Овде ќе бидам воздржан. Во принцип се сложувам, како Балканец нагон ми е се чувствувам должен да платам за женско, без разлика кој кого поканил, без разлика дали е дејт, дали е врска, дали е другарка итн. Тоа ми е природно и никогаш не сум трошел секунда да размислувам како и зошто и дали е фер или не - едноставно инстинкт.
Но, има и чудни земји кајшто феминизмот не е само перформативен да си бираш што ти одговара да бидеш еднаков, а од друга страна да поставуваш критериум што е вистински маж а што не е ако е твојот џеб во прашање. Пред неколку години бев во повеќегодишна врска некаде далеку на север и сударот на овој наш нагон да плаќаме за се со нагонот на нордиските жени да бидат целосно независни и рамноправни прерасна во мал проблем во врската, се додека не си легнав на брашното и се договоривме да плаќаме 50-50. PayPal број 1 апликација ми беше за време на таа врска. Нормално, компензирав со поскапи подароци итн. за да го задоволам тој нагон и кревкото машко его, така да на крај функционраше некако.
Од секоја врска учи човек, од оваа научив (покрај другото) што значи вистински еднакво општество и што тие подразбираат под феминизам. Не е ниту fuck my shit up бричена глава со зелени шишки фризура, не е ниту лаење против мажи онлајн или неизбричани мишки. Напротив, ниту еднаш не слушнав нешто против мажи, ниту еднаш не слушнав некој да се нарече феминист, ниту активно да се обидува да биде "понеженствена" да го заебе патријархатот. Едноставно, рамноправност и независност и тоа не е постигнато со педерачење на мажите да дојдат на ниво на жени, туку обратно во ситуации кајшто тоа одговара - бившата моја беше резервист во армија (еднаш низ град гледаме некои типци во фустани, онака unironically, и ми вели ако зависам од овие да ме бранат во војна наебав...), после 9 саати работа секој ден 4 саати физички напор пошто јаваше коњи (покрај другото

) професионално а тоа ти е огромен напор физички и финансиски, возеше ко рели возач итн. За мајка и да не зборувам, од работа во ресторан до HR директор во огромна јапонска компанија и милион други ствари на коишто човек мора да симне капа.
Со сегашната моја се си е пак на default settings, менталитет спротивен на нордискиот така да нема дискусија, јас плаќам за се. Повеќе ми одговара ова искрено, без конфликти и задоволено его.