Не знам, можеби имам пишувано за ова, ама една ситуација од скоро ме натера да го пишам ова овде.
У принцип сум едноставен човек и секогаш пробувам да се ставам од другата страна, да не напаѓам одма. Да речеме доставувач на храна ако закасни, во продавница ако почекам 30+ секунди зашо не и текнувала шифрата на таа на каса итн итн, да не редам сега зашо се знае на што мислам. Немам проблем со ова, сепак луѓе сме и треба да имаме разбирање. Нормално, има и ситуации кога наидувам на идиотизам од другата страна па си го добиваат соодветно ваквите луѓе, ама за ова да се деси треба стварно некој да е огромен деген па да ме натера да изреагирам.
И сеа зошто го кажувам ова, зашо ме испровоцира една ситуација во една сендвичара додека чекав ред. Значи, имаш мени, таму има 78908 врсти на сендвичи, бургери и што ти ја знам, можеш каква сакаш комбинација да направиш, ама не, на царот му текна да направи нарачка у стил:
- 2 хамбургери без помфрит
- 1 чикен со помфрит, на лепчето повеќе кечап, на компирите повеќе мајонез
- 1 чизбургер, плескавицата повеќе печена, лепчето нека биде потпечено на скара, на едната страна само буковец, на другата само оригано, додадете кисели краставички, помфритот повеќе пржен нека биде, на левата страна повеќе кечап, на десната повеќе мајонез....
Ало копиле скапано, ако сакаш вака земи дома напрај си го, не кур кажувај повеќе/помалце, печено/непечено, да ти го ебам гробот најмил безосетен јас на тебе. Да работам во сендвичара и вака да ми нарачуваат ќе им ставам по еден сочен 'ркавац у лепчето па нека се чудат после. Така еднаш требаше да частам на работа и се договоривме од 7ца, земам стикер да запишам кој што сака и ај културно 4-5 души хамбургер-тост-чикен, без филозофирање и доаѓа еден колега и почна да реди: чизбургер, лепчето вака, помфритот онака, викам шефе повели нарачај слободно, ја ова не ти го редам на телефон, теорија не постои, од мене може да добиеш чизбургер со кечап/мајонез, толку. Виде не виде сам нарача, јебига.
Првиот пасус го пишав зашо стварно се ставам во ситуација на луѓето што работат по сендвичарите, замисли имаш мени и некој ти нарачува научни фантастики, сигурно ти доаѓа да го заколеш. Многу умрен и размазен народ сме.