Да не се лажеме, ние никогаш и не сме имале фудбал. Пласманот на европско преку селска лига репрезентации ни го овозможи тоа, а и проширувањето на 24 репрезентации на истото. Иначе никогаш немаше да избориме пласман.
Ама ете за момент не направи среќни искрено
За мене поголем успех беше пласманот на младите на У21 европското, ма да ми се чине дека и таму дојде до проширување на репрезентациите.
Друго, се споменуваат таленти, играње на играчи преку врски и други работи, па тие таленти како така ако не влегле во репрезентација ќе излегле некаде на страна да играат. Нас претходно ни беше врв бугарската лига, пола репрезентацијата ни играше таму, сеа колку толку пак се наоѓа некој фудбалер што игра во посилна лига..
Е сеа сите ја спомнуваме инфраструктурата, па се прашувам да ја имаме на некое повисоко ниво, дали ќе донесат некој резултат повеќе од ова или едноставно да си признаеме дека не не бива.
Лигата што ја имаме да не ја ни спомнувам, рака на срце малце се мрднаа од мртва точка некои работи, ама тоа е и повеќе исфорсирано од уефа што треба да имаме некои стандарди, од вар и тн.
Може да се отворе интересна дискусија, ама прашање е дали вреде да се замараме
