Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Судиите се против Арсенал. Среќа што свирнаа корнер, јебеш пенал. Некои членови тука никогаш нема да сфатат дека судијата не свири против нивниот тим само, туку дека е прашање на кој само ке му се падне паричката тој ден да го јаде. Со Палас пропуштија да гледат ВАР за рака дигната преку глава.
 


Што мислите за ова? :D
Интересна ситуација, офсајд е, ама две работи не одат во прилог тука за да се донесе одлука да се поништи голот. Енцо го држи Ѓокереш со 2 раце и пробува да го соблече гол, а второ дали ќе интервенираше е прашање, не поминува топката така блиску до него. Го бранеше просторот лево, додека топката оди точно во средината каде што се претпоставува дека треба да е Санчез. Секако ако се поништеше немаше од вар ништо да замерат и ќе беше добра одлука, но веројатно овие 2 работи влијаеле за да остане.
 
Последно уредено:
Зависи кој против кого игра.. Пул за исти гол против Сити беше поништен против Вест Хем беше регуларен. Пијана работа, ама оки дека судиите не ги сакаат Арсенал тоа е точно... од времето кога Одеегард играше ракомет во 16 метри итд. :kafence:
 
Зависи кој против кого игра.. Пул за исти гол против Сити беше поништен против Вест Хем беше регуларен. Пијана работа, ама оки дека судиите не ги сакаат Арсенал тоа е точно... од времето кога Одеегард играше ракомет во 16 метри итд. :kafence:
Викаш, Сити гу бустаат, па затоа дозволија гол на Тотенхем против Сити, кој беше чист фаул? Кога тогаш, ке сфатите дека судииве се дно дна, за сите екипи. Некоја екипа ке го изеде повеќе, некоја помалку.
 
Немојте сеа да бидете ретко бледи и лити типчиња и да се фаќате таму за еден офсајд.
 
Kakvo dno probivame sezonava sekoja ni cest braniteli na titulata so stil
 
Kakvo dno probivame sezonava sekoja ni cest braniteli na titulata so stil
Побледи и лити бранители до сега не сум видел... :sramezliv:
Среќа за Сити навиваш ваа година, па не ти иде тешко на душа виа пораз :pos:
 
Последно уредено:
Утре најбитната утакмица за Тотенхем, мада шо е до мене треба тој тим да игра втора лига.
 
За 2 екипи да навиваш, едната да ти изгубе, другата нерешено и таа шо а мразиш да победе со едвај 2 шута на голот.
Брајтнесот на бледото типче накрева преку 100 виа 2 дена... :jajce:
 
  • Љубов
Reactions: S.L
Чист пенал не досудија за Сити на крај, апла го удри Родри у ногата.
 
Габриел играч на натпреварот, можеби натпревар на животот одигра. Човеков се има претворено во чудовиште, има одлично чувство за позиционирање и за влагање во шут, делува дека секогаш е на право место во право време, дефанзивниот осет му е усовршен до 100ка. Прво мислев Салиба го прави Габриел да е подобар од тоа што е, но далеку е тоа од вистината, човеков има напреднато толку многу, браво навистина.

Е сега, играва е премногу мачна за гледање. Играчиве гинат на терен, секоја победа е на аргатски начин донесена, со многу даден и примен ќотек, влечења, тегнења, прекини. Никаква убавина нема ваквиот фудбал, ако на крај донесе титула океј се исплател, но ако не донесе, тогаш е фиаско. Си го довел тимот со најатрактивна игра, препознатлив насекаде по Венгербол, тим споредуван најмногу со тика-така на Барсa, до дереџе каде што сите играчи не играат воопшто фудбал туку антифудбал, кој им носи резултат.

И Хаверц (иако конкуренцијата е преголема) е најголем глумец во тимов. Имаш контра 3 на 3, свеж си само што си влегол во игра, можеш да го решиш натпреварот да не се тресеме до крај, НО НЕ, ти успоруваш и чекаш најмал контакт за раче да те допрат позади за да паднеш како покосен со куршум за да има прекин. Не се игра да се даде гол, туку за да се прекине играта, тоа е тоа што најмногу боли дур си го гледаш тимот.
 
Последно уредено:
За 2 екипи да навиваш, едната да ти изгубе, другата нерешено и таа шо а мразиш да победе со едвај 2 шута на голот.
Брајтнесот на бледото типче накрева преку 100 виа 2 дена... :jajce:
namali dozivlaj, se vi e namesteno za titula uste od lani, uste ova da go utnete ne znam sto da recam. Iskreno toa se ceka, ama ne se kadarni City da vi ja zemat za zal...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom