Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Денес ми е еднакво лошо како пред една година.
Може и наредната ќе ми е така.
Ама мене кој ме врти, мене ме боли пошто снема деца. Цела генерација деца. Снема цел бенд, бенд со кој растев, луѓе во чие присуство уживав, не само на настап. Паметни луѓе, добри, со душа чиста пречиста. Андреј така и замина. Како добар човек, господин, го даде животот спасувајќи други.
Заминаа преубави деца, непроцветани.
Средношколци, студенти, млади родители. Никој нема да ги врати.
А системот што ги уби не се менува. Овој народ не е ич сменет, ич. Ништо не научи народов.
Чувајте си го животот.
 
Драга

Искрено да ти кажам, си ставив плин во петокот кога немаше гужви, зошто денес овие пак ги окупираа бензинските да точат нафта, пак има гужви.
Место сите да бевте во коли во саботата на тоа сонце, можевте да земете велосипед и да си завршивте работа, таман и ќе заштедевте на нафта, ебате идиотскиот народ.

Уште месецов одам со кола и од април почнувам со велосипед да си одам на работа и така со него завршувам побрзо и не заглавувам во гужва.

Еден апел до полициската станица во Ѓорче, излезете од тоа канцелариите или каде и да се криете, можете да ги казнувате оние што десната лента кај пазарот ја користат за паркинг. Уште во пазарот немате влезено со тоа колите, мрзлив народ.
 
Многу го дрвите со тоа “ад хоминем” по темите.

Најверојатно се осеќате како обесправени начитани интелектуалци со брада и луле во устата кога го користете изразот.
 
Драга,

за многу години празникот да си дочекаме уште многу. Здрави, живи, пијани а за останатото кој му ебе матер.

Sláinte !!!​

 
Кеј
5 ден без капка алкохол, ќе прославам со 2-3 лименки хајнекен :icon_lol:
Па се погодило и св патрик, како повод плус. Штета што умрениве пабој во Охрид го слават со Ѓоко Танески а не со ирска музика...
 
Пак има изгубено некое вип куче, со панделки, со фризура, со сите салтанати. Даваат 1000 евра за пронаоѓање. Луѓе праат заеванции од типот на форумџиите за кунташе и овој таткото на песот се нафурал, се кара со сите, земал се пцуе со и со средношколки. :pos:
 
Драга,

да ти ебам и држава и народ и маркети што немаат Гинис у продавница. Со многу работи ме разочарала и ме разочарува оваа држава ама ова е еден од последните работи што не очекував дека ќе се десат. Да се нема светски познат бренд на пиво и тоа на празник е дно што не смее да се пробуши. Сите политичари со цела влада, увозници и маркети и спонзоруши кур да ми попуши. Гроб да немаат. Да земам да гуглам сигурно ќе најдам некоја афричка вукојебина што ќе има Гинис него ли нашиов европски кандидат за земја од прв свет што поблиску е до трет свет .

За забавите па башка муабет е колку глупи и прости газди на кафичи постојат што не знаат да јаваат на бранот на популарноста и комерцијалата.
Нека земат барем нека пуштат плеј листа на ЈТ. У денешно време на интернети и јутуби 2 клика само требаат за да најдеш замена за бенд у 5 за 12 а сепак да направиш каква таква атмосфера ама на која проста маса и стока од народ треба да им се отвара очи.
 
ДК,

Моето најтесно друштво си го влечам од студентските денови, некои од нив го искачија врвот, некои попатно се загубија во планината. Небитно, останавме блиски.

Невкусно е кога некој ќе биде исклучен од друштвото, покрај тоа што си го платил општествениот долг, поминал низ ресоцијализаторската решетка, меѓутоа имам внатрешни дилеми дали воопшто да продолжам да комуницирам со него. Фин дечко, весел, насмеан, позитивен, но дозволи да пропадне во дупката кој самиот свесно си ја ископа. Можеме да го наречеме и општествен гроб затоа што одредени стигми доживотно си остануваат.

Разбирам дека постојат кривични дела и кривични дела, меѓутоа постапките кои одат директно против целокупниот морален кодекс, против она што отворено се бориш и залагаш, против општествената светост, сметам дека мојот чекор назад е оправдан. Да, паролите, вистинските другари секогаш ќе бидат покрај тебе, дури и во најлошото, но психички здрав поединец не смее да си дозоволи таков општествен престап.

Се надевам дека ќе излезе од дупката, нема животот да го мине низ темните сокачиња, ќе застане на нозе, ќе стане општествено користен, па потоа можеби ќе го добие назад пријателскиот клуч. Животната лекција мора да си ја научи, не онаа повторувањето е мајката на знаењето, таа, за жал, веќе си ја знае, онаа посуровата: животот брутално ги казнува сите грешки (и/или лоши намери).

До следно читање!
 
Гроги сум веќе 5ти ден ради мањак на работна сила - колеги по одмори, други напуштија па цел товар се набаци на вкупно 10тина души.
Јебем ти живот, вака уморно не сум се осеќал можеби откако пробав да полагам кај Проева, далечната 2007ма.

Јавно извинење до другарчињата што ги заебав што не дигам слушалка, спијам на рати, нит пратам дали е ден, ноќ, попладне... Раскупусен распоред упм.
So says Saladin....
 
Приватен автобус, 17:00, кога повеќето се враќаат од работа откако чекале по пола саат и повеќе на станица. Внатре - во конзерва сардини е покомотно. Човек не може да прдне, зашто нема место за прдежот, нема кај да оди. На предното седиште, она за инвалиди или за еден и пол човек, седат двајца: една Филипинка и едно чиче од некои 55+ години така од око, облечен во работничка облека. Позади нивното седиште, 2-3 кеси полни со лименки пиво, шишиња пиво, вино и големо шише од Ладна со сомнителна жолта течност (ваљда не е бензин, не знам). Внатре, ко што реков, не можеш да мрднеш ни со трепки, а не со друг дел од телото. И чичево во цела таа гужва станува, избутка се околу него меѓу кои и една девојка која се држеше за шипката во близина со споменатите кеси. Почна на гњура нешто во кесите, прво во првата, па во втората, па во третата. И извади минијатурна верзија на исто споменатото шише од Ладна, исто со жолта течност во него, фино лепо си го накрена и испразни една третина од него. Во меѓувреме на седиштето за 1 и пол човек на кое седеше претходно седна една девојка. И се заврте на нејзе: „стани, јас си седев тука“. :pos: И откако девојката си ја подвитка опашката, пак се плесна на старото место.

Подоцна, кога автобусот се подиспразни, стана и застана пред седиштето на кое седеше и не се држеше за шипките, не знам што сакаше да покаже, изгледа дека не е пијан. Цело време ја жалев Филипинката до него, зашто којзнае колку баздеше чичево.

Без поента е мислењево, само морав да го споделам, како некоја етида на денот. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom