Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 28: @Justae Verum - Феминизмот претставува една од најголемите измами на модерното општество)

Феминизмот претставува една од најголемите измами на модерното општество.

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Целосна забрана на наследството и воведување 100% данок на имотот по смртта.


Наследството е најголемиот непријател на вистинскиот напредок и фер економскиот натпревар, бидејќи овозможува акумулација на капитал која нема никаква врска со личната способност на поединецот. Мојот став е дека по смртта на секој човек, неговите куќи, ниви, акции и заштеди треба да станат државна сопственост, наместо да преминат кај неговите деца кои не мрднале со мал прст за тој имот.

Всушност, наследувањето е веројатно најголемиот противник на теоретскиот капитализам и главната причина зошто овој систем е толку често напаѓан од своите противници. Иако во својата суштина капитализмот воопшто не го интересира наследувањето, туку само ефикасноста и конкуренцијата, токму акумулираното богатство преку генерациите создава монополи кои ја убиваат пазарната игра. Со воведување на ваква радикална мерка, би создале општество каде успехот зависи исклучиво од интелигенцијата и работата на поединецот. Со укинување на наследството, непо-бебињата ќе мора конечно да се испотат за својот статус, а секој 18-годишник во државата би добил еднаков стартен пакет од заедничкиот фонд.

Ова дополнително би предизвикало огромен иницијален економски бум, бидејќи луѓето повеќе нема да имаат мотив да трупаат имоти и да ги зачувуваат за идните генерации. Наместо капиталот да стои мртов во празни станови, луѓето би ги трошеле своите пари додека се живи, што би ја раздвижило економијата, туризмот и инвестициите. Државата би имала толку многу средства во овој фонд што јавните услуги би биле на врвно ниво без потреба од високи даноци на плата, бидејќи буџетот би се полнел од имотите на оние кои веќе не можат да ги користат.

Ако е фер секој сам да си ја заработи својата месечна плата, тогаш е единствено логично и фер секој сам да си ја заработи и својата куќа, кола или фабрика.
 
Едно нешто само, тој што го стекнал имотот, тој одлучува
Не може никој на мене да ми кажува на кого да го оставам имотот
Не
Демек некој одлучил да плаќа даноци доброволно денес?
 
Демек некој одлучил да плаќа даноци сам денес?
Јас го стекнувам имотот како јас знам и умеам.
За пола би се согласил, нема логика цело да иде
Затоа и Не

Пола ако е Да

Што ако детето ми е инвалид?
 
Се слагам, Шекил Онил кошаркарот има добра изјава за ова прашање: “Ние не сме богати, јас сум богат“. Односно ќе им помогне ако имаат добра идеја, преку совети и насоки. Но нема да им даде пари „само затоа што се негови деца“. Сака да ги научи на одговорност и самостојност и сака да им даде вредна лекција во животот со тоа што ќе ги натера да одат по патот низ кој што и он одел, а не по “кратенки“. Се слагам потполно се тука и јас да имам брдо пари направено (скроз немам таква цел во животот ниту намера/потреба, но ете хипотетички), апсолутно ништо не би сакал да оставам на децата. Ако тоа што го оставам се финансии, а не добро воспитување, тогаш значи сум ја утнал улогата на родител и сум ја промашил поентата на животот. Ниту пак сум сакал или прифаќам било што од тоа што ми е оставено од родителите во врска со финансии, единствено што прифаќам наследено е добро воспитување, добриот пример, правите вредности, тоа е и се што е битно.

Е сега, тука гледам мал проблем, велиш се да наследи државата. Која држава, оваа водена од Мицко и Заев? Оваа водена од луѓе што родената мајка би си ја продале за пари? Дпмне и Сдс ми се државата? Хмм, па подобро на сиромасите да се раздели имотот, него на државава. Зошто би придонел свесно тој што е богат да е уште побогат, тој што е сиромашен да е уште посиромашен. Нормална држава плански водена ДА апсолутно, ама државава водена од овие луѓе кои што ја водат 35 години, апсолутно НЕ. Така да, најверојатно, уште едно “Воздржан“ мислење.
 
Значи пред да наполниш 70 години удри бригу на весеље, и троши ги парите на јахти и кавијар секој ден. :D

Не можам целосно да се согласам. Од една страна здрава работа е да ги стимулираш децата сами да создадат нешто и да не бидат готованци кои цел живот чекаат на мама и тато. Ама од друга страна, која би била поентата на твојот живот тогаш? Ако цел живот работиш, се жртвуваш и создаваш, за кого би било тоа? За државата и за некој анонимен фонд? Па Секако ќе има и за тоа дел, ама малку е депримирачки цел живот да градиш нешто за на крај да заврши во туѓа статистика. Не знам, човечки е да сакаш да оставиш трага, на тие што ти значат.
 
Тогаш која е целта тие пред тебе да плаќаат данок за да го задржат тоа што го создале? За ти пак да го платиш? И тоа на која земја, на криминалната македонија? Силно НЕ.
 
Целосна забрана на наследството и воведување 100% данок на имотот по смртта.


Наследството е најголемиот непријател на вистинскиот напредок и фер економскиот натпревар, бидејќи овозможува акумулација на капитал која нема никаква врска со личната способност на поединецот. Мојот став е дека по смртта на секој човек, неговите куќи, ниви, акции и заштеди треба да станат државна сопственост, наместо да преминат кај неговите деца кои не мрднале со мал прст за тој имот.

Всушност, наследувањето е веројатно најголемиот противник на теоретскиот капитализам и главната причина зошто овој систем е толку често напаѓан од своите противници. Иако во својата суштина капитализмот воопшто не го интересира наследувањето, туку само ефикасноста и конкуренцијата, токму акумулираното богатство преку генерациите создава монополи кои ја убиваат пазарната игра. Со воведување на ваква радикална мерка, би создале општество каде успехот зависи исклучиво од интелигенцијата и работата на поединецот. Со укинување на наследството, непо-бебињата ќе мора конечно да се испотат за својот статус, а секој 18-годишник во државата би добил еднаков стартен пакет од заедничкиот фонд.

Ова дополнително би предизвикало огромен иницијален економски бум, бидејќи луѓето повеќе нема да имаат мотив да трупаат имоти и да ги зачувуваат за идните генерации. Наместо капиталот да стои мртов во празни станови, луѓето би ги трошеле своите пари додека се живи, што би ја раздвижило економијата, туризмот и инвестициите. Државата би имала толку многу средства во овој фонд што јавните услуги би биле на врвно ниво без потреба од високи даноци на плата, бидејќи буџетот би се полнел од имотите на оние кои веќе не можат да ги користат.

Ако е фер секој сам да си ја заработи својата месечна плата, тогаш е единствено логично и фер секој сам да си ја заработи и својата куќа, кола или фабрика.
Vaka od prva mi ima logika (y)
Od vtora ne se ni zamaram :toe:
 
Не мора да ги трошиш парите на кавијар кога ќе наполниш 70. Може да почнеш да ги трошиш на луди скапи и ризични идеи, со мала веројатност да успеат - затоа што нели не сакаш да ги дадеш на државата без разлика дали се вика Македонија или Норвешка. :D

И тогаш може ќе видиме колонии на Марс, летечки коли, или некои денес комплетно незамисливи работи. Наместо да се мислат кој политичар да го поткупат за нивните неспособни деца да ги задржат милијардите.

Од другата страна на спектарот - ќе има помалку браќа и братучеди што се тепаат за тоа како ќе ја поделат плевната во Свирипичино, што татко им во недостиг на било што друго, им ја наметнал во глава како највредното нешто што постои во светот.
 
Имам еден проблем тука, што мојот имот би останал на државата... Македонија. :D А тоа секако значи сплетки, криминали и пари испод ракав.
 
Државата (власта) е проблемот, а не решението. И не е возмен целосен егализаризам, затоа што имаш корпоративност кој лесно можат да го контролираат пазарот пред се поради повеќе средства за маркетинг, човечки капитал и инвестирање во технолошки прогрес и иновации, отколку МСП. Во тој случај ќе треба да се направи реконструкција на целокупниот систем (не си ни за наследување акции), нели за фер економски натпревар. Ако стои државата зад нив (како во Кина, ако не директно, тогаш индиректно преку банкарскиот систем), пак се креира нефер глобална економска трка.

Дури и наследниците вложуваат во имотот, периодично мора да се инвестира, реконструира, реновира, догради, прегради, затоа што со годините материјалот, кој по природа е потрошен, попушта, пропаѓа, се менува.

Државата е ужасен менаџер со располагање со капиталот (имаме многу примери во поновата историја, плус самиот државен буџет), меѓутоа не сум целосно против една слична идеја. Пример, сум за ЈПП кај оние СДИ кои нема да останат доследни на својот инвестиционен проект т.е. збор, односно ќе си искористат плодовите на системот, ќе го соберат профитот и по неколку години ќе заминат. Тука сум за ЈПП, ако се решат да заминат, а притоа државата уредно и навремено си ги завршила сите обврски, оваа подружница или фирма да премине во државна сопственост.

Моли Бога Дафина да не те чита и познае! Ќе ти извади муабет дека си се прокомунистил!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom