За себе ќе си нарачаш некаква форма на трева, а она ќе си нарача нормално јадење. И ќе почнеш "јадеш леш, мајка му на Бамби, татко му на Грицко, сестра и на Коко, замисли тебе некој да те јаде, тоа животинче некогаш среќно си рипкало во природата, сѐ што има очи не треба да се јаде...". Од една страна ќе те гледа како сензитивен, што може да ти запали, а од друга страна како модерна веге-феминистка која јаде чиа со замрзнати шумски плодови. Тоа ќе ти биде десертот! Имаш интересна тактичка определба!
И задолжително да ја прашаш дали свеста е епифеномен! Нели, мора да има подмачкан разговор. Само немој да имаш будистичка ноќ, одиш без очекувања и се враќаш дома без очекувања.
Инаку се согласувам со Кремче. Иницијаторот би требало да плати, а тоа најчесто е машкото. И не мора да е класичен ручек/вечера, може да е кафе или кино.