од никој, а имало еден куп вирални објави. Ни пред избори не се замарат за глас да средат ова, не па сега, кажете им каде стан може да си ќарат, дуп да променат за зграда да се гради, не ги вознемирувајте со кучиња.

И добро сум не се грижете, истрчав денес трката Водно - Матка, ништо не ми се поремети за среќа, ќе помине како на кутре, штета само што проблемов ќе остане, како секој проблем што останал во нашава држава. :)
asdasd.png
asdas.png
 
Еее синко, у Југославија се знаеше ред. Не знам за вас, али мене ми ми било срам да познавам некој од луѓево, а камоли да ми се роднини… Хк пу

IMG_3033.jpeg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom