Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Dear K,

Има денови кога ми се прави сешто, дали да излезам, дали да гледам филм, да читам нешто.... други денови кога имам еден куп слободно време а немам желба за ништо. Се обидов да почнам нова серија, не оди. Фудбалот ми е одмилен. Чат пат читам книга, ја тегнам два месеци, никако да ја завршам. Дремам на форум, го оправам светов и чекам да се појави Тај Неки Гас за да го пратам во пченките, што е единствената работа која ми причинува задоволство кога сум во вакво мрзливо расположение. За среќа не ми трае долго, воркохоликот во мене ќе се разбуди деновиве, ќе расчистам што се насобрало да се сработи. Летово планирам да посетам некои држави за прв пат, да ја видам иднината одблиску.

До следно.
 
ДК,

12 години ми слави профилот, следниот роденден ќе стане тинејџер!
Фасцинантно ми е што на 13 години сум го отворил профилот и тоа ден после мојот роденден :)

Сега кога сум поблизу до 30 него до 20 може да се каже дека влегувам во староста (шега - 50%).
Капацитетот на животната батерија од тука оди надоле, а?
Не бе, полн сум со енергија, од зрачењето на екранот во кој зјапам додека издавам наредби на неколкуте ВИ агенти.
Пу пу, видот се уште добро ме служи, ама фитнесот закрца. Со 90кг на 183цм, сеа сум рана фаза на буцко.
И додека јас си барам изговори зошто не одам во теретана, пријател што работи во Швајцарија, кога треба да лета пример назад од Скопје во 19ч, оди на теретана во 16:30!
Поука, не бидете слаби во умот како мене.

Да да, можеби сум строг и суров према себе, ама паднат сум психофизички. И социјално. И емотивно.
Можеби е само лична перцепција, а и си го чувам ставот во себе, а и убеден сум дека никој не чита мисли.
Не преувеличувај, никој не те малтретира, тоа си само ти во својот универс.
Им завидувам на тие за кои толкувам дека не се во кавга (презираат) вака самите во себе.
Си завидувам и себеси што сум ваков чудак, или социопат или психопат или се од наведеното. Мада, безопасен за околината.
Мора да се рекалибрирам. Не, не сум робот, иако е некако механички (животот). Чудак. Може и подобро е што поретко пишувам на форумот хаха.

А од реткост, мнооогу ретко сретнувам луѓе со морал. И криво ми е кога го премижувам туѓиот неморал како и безброј други, иако се трудам со моите постапки да не го скршам личниот, и уште еден презир кон мене што молкот де факто го крши.
Ретко среќавам и луѓе кои сакат да го оправдат своето постоење со работа (своето делување/волонтеризам), и кога ќе сретнам таква посветена личност иʼ се восхитувам и ме прави и мене среќен и ме мотивира и привлекува.

Не знам шо ми дојде ваков слободен стил, за внуците да ме читат веројатно, ако ги имам.

Алал вера ако прочита.

Среќен 12-ти роденден на мојот профил @Bridger (нема никакво значење името).
 
Драга

Морав да се издерам во јастук кога Погачар го освои Милан - Сан Ремо, бидејќи да се издерев на глас до сега ке бев во полициска станица. А можеби и лудница.
 
Пред неколку дена уште летото непочнато имаше пожар на Јабланица.Идиотите шо палат се нестрпливи и неизлечиви пациенти!
 
Драга,

Седењето на планина и дишење чист воздух со кафе во рака,е мојот рај на земјата.

Размислувам за нештата кои се случиле
Кои поминале
Кои доаѓаат
И кои се сеуште тука,а никако да ги решам.

Дали сум лоша личност
Или може кога се родив,ме сретнале некои кучиња на пат од болница до дома :D

Имам за што да живеам
Борбена сум,
Тие што ги сакам ги чувам
Знам да дадам љубов,ама знам и да те вратам на фабричко ако осетам милиметарче дека нешто ми работиш позади грб...

И така уште и уште ќе си мислам дали некогаш ќе најдам некој како мене.
ама Ц,човек ко мене еднаш се раѓа (нарциска хехе)


have a nice day,kiss miss
 
Драга,

сакам само со закаснување од два дена да и честитам Новруз на мојата персиска принцеза со песнава како да е напишана за нас двајцата. :love:

 
Сношти сонував дека првата симпатија од основно ми е жена, гледавме филм и ме галеше по коса.

Се будиш, немаш ниту коса ниту жена, саатот е 5:20 и уште саат ипол ќе ти ѕвони аларм за на работа. Не е доволно шо животот е суров, мора и психата да си игра мајтап со тебе. И пак наоѓаш сила да се заебаваш на сопствена сметка. :pos:

Ај барем утре е неработен ден.
 
Кајг,
да ти биде јасно, ако светската криза во 2019/2020 беше удар во здравствената ситуација на популацијата со појава на коронавирусот и највероватно наметната ковид пандемија, сега 2026 година е на ред новиот удар во економија со планирани воените удари!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom